Прашање за Христијанството III

Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
HRISTOS SE RODI 25 DEKEMBER
HRISTOS SE RODI 1 JANAR
HRISTOS SE RODI 7 JANAR

HMMM KOGA SE RODIL POTOCNO?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
HRISTOS SE RODI 25 DEKEMBER
HRISTOS SE RODI 1 JANAR
HRISTOS SE RODI 7 JANAR

HMMM KOGA SE RODIL POTOCNO?
На 11 септември


Но тоа не е битно, најважно е да се одаде почит и да се прослави тој што се жртвувал за човештвото, за секој човек да може да се спаси кој ќе го прими и поверува со неговото учење.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
HRISTOS SE RODI 25 DEKEMBER
HRISTOS SE RODI 1 JANAR
HRISTOS SE RODI 7 JANAR

HMMM KOGA SE RODIL POTOCNO?
Не се знае ни во која година е роден точно а камоли дата, порано се славеше и мај и април родендено негов, али после е дотеран да сесовпаѓа со родендено на големите пагански богови (Дионис, Озирис, Митра...)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Христос се роди.
Не се празнува датумот а настанот.
http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=pouchni_slova&action=details&record_id=198
Ако не е битен датумот тогаш зошто црквата не се изедначи и не прифати како останатиот христијански свет да го слави рождеството на 25 декември,по нов стил.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Ако не е битен датумот тогаш зошто црквата не се изедначи и не прифати како останатиот христијански свет да го слави рождеството на 25 декември,по нов стил.
Причината не е само празникот рождество, сите празници се востановени според јулианскоит календар. Прост пример православните кои се водат според грегорианскиот пред неколку години кога велигден е покасно во Мај,кај нив таа година петровденски пост немаше. Просто се што е востановено со дата е според јулианскиот.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ако не е битен датумот тогаш зошто црквата не се изедначи и не прифати како останатиот христијански свет да го слави рождеството на 25 декември,по нов стил.
Затоа што датумот не е битен, а целта е битна, затоа ќе продолжиме да го славиме на 25ти декември по стар стил (или 7ми јануари по нов календар).
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Што е водици и зошто е така наречен?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Што е водици и зошто е така наречен?
„Водици„ е народски израз за црковниот празник „Богојавление„. Тоа е денот кога Бог се објави (објава/епифанија) во својата Троичност: Отецот се јави како глас од Небесата, Синот Божји се крштеваше од Јована Крстителот, Светиот Дух се јави во облик од гулаб (гулабот е симбол на помирувањето/мирот) и слегувајќи врз Христа, Духот Го посочи Спастелот на Светот и човекот.

Затоа што Христос беше крстен во водите од реката Јордан, затоа народот го именува денот како „Водици„.

Воедно, денот е почеток на Христовата спасителна задача на Земјвата, оти до тогаш, Христос беше повлечен од световни дејанија, поради потребата од навршување 30 годишна возраст, од која, по еврејската традиција, човекот можел да почне да се занимава со учителска дејност.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Христос беше повлечен од световни дејанија, поради потребата од навршување 30 годишна возраст, од која, по еврејската традиција, човекот можел да почне да се занимава со учителска дејност.
Според еврејската традиција, учител (раби) неможел да биде маж што не е во брак. Како еврејскава традиција не го забележала ова, и допуштила ерген да се претставува како учител и да подучува?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
„Водици„ е народски израз за црковниот празник „Богојавление„. Тоа е денот кога Бог се објави (објава/епифанија) во својата Троичност: Отецо
т се јави како глас од Небесата,
Синот Божји се крштеваше од Јована Крстителот, Светиот Дух се јави во облик од гулаб (гулабот е симбол на помирувањето/мирот) и слегувајќи врз Христа, Духот Го посочи Спастелот на Светот и човекот.

Затоа што Христос беше крстен во водите од реката Јордан, затоа народот го именува денот како „Водици„.

Воедно, денот е почеток на Христовата спасителна задача на Земјвата, оти до тогаш, Христос беше повлечен од световни дејанија, поради потребата од навршување 30 годишна возраст, од која, по еврејската традиција, човекот можел да почне да се занимава со учителска дејност.
А што значи водокрст, т.е. денот пред Водици?
Нешто да не ти`е познато за Јордан и менувањето на својот тек во овие денови ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А што значи водокрст, т.е. денот пред Водици?
Нешто да не ти`е познато за Јордан и менувањето на својот тек во овие денови ?
Токму денес изутрина, на службата во нашиот парохиски храм, свештеникот, при благословувањето на водата и повиквањето на Духот Свет, ја прочита/отпеа и молитвата, во која се споменува и менувањето на текот од реката Јордан.

Не ми е познато нешто повеќе на оваа тема, но штом најдам, ќе споделам.[DOUBLEPOST=1421600551][/DOUBLEPOST]
Според еврејската традиција, учител (раби) неможел да биде маж што не е во брак. Како еврејскава традиција не го забележала ова, и допуштила ерген да се претставува како учител и да подучува?
Не ми е познато дали еврејската традиција наложува и брачност за учителите, но сигурно ми е познато следново:
- Св. Јован Крстителот, иако живеел неженет и пустинички, веќе имал свои ученици.
- Св. Ап. Павле, т.е. фарисејот Савле, кој бил ревносен познавач и на Стариот Завет и на еврејската традиција, бил неженет, а тоа самиот го препорачува: добро е мажењето и женењето, а подобро е неженењето (коринтјаните, 7.7 и цела 7-ма глава).

Очигледно е дека на овие два Свети ликови и учители, не им требал брачен живот за да бидат учители.
Тука би го навел и Св. Јован Богослов, омилениот Христов ученик и Апостол, кој Му бил омилен токму ради неженетоста и приврзаноста кон верата а не кон Светов.

Што се тиче Христа, кај Него ситуацијата е битно поинаква. Не постои пророштво кое вели дека Месијата ќе биде овосветовен човек, кој ќе живее семеен живот, оти Христос дојде во Светов со задача добиена од Неговиот Отец; да спасува, а не да живее сопружнички. Така, на сложената Христова природа не и‘ долкува да биде ем световна ем духовна, со оглед на причината за првото Негово доаѓање во Светов.

Плус, додека Христос одеше низ народот и проповедаше, Он редовно беше следен од групи од фарисејски и садукејски провокатори, кои на Христа Му поставуава „незгодни„ прашања, во обид да Го надмудрат, но ниту еден фарисеј или садукеј не му забележа на Христа за Неговата безбрачност, иако и фарисеите и садукеите беа традиционалисти.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
„Водици„ е народски израз за црковниот празник „Богојавление„. Тоа е денот кога Бог се објави (објава/епифанија) во својата Троичност: Отецот се јави како глас од Небесата, Синот Божји се крштеваше од Јована Крстителот, Светиот Дух се јави во облик од гулаб (гулабот е симбол на помирувањето/мирот) и слегувајќи врз Христа, Духот Го посочи Спастелот на Светот и човекот.

Затоа што Христос беше крстен во водите од реката Јордан, затоа народот го именува денот како „Водици„.

Воедно, денот е почеток на Христовата спасителна задача на Земјвата, оти до тогаш, Христос беше повлечен од световни дејанија, поради потребата од навршување 30 годишна возраст, од која, по еврејската традиција, човекот можел да почне да се занимава со учителска дејност.
А така беше,затоа Владиката при фрлањето на крстот неколку пати ќе повикува,Бог се јави,Навистина се јави.Само не ми е јасно зошто тоа го вели во минато свршено време,како Бог да е само дел од историјата,а не дел од сегашноста.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А така беше,затоа Владиката при фрлањето на крстот неколку пати ќе повикува,Бог се јави,Навистина се јави.Само не ми е јасно зошто тоа го вели во минато свршено време,како Бог да е само дел од историјата,а не дел од сегашноста.
Празничните денови во Црквата се денови за сеќавање на одреден настан, поврзан или со Бога, или со Мајката Божја, или со Светиите или со Црквата. Таков е и настанот на објавата Божја до евреите и воопшто до човековиот род, кога Бог навистина се јави во својата Троичност.

Бог Е дел од човековата историја исто колку што е дел од сегашноста но и од иднината. Затоа, Бог „Е‘„: Бог Е Оној Кој што Е, каде времето со својата минливост, е небитна категорија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не ми е познато дали еврејската традиција наложува и брачност за учителите, но сигурно ми е познато следново:
- Св. Јован Крстителот, иако живеел неженет и пустинички, веќе имал свои ученици.
- Св. Ап. Павле, т.е. фарисејот Савле, кој бил ревносен познавач и на Стариот Завет и на еврејската традиција, бил неженет, а тоа самиот го препорачува: добро е мажењето и женењето, а подобро е неженењето (коринтјаните, 7.7 и цела 7-ма глава).

Очигледно е дека на овие два Свети ликови и учители, не им требал брачен живот за да бидат учители.
Тука би го навел и Св. Јован Богослов, омилениот Христов ученик и Апостол, кој Му бил омилен токму ради неженетоста и приврзаноста кон верата а не кон Светов.

Што се тиче Христа, кај Него ситуацијата е битно поинаква. Не постои пророштво кое вели дека Месијата ќе биде овосветовен човек, кој ќе живее семеен живот, оти Христос дојде во Светов со задача добиена од Неговиот Отец; да спасува, а не да живее сопружнички. Така, на сложената Христова природа не и‘ долкува да биде ем световна ем духовна, со оглед на причината за првото Негово доаѓање во Светов.

Плус, додека Христос одеше низ народот и проповедаше, Он редовно беше следен од групи од фарисејски и садукејски провокатори, кои на Христа Му поставуава „незгодни„ прашања, во обид да Го надмудрат, но ниту еден фарисеј или садукеј не му забележа на Христа за Неговата безбрачност, иако и фарисеите и садукеите беа традиционалисти.
Токму денес изутрина, на службата во нашиот парохиски храм, свештеникот, при благословувањето на водата и повиквањето на Духот Свет, ја прочита/отпеа и молитвата, во која се споменува и менувањето на текот од реката Јордан.

Не ми е познато нешто повеќе на оваа тема, но штом најдам, ќе споделам.[DOUBLEPOST=1421600551][/DOUBLEPOST]

Не ми е познато дали еврејската традиција наложува и брачност за учителите, но сигурно ми е познато следново:
- Св. Јован Крстителот, иако живеел неженет и пустинички, веќе имал свои ученици.
- Св. Ап. Павле, т.е. фарисејот Савле, кој бил ревносен познавач и на Стариот Завет и на еврејската традиција, бил неженет, а тоа самиот го препорачува: добро е мажењето и женењето, а подобро е неженењето (коринтјаните, 7.7 и цела 7-ма глава).

Очигледно е дека на овие два Свети ликови и учители, не им требал брачен живот за да бидат учители.
Тука би го навел и Св. Јован Богослов, омилениот Христов ученик и Апостол, кој Му бил омилен токму ради неженетоста и приврзаноста кон верата а не кон Светов.

Што се тиче Христа, кај Него ситуацијата е битно поинаква. Не постои пророштво кое вели дека Месијата ќе биде овосветовен човек, кој ќе живее семеен живот, оти Христос дојде во Светов со задача добиена од Неговиот Отец; да спасува, а не да живее сопружнички. Така, на сложената Христова природа не и‘ долкува да биде ем световна ем духовна, со оглед на причината за првото Негово доаѓање во Светов.

Плус, додека Христос одеше низ народот и проповедаше, Он редовно беше следен од групи од фарисејски и садукејски провокатори, кои на Христа Му поставуава „незгодни„ прашања, во обид да Го надмудрат, но ниту еден фарисеј или садукеј не му забележа на Христа за Неговата безбрачност, иако и фарисеите и садукеите беа традиционалисти.
Ниту Јован ниту Павле не се повикувале на еврејската традиција, ниту пак подучувале во синагоги и биле ословувани како раби - учител. За да биде некој раби, услов било и сеуште е кај евреите да биде семеен човек - да биде женет. Никаде во евангелијата фарисеите не го обвинуваат за тоа, а ако бил ерген, и ако се претставувал како учител, итекако ова ќе било предмет на обвинување од страна на еврејските свештени авроритети.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom