Правна помош и совети

G

Gjoksi

Гостин
Колкав беше рокот во кој треба Уставен суд да се произнесе по преставка од граѓанска организација или политичка партија?
И што доколку за истото не се произнесе?
 

Attachments

Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Веројатно се за тука прашањава...вака

1.Дали и колку цм е дозволено да носиш со себе,односно да поседуваш нож ? имам слушано дека до одредени сантиметри на сечилото,е дозволено..мислам дека беше 4-5-6цм,односно должина на прстите кога ќе ги споиш..

2.Дали и како може да биде дозволиво носење на било каков пендрек на расклопување,или таков нож како погоре ? за оружје има дозволи,но незнам дали има и за ова..

и кои се казните,доколку те фатат со едно од овие две ?
 
Член од
4 февруари 2014
Мислења
7
Поени од реакции
3
Rabotev vo privatna firma 10 g od toa imam staz isprekinat 3g i 9 m .Poveke vraboteni ja napustivme firmata vo Noemvri 2013 no ni ostanaa3 plati i cela godina neplateno penzisko i zdravstveno osiguruvane. Gazdata SAKA da ni PLATI NO NEMA PARI .Advokatot veli i da tuzime nisto ne dobivame bideki e blokirana smetkata na firmata a firmata se uste raboti.KADE E PRAVOTO.Ako nekoj ima slicno iskustvo neka kazi sovet.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Би ве замолила за помош - треба да покренам оставинска постапка за недвижен имот останат по смртта на татко ми. Дали има пропишана форма на барање и што треба да содржи истото, за да не се пролонгира ако е некомплетно. Има ли некој да ми испрати терк? Имотот се наога во гевгелиско, а јас живеам во Скопје. До кој суд се поднесува барањето? Благодарам :(

Месно надлежен за водење на оставинската постапка е судот на чие подрачје оставителот имал последно живеалиште односно престојувалиште!
Доколку оставителот немал живеалиште односно престојувалиште во РМ, во тој случај месно надлежен за водење на оставинската постапка ќе биде судот на чие подрачје се наоѓал неговиот имот.
Значи не е од значење тоа дека вие живеете во Скопје, туку од значење е на кое подрачје имал живеалиште односно престојувалиште оставителот кога починал !
Во врска со предлогот за поведување на постапка, истиот нема некоја строго утврдена форма, истиот може да го поднесе било кој од наследниците кои полагаат право врз оставината, и битно е да содржи податоци најпрво за оставителот, наследниците со нивни податоци за да можат да бидат повикани на рочиштето, зависно од редот на наследување, и податоци за целиот имот на оставителот, понатаму сите докази ќе се презентираат пред нотарот кој како повереник на судот ќе биде определен да ја спроведе постапката.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 16:19 ---
Почитувани,
Имам еден проблем. Имено сакам да поднесам документи за оставинска постапка. Имам умреница од мојата мајка, изводи (мој и од татко ми) имотни листови кои ќе бидат предмет на оставинската постапка... но мојата сестра не сака да ми даде нејзин извод од родени и копија од лична карта.
Можам ли да поднесам предлог за оставинска без нејзиниот извод и постои ли правен начин да ја натерам да дојде на рочиште за оставинска?

Ве молам за одговор.

Илина, ваша должност со цел остварување и заштита на вашите имотни права е да поднесете до судот предлог за поведување на оставинска постапка, во кој ќе биде наведено се она што ви е познато дека го поседувал оставителот во моментот на неговата смрт, негови податоци и податоци за сите наследници кои полагаат право врз оставината, зависно од редот на наследување, а тоа дека некој не сакал да даде податоци или приложи исправи, не е и не може да биде од значење за спроведување на оставинската постапка....Вие ќе ги наведете неговите податоци доколку ви се познати, како и оние на останатите наследници, нотарот ќе го повика на рочиште, а ако истиот не сака или не дојде, постапката ќе се спроведе без негово присуство , а врз основа на се со што се располага во тој момент...
Понатаму ако не е задоволен со нешто, нека го побива оставинското решение во редовна постапка, со тужба, па да видиме ...
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 16:27 ---
Може некој да ми каже кои се надлежностите на нотарот при оставинска постапка? Дали може да вади имотни листови, рокови кои се итн. Ако го пишува тоа во некој закон член би бил благодарен каде би можел да прочитам. Во случајов нотарот ни е тешка флегма несака да покрене работа со прст а малце покомпливиран е случајот, па се мислам да пратам суд писмо за иземање на предметот. Затоа ме интересираа надлежностите и се во врска со оставинската постапка. Благодарам

Во случај нотарот да ги занемарува доверените надлежности од страна на оној кој што му поверил извршувањето на конкретни надлежности , а тоа е основниот суд до кој е поднесен предлогот за поведување на оставинска постапка, право на предлагачот е да поднесе Барање до претседателот на основниот суд за изземање на нотарот кој постапува како повереник на истиот, поради очигледно занемарување на доверените обврски.
Во таков случај, претседателот на основниот суд ќе го достави таквото барање до нотарот на одговор, и по добиениот одговор и увид во предметот, ќе одлучи , дали ќе донесе решение со кое барањето ќе го одбие како неосновано, или ако најде пропусти и основа, ќе донесе решение со кое нотарот ќе го изземе од постапување врз тој конкретен предмет и целиот предмет со сите списи ќе го довери на постапување на друг нотар.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Вчера стигна покана за сослушување на обвинет во прекршочна постапка... Во описот стои дека обвинетиот, додека изведувал градежни објекти на објектот во изградба, на коловозот поставил машина за мешање бетон која зафаќала еден метар од коловозот, во тоа време запрежно возило, во обид да ја заобиколи машината, удрил во друга кола нанесувајќи штета од 7К денари. Тие што управувале со запрежното возило биле малолетници, дете од 7-8 и 13-4 години, а мислам дека дури и не го дознале идентитетот на децата, дека тие избегале...
Според мене, ако веќе некој треба да ја превзема кривицата, бидејќи машината зафаќала добар дел од патот, тоа е сопственикот на фирмата или пак родителите на децата што им дале да управуват запрежно возило, во никој случај работникот.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Би бил многу благодарен ако некој што подобро го познава правниот систем даде свое мислење за случајот горе.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Zdravo , edno prasanje konkretno do Strumiks, dali EVN moze da postavi transformator na zemjiste vo privatna sopsvenost, kako e toa regulirano?
Blagodaram odnapred.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Вчера стигна покана за сослушување на обвинет во прекршочна постапка... Во описот стои дека обвинетиот, додека изведувал градежни објекти на објектот во изградба, на коловозот поставил машина за мешање бетон која зафаќала еден метар од коловозот, во тоа време запрежно возило, во обид да ја заобиколи машината, удрил во друга кола нанесувајќи штета од 7К денари. Тие што управувале со запрежното возило биле малолетници, дете од 7-8 и 13-4 години, а мислам дека дури и не го дознале идентитетот на децата, дека тие избегале...
Според мене, ако веќе некој треба да ја превзема кривицата, бидејќи машината зафаќала добар дел од патот, тоа е сопственикот на фирмата или пак родителите на децата што им дале да управуват запрежно возило, во никој случај работникот.

Најпрво што значи тоа 7К денари.
Овде со самиот опис на фактичката состојба, се работи за Предизвикување на општа опасност, чл.288 ст. 2 од КЗ, каде што се предвидува одговорност на службено или одговорно лице кое не ќе постави пропишани уреди за заштита ....... или воопшто не ќе постапува според прописите или техничките правила за мерките за заштита и со тоа ќе предизвика опасност ........
Но за да постои кривично дело во овој случај треба да постои т.н. објективен услов на инкриминација, да се работи за конкретно претрпена штета која е од значителна вредност, но ако недостига овој објективен услов ќе се работи за прекршок !

Независно од прекршочната одговорност на сторителот, оштетениот може да постави и оштетно побарување во редовна постапка, со кое ќе побара да му се надомести целокупната материјална/нематеријална штета која му е предизвикана, според правилата за одговорност за штета од опасен предмет или опасна дејност, предвидени во Законот за облигациони односи.
Согласно чл. 157 ст. 1 од ЗОО, за штетата што работникот во врска со работата ќе му ја причини на друг одговара работодавецот кај кого работел работникот, освен ако докаже дека работникот постапувал онака како што требало.
Согласно чл. 157 ст. 3 со одредбата од ст.1 не се засега во правилата за одговорност за штета што потекнува од опасен предмет или опасна дејност.

Тоа значи дека за штетата која произлегува од опасен предмет ќе одговара во случајов оној што се занимава со неа. Овде се работи за објективна одговорност, каде што не се утврдува вина, туку доколку се утврди фактот дека штетата потекнува од опасниот предмет ќе се задолжи оној кој се занимава со истиот истата да ја надомести. (предметот сам по себе не е опасен, но како таков се смета доколку од истиот во положбата во која е поставен заедно со сите објективни околности е причина за настанување на конкретна штета......
Ова е повеќе околу граѓанско-правната одговорност на работникот, независно од неговата прекршочна која се утврдува по други правила.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
Ќе си поднесеш ПДД-ГДП образец во УЈП и ќе го приложиш договорот, до 15 март годинава, за примања од 2013... и ќе ти стигне решение од УЈП по кое ќе си платиш 10% од сумата која си ја зела.
Zdravo , edno prasanje konkretno do Strumiks, dali EVN moze da postavi transformator na zemjiste vo privatna sopsvenost, kako e toa regulirano?
Blagodaram odnapred.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Hm , a ako ne se dogovori a spored DUP e planirano tamu da ima transformator?
што ти е тоа ДУП?, инаку со право на сопственост можам да располагам како сакам, ако сакам на мое земјиште ке ги дозволам да стават трансформатор за одреден надомест, ако сакам можам и за џабе да ги дозволам, ваков случај ние имавме во пракса но беше за репетитор на т-хом, странката си направи договор за закуп на одредено време на негово земјиште да стои репетитор на т-хоум за одреден надомест и тоа е тоа, е сега малку ме буни тоа ДУП што го спомнуваш, али мислам дека ист е принцип како од случајот што ти спомнав.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
74
Поени од реакции
0
што ти е тоа ДУП?, инаку со право на сопственост можам да располагам како сакам, ако сакам на мое земјиште ке ги дозволам да стават трансформатор за одреден надомест, ако сакам можам и за џабе да ги дозволам, ваков случај ние имавме во пракса но беше за репетитор на т-хом, странката си направи договор за закуп на одредено време на негово земјиште да стои репетитор на т-хоум за одреден надомест и тоа е тоа, е сега малку ме буни тоа ДУП што го спомнуваш, али мислам дека ист е принцип како од случајот што ти спомнав.
Urbanisticki plan e toa , spored planot tamu treba da se gradat stanbeni zgradi i da ima transformator.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Urbanisticki plan e toa , spored planot tamu treba da se gradat stanbeni zgradi i da ima transformator.
Тоа е веќе друго, кога е за општи добра може да се гради таму, но пред тоа ке се спроведе експропријација и на сопственикот на земјиштето ке му се исплати пазарна цена на истото, ова е мое мислење што ми е најлогично од правен аспект, друго решение не гледам .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom