Убаво прашање.
ќе ти одговорам шо се вели од "прва рака"
Прво: Оваа хајка со салафистите е истото што се проба и со вехабистите,кои беа дежурни виновници за се. И сега кога веќе кај народот не поминува фората со вехабисти,истите тие луѓе се нарекуваат салафисти но нејсе. Да преминам на главното.
Името селефисти(поточно) потекнува од зборот "селеф" или први генерации.
Значи кога ќе речеме на пр. Селефите правеле така и така,во превод значи Првите генерации на муслимани правеле така и така.
А први генерации(селеф) во исламот се:
Пратеникот Мухаммед со неговите другари(асхаби) па
табиини(оние кои ги виделе асхабите но не го виделе Мухаммед) и
таби табиини(оние кои ги виделе табиините но не виделе никој од асхабите)
Е сега,денеска не постојати селефисти,туку луѓе кои ги следат селефите(првите генерации) и како тие ја разбирале и практикувале верата и тие луѓе најнормално би требало да се Муслимани,и никако поинаку.
Значи не сме ние селефисти,бидејќи од селефистите до денеска поминале 1400 години.
Ние сме следбеници на селефот(првите генерации) и нас Аллах во куранот не нарекол Муслимани.
Јас лично за мене,друг назив освен тој не прифаќам.
Тоа е првиот дел на прашањето.
Вториот дел:
Зошто се толку насилнички настроени?
Не е вистина дека се насилни,поединци во некои ситуации можеби Да,но тоа се случува на секој човек од било која религија.
Русин пред некој ден влезе нелегално во палатата на претседателот Иванов,член на некое таму христијанско движење никој ни не се осмели да го нарече христијански терорист.
Ова го земам како илустрација,се следи секое,и било какво движење на муслиманите за да се стави на тапет,иако понекогаш се работи за криминалци со криминални досијеа,ако носи муслиманско име одма ќе го поврзат со радикален ислам.
Тоа е смешно.
Денеска во Египет убија 5000 лица на мирни протести,тоа не го направија салафисти,туку луѓе кои со воен пуч го сменија Мурси со изговор дека сакал да ја исламизира државата и да воведе шеријат. Е добро и да е така,овие што убија 5000 лица во име на демократијата,селефисти ли се?
Зошто нив никој не ги осудува.,а знаеја да осудуваат било каква одлука на Мурси.
А денес,основното демократско право на мирен протест го нарушија со 5000 жртви.
А ти кажи ми каде салафистите биле насилнички настроени(реков,ако наведеш поединци,јас ќе ти наведам поединци што извршиле полоши дела од тие а не приѓаат на ниедна религија).
Од друга страна,да бидеме јасни: Јас лично не подржувам и не оправдувам ниту едно дело на насилство кое вклучува недолжни луѓе.
Ги сфаќам,но ниту ги подржувам ниту ги оправдувам.
Зошто се делат од муслиманите,како поединечно учење/религија?
Ќе ти одговорам стриктно за Балканот.
Муслиманите на балканот се повеќе од 50 години психички така измалтретирани да тоа не е хумано,јас попрво би прифатил физичка тортура отколку психичка,таква каква беше.
Комунизмот си го направи своето,односно таа матрица која беше инсталирана во народот,таа атеистичка безбожничка матрица,каде што Бог не постои и се е направено од партијата.
И евентуално ако веруваш во Бог,тогаш цару царево богу божије,и немој на улица да си писнал за тоа. И тоа важело за секоја религија,помалку или повеќе.
Тоа можеби и ден денес функционира кај некои религии,секуларизмот е продолжена рака на тоа.
Меѓутоа се јавува еден проблем,кога Исламот вели: Се е божије и на небесата и на земјата.
И тоа им ги пореметува сметките на некои.
Но прво,им ги пореметува сметките на муслиманите,на титовите муслимани кај кои било доволно што носиш муслиманско име.
Не е проблем да пиеш алкохол,ни свинско да јадеш ни жената да ти е во минич(па во таква средина живееме нели),ако комшијата шета гол на улица,и ти треба да шеташ за да не се делиш.
Кај тие што ти ги нарекуваш салафисти,тоа не е така,Исламот не е само религија туку начин на живот,кој има систем кој функционира како во џамија,така и надвор од џамија,како за поединецот така и за друштвото,така и за меѓусебните односи,така и за правниот систем,економскиот итн итн и се подредено на Божјата воља.
Муслиманите имаат Куран како врховно законодавно тело,и суннет(пракса на Мухаммед) односно како тоа да се спроведе.
И настојуваат да муслиманите се приближуваат до изворното учење на Исламот.
Ако исламот најстрого ја забранува каматата,како очекуваш тоа да им одговара на банкарите,без разлика дали се муслимани или не.
Нормално дека ќе бараат начин да се борат против тоа.
Ако исламот строго го забранува алкохолот,како очекуваш газдите на пиварите да седат мирни.
Исламот е сериозна религија,која има точно утврдени правила,принципи и дисциплина која бара истрајност и почитување на тие правила и принципи.
Тоа не им одговара на муслиманите кои навикнале комунистички 40-50 години,да живеат безбожнички и сега кога ќе се појави генерација која сака да го живее Исламот,настанува проблем бидејќи тоа за нив а и за немуслиманите е чудно.
Чудно им е како некој во 21 век пуштил брада или жена му носи хиџаб,или чудно му е како млад човек не сака да лумпува по дискотеки и да се опива и да блудничи со неморални жени.
И одма е окаректиризиран или како будала или како ексремист или салафист/вехабија.
Ете тоа е единствената разлика,комунистичките муслимани сакаат да живеат од Исламот,а денешните ЗА исламот.
Се надевам дека си задоволен од одговорот.
Секое добро.