Предлог за серии и кратки рецензии

the.cute.one :)

Some people eat to live , i live to eat <3
Член од
15 септември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
14
Значи можам да кажам дека 90% од моето слободно време го тепам на серии , иако гледам на телевизија некои серии кога ќе ги фанам , на интернет следам 5 серии кои не сум испуштила ниту една епизода :))
Иако е клише за секое девојче секако првата серија која почнав редовно да ја гледам е Gossip Girl. Дејството се случува помеѓу 5 главни ликови кои го живеат својот живот во Менхетен , Њујорк и притоа ги следи "Gossip Girl" откривајќи ги нивните тајни на нејзината веб страница.Ја препорачувам серијата доколку ја немате почнато.
Втора серија што ја гледам е How I met your mother и е мојата омилена серија.Друштво од 5 личности исто така живеат во Њујорк и притоа целта на оваа серија како што може да се види и од насловот е главниот лик Ted Mosby да ја пронајде неговата перфектна жена.Притоа целото време раскажува на своите деца за тоа како ја запознал. И оваа серија може да ве насмее до солзи.10/10 рејтинг :D
Трета серија - The vampire diares. Причината што почнав да ја гледам серијава е Damon ( Ian Somerhalder ) хихихи :D Девојче по име Elena се преселува во нов град почнува живот , се заљубува во вампирот Stefan Salvatore , и притоа доаѓа неговиот брат Damon. Се случуваат доста мистерии поврзани со вампирите и со Elena што допрва таа ќе дознае и навистина иако го мразам Twilight оваа серија нема ниту една допирна точкa со филмов.И првин мислев дека бидејќи се зборува за вампири серијава ќе биде глупа , излезе токму спротивното. Ја обожавам серијава !!
Четврта серија - Тhe lying game. Две близначки разделени од кога се родиле после 16 години се наоѓат и додека едната сестра ја бара својата мајка другата близначка ја заменува и го живее нејзиниот живот.Серијава има само 5 епизоди до сега ама се развива доста интересно.
И последна серија - Pretty little liars. Почнам да ја гледам пред 3 дена и досега сум стигната до 10 епизода од прва сезона но навистина ја препорачувам серијава.Четири другарки се обединуваат повторно по 1 година од исчезнувањето на нивната 5та другарка која ќе ја пронајдат мртва.Овие 4 другарки и имат доверувано на неа сите тајни а додека таа им нема доверено ништо.По пронаоѓањето на телото на мртвата другарка на овие 4 другарки им стигаат заканувачки пораки и писма напишани со нивните тајни. Иако малце е копија на Gossip Girl бидејќи и таму не се открива која е таа личност што им ги дознава сите тајни и им ги кажува , серијата е доста добра :D:D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Значи и јас најискрено ви ја препорачувам серијава, толку е заразна што едноставно мораш да ја гледаш.

Иначе ја не можев да ги дочекам да ја доснимат серијата и си ја прочитав книгата така што знам што ќе се деси :D
 
the.cute.one :)

Some people eat to live , i live to eat <3
Член од
15 септември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
14
Значи и јас најискрено ви ја препорачувам серијава, толку е заразна што едноставно мораш да ја гледаш.

Иначе ја не можев да ги дочекам да ја доснимат серијата и си ја прочитав книгата така што знам што ќе се деси :D
баш сакав да прашам дали серијата е базирана на книгата , и дали исто ќе се случува како и во книгата ?? :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
баш сакав да прашам дали серијата е базирана на книгата , и дали исто ќе се случува како и во книгата ?? :)
Незнам точно дали е една книга или се повеќе. Мене ме интересираше која е А и ја барав книгата и најдов една, почнав да ја читам и мислев дека барем првата половина од книгата ќе ми биде позната ама испадна дека во книгата ништо нема од настаните во првите две сезони.

Можно е да се две книги па ја да сум ја прочитала втората.
Не сум сигурна, ама книгава е лудница, многу заплеткани работи :D
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.278
Поени од реакции
1.992

Има 9 книги, 10-та е на пат :)

пс:Шоуто е скрос различно од книгите, и А е сменетa ;)
 
Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Значи и јас најискрено ви ја препорачувам серијава, толку е заразна што едноставно мораш да ја гледаш.

Иначе ја не можев да ги дочекам да ја доснимат серијата и си ја прочитав книгата така што знам што ќе се деси :D
Мх, не е до толку ко што ја направивте.
Да, добра беше во почеток... ама многу почнаа да идат на карта на неизвесност и да плеткаат само нешто, а скоро ништо да не разјаснуваат. Ај може нешто по паузава ќе се смени.
Ама сепак... тука се преубавите актери да те натераат пак да ја погледнеш. :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Има 9 книги, 10-та е на пат :)

пс:Шоуто е скрос различно од книгите, и А е сменетa ;)
Знаев дека А ќе ја сменат... премногу ќе беше очигледно да идеа по книгата, се надевам само дека нема да ја упропаста серијана ко што напраеја со Gossip Girl.
 
the.cute.one :)

Some people eat to live , i live to eat <3
Член од
15 септември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
14
Знаев дека А ќе ја сменат... премногу ќе беше очигледно да идеа по книгата, се надевам само дека нема да ја упропаста серијана ко што напраеја со Gossip Girl.
се согласувам и јас со тебе , gossip girl навистина ја упропастија веќе не е толку интересно и редно е веќе да дадат повеќе информации за gossip girl.
 
Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
A Bit of Fry & Laurie

Серија на BBC, во која Stephen Fry и Hugh Laurie преку многубројни скечеви исполнети со сарказам, го исмеваат British lifestyle-от и многу други аспекти на општествотo во целина, но тоа секако и се подразбира кога станува збор за британскиот хумор.
Fry & Laurie низ годините се појавуваат во многу заеднички проекти, и секаде се чувствува таа хемија помеѓу нив, одлично соработуваат и се надополнуваат еден со друг, едноставно се совршен пар кога станува збор за комедија.
Серијата е исполнета со игри на зборови, музички изведби на Laurie, има и доста гостувања на други познати личности од британскиот showbiz.
'A Bit of Fry and Laurie' има четири сезони, кои се снимени и се емитувале од 1987-1995.
I kindly recommend it to all fans of British Humor, of course if you haven't already seen it :)

Член од
26 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Game of Thrones е дефинитивно најмоќната серија што сум ја гледала!!!
Серијата се случува во измислен паралелен свет на нашиот, во кој со целата позната земја владеат 7 кралеви, секој со својот дел и сите му се покоруваат на еден крал кој успеал да ги покори бидејќи неговото кралство ја имало наклонетоста на змејовите. Но сега змејовите се изумрени и неговата династија е прекината! Со кралствата владее друг крал од друга династија а кога и тој умира, настануваат секакви заговори, војни и лажни сојузништва за да се дојде до празниот трон и моќта врз сите 7 кралства. Серијата е проследена со неверојатни компјутерски ефекти а првата сезона е снимана во Ирска и Малта. Втората сезона се снима во Дубровник и Исланд. Можете да ја погледнете онлајн на кинотека.мк http://kinoteka.mk/?p=1203
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Само што ја изгледав најсмешната епизода од серијата Parks and Rec, можеби и најсмешната епизода ever. s04e02.

Серијата е мокјументари, со сличен стил и хумор на The Office бидејќи е направена од двајца што се ви тимот на TO.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346

Серијава е една од најубавите што сум ги гледала. Се работи за најпознатото и најозлогласеното италијанско семејство Борџии и нивната борба за папската круна. Снимена е една сезона која има 9 епизоди, а втората сезона ќе се емитува во 2012.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom