30. И Јаков го нарече она место со името Фануил, зашто, рече; „Бога го видов лице в лице, и душата моја се спаси.”
11. И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се враќаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.
14. но чуја за тоа и жителите на оваа земја, дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
4. Лице кон лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:
22. И ѝ рече Маној на жената своја: „Бездруго ќе умреме, бидејќи Го видовме Бога.”
1. Во годината кога умре цар Озија, јас го видов Господа, седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм.
9. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?
Не знеше за ова или не лажиш?