Нашето фајде е што немаме друга опција и мораме тој пат да го тераме. Македонија е таква држава каде што уште еден етникум е фактор (политички, демографски, територијално), а тоа ја прави една земја внатрешно поранлива, настрана што немаме воопшто никаква економија, асална воена инфраструктура, разузнавање и ред други работи. Ако не оди Македонија по тој зацртан пат, ќе не распаднат за 5 месеци максимум и трага нема да остане од нас ни како држава ни како нација.
Ние сме слепец кој треба некој поспособен да го води и да му кажува шо да прави. Друга опција освен сад и еу нема. Оти ако мислиме дека Русија е тој поспособен што ќе не води ќе завршиме во еден многу длабок ендек.
И јас сум приврзаник да се огледаме во Западот кога станува збор за средување на државата, системот и образованието, нивниот менталитет и пристап кон подобрување на целокупниот животен стандард.
Но, не верувам дека тоа полесно ќе го оствариме ако во прв ред ги прифаќаме лошите одлики на западниот свет.
Безинтересното влегување во конфликти со земјите како Русија нема да не доближи до Западот.
Особено кога ниту Западот не е објективен кон Македонија и кога не изразува подеднаква волја да бидеме дел од нив.
Од друга страна, што и да кажуваат Западните земји, тие постојано ја развиваат соработката со Русија, затоа што тоа на долги патеки е неизбежно, сите добро знаат дека не се може сам со себе, а единствениот начин за осигурување на просперитот на цела Европа е да се помири и обедини со Русија.
Каква врска има темава со Смиљковско, Љуботен итн итн?
И ти гарантирам, моите ставови за Смиљковско, Љуботен, етничка ситуација во Македонија и слично нема никогаш да бидат ниту близу од оние на Дарданија. Но ова е веќе оф-топик.
Се пресликуваат улогите на САД во 2001 со тие сега во Украина, само што овојпат украинското “УЧК“ напаѓа од позиција на власт. Во таа смисла, кога само ги оправдуваш и не ја прифаќаш реалноста од теренот, ме загрижува доколку одиш до тој степен да ги негираш и тие настани од 2001 за кои постојат истите докази кои сега ги отфрлаш.
И да, оф топик сме но морам да правам чек-поинт од време на време бидејќи не ми е јасно дали се разбираме.
Кога се работи за Украина, јас можам да видам дека токму Русија е таа што праќа свои луѓе, оружје, тенкови, мава од своја територија, назначува свои луѓе како лидери на сепаратистите, секојдневно провоцира на граница.
Оваа ситуација е чиста пиздарија на Путин.
Ти можеш до утре да набедуваш и да ја кривиш Америка за секоја пиздарија што ќе се случи, но тоа веќе станува старо и помалку дебилно.
За танго се потребни двајца.
Исто така, аргументите се достапни да погледаме кој се обидуваше да ја реши ситуацијата на мирен начин.
1. Беше принуден Јанукович да потпише тоа што бараа и потпиша
2. Потпишаа договори со ЕУ - потпишаа
Она што е нејасно пред да ескалира конфликтот е зошто после превратот привремената власт дозволи дивеење на парамилитарните групи, давајќи им одврзани раце да се изживуваат на руско-јазичните сограѓани, зошто воведоа закони за забрана на јавните медиуми на руски јазик, забрана за официјална комуникација на руски јазик, зошто новоназначените губернатори неказнето објавуваа парични награди за лов на Руси, зошто после добивањето на власта беа организирани продолжени акции на парамилитантите во западните делови на Украина и сите непотребни провокации кон Русија?
Барањето за влегување во НАТО и покрај меѓусебните договори за непроширување кон руските граници им даде изговор на Русите да го анексираат Крим каде е стационирана нивната најголема поморска флота и скоро целата воена поморска индустрија.
Згора на тоа, само се оправда оваа анексија со случувањата во Одеса и му даде целосен легитимитет на руското население да се брани од власта чии претставници пукаа во луѓето кои висеа на прозорите и сето она измачување кое дополнително им го приредија.
Во моментот кога се организираа квази-бунтовничките превземања на локалните уреди, воопшто не се предложи разрешување на ситуацијата по мирен план со дијалог и договор, туку веднаш се милитаризираше ситуацијата од која впечатокот е дека дел од Украинците силно го посакуваше овој момент за пролевање на руска крв, се организираа про-наци маршеви во Киев, се испратија нови групи од паравоени формации без командна одговорност и понатаму го знаеме развојот на настаните.
Во меѓувреме Русија го потпиша договорот од Виена за мирно решавање, кој не беше испочитуван од Западот и од украинска страна, втор ваков случај после исполнувањето на договорот со Јанукович и Русија пак беше изиграна.
Еве ги најновите вести каде Русија е таа што бара дијалог меѓу завојуваните страни и повикува ОБСЕ трупи на својата граница.
И тоа пак нема да биде доволно, нели работата која се почна мора да се доврши. Не знам кои ви се очекувањата од Путин и од Русија, како паралела на тоа што вие би го направиле во иста ситуација?
Лавров денеска во Москва изјави дека се надева оти истрагата за соборениот малезијски патнички авион во источна Украина, ќе биде објективна и ќе ја респектира презумпцијата на невиност. Лавров исто така изрази надеж дека посматрачи на ОБСЕ ќе бидат распоредени на границата на Украина со Русија.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/lavrov-do-sad-i-eu-so-sankciite-nema-da-ja-postignete-celta