bogev4eboy
Хејтер
- Член од
- 6 март 2011
- Мислења
- 382
- Поени од реакции
- 180
Здраво на сите,
Во периодот од декември 2013 година, па и почетокот на 2014 година вработените од центарот за стручно образование и обука за навремено да си ја завршат работата а би рекол и поефикасно почнаа да објавуваат огласи за пракса на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Покрај тоа што беше објавуван на групи беше испратен и мејл до сите студенти, кога зборуваме сите студенти тоа е некоја бројка од неколку илјади студенти. Во продолжение е огласот:
Доаѓаат студенти со своите лаптопови и задолжените од секторот за информатика на кои слабо им одеше информатиката доделуваа тестови за внесување. Секој тест се состоеше од прашања 200-300 прашања каде едно прашање има 4 одговори + слика или формула за внесување. Сега запазете го моментот: Работата е Copy + Paste simple job right ? Од која причина кога нема ништо поврзано со информатика се објавува на факултет за информатика ? Сега можеби ќе се прашате дали постои трагичен момент ? Па студентите кои беа договорени за работа (нели потврда е во прашање и мизерни 2000 денари) потпишаа договор со горенаведениот "божемен" центар дека ќе внесуваат прашања потребни за екстерното тестирање. Времето на внесување = (комплекснотста на прашањата * јазикот на прашањата) / брзината на студентот. Во просек за сениор студент за внесување на 200 прашања му беа потребни од 3-4 часа плус два часа за преглед и транспорт.
И еве конечно стигнавме до математиката:
- Број на практиканти: околку 200 (за сите беше потпишан договор дури и за надоместок)
- Секој студент треба да внеси по најмалку 10 тестови, односно 2000 прашања (ако се откаже на 1999то прашање ништо може да се збогува и со потврда и со надоместок и со се)
- Секој студент има потрошено минимум од 100 до 120 часа од својот живот во внесување на прашања.
- Ако сега тие 2000 ден. ги поделиме со бројот на часови добиваме некоја приближна сума од 15 денари за час.
- Наведениот центар треба да исплати некоја груба сума од околу 3-4 илјади евра, можеби и помалку.
Што е проблемот сега !?
Постојано на горенаведениот информатичар и правничката од спомнатиот центар во текот на целото лето им се праќаат мејлови за тоа кога ќе се врши исплата на симболичниот надоместок и секој пат имаат тажен одговор дека малку пари пуштала владата незнам што - незнам како. Во договорот беше јасно и гласно наведено дека ислатата ќе се реализира по завршувањето на активностите. Активностите завршија на почетокот на месец мај и после изминати 6 месеци тие не успеаа да ја соберат пари. Што треба да направат студентите за да го добијат тој надоместок ? Да идат да плачат и да се молат пред "информатичарот" Аљбион Сулемани, или пред директорот Зеќир Зеќири ? Сега ви станува повеќе од јасно дека тоа е завршена приказна и никој нема да виде никаква исплата на надоместок, делото застарува па останува да се види дали и оваа година на ФИНКИ ќе има огласи за пракса во центарот.
Содржината на приказната е трагикомична, a крајот е тажен. Типична приказна за македонското поднебје.
Се надевам дека ви се допадна.

Праксата се состоеше од следново:Државниот Центар за стручно обрзование и обука во соработка со Министерството за образование и наука им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе работат со електронскиот систем за екстерно проверување на постигањата на учениците и задолжително ќе добијат потврдаза практична работа и одреден месечен надомест. Праксата е соодветна и за студените од почетните години и бара познавање со работа со компјутери.
Заинтересираните студенти може да отидат во среда, 09.04.2014 год. вo 8.30 часот во просториите на Центарот за стручно образование и обука, кој се наоѓаат во зградата на МТВ на втори спрат, да потпишат договор и веднаш да почнат со работа. Пријавувањето се врши кај информатичарот Албион Сулемани, или на e-mail albion.sulemani@gmail.com.