Правна помош и совети

Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Ми треба помош за еден проблем. Мајка ми почина пред неколку недели. Имаше 56 години. Работеше во завод за здравствена заштита. Сестра ми има право на семејна пензија и поднесовме документи..... денеска добивме решение за семејна пензија. Прашањето е...... нето плата на мајка ми беше околу 18-19 илјади денари. На таа вредност пресметана е инвалидска пензија, со некој инвалидски додаток и иди околу 15 илјади. Основата за семејната пензија се пресметува од инвалидската пензија. И пресметаа вредност од околу 10 600 ден за семејна пензија. Мајка ми имаше 37 полни години стаж. Дали ова е исправно? Со кој закон/правилник се регулира и дали долги години е така зошто други луѓе ми кажаа дека пензијата пред неколку години не се пресметувала така т.е. основата за семејната пензија се пресметувала од нето платата, без разлика дали осигуреникот исполнил години за пензија или не. Дали семејната пензија што ни е доделена е целосно според закон одредена? Чудно ми е што пензијата дојде да е скоро половина од платата......... ама сепак не знам многу за оваа работа, па затоа ако може некој да каже повеќе за ова. Благодарам однапред.
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
178
Поени од реакции
131
Како оди постапката да се провери до каде е стигнат односно до каде е постапката за одреден предмет ? На сајтот на основен суд скопје 2 не дава резултати. фала однапред.
 
G

Gjoksi

Гостин

Треба телефонски да се јавиш до Основен Суд Скопје 2 Скопје или пак лично да отидиш до Судот за да ја добиеш потребната информација!
Тел.: 3120-171, 3115 -737
 
Член од
7 декември 2010
Мислења
178
Поени од реакции
131
Треба телефонски да се јавиш до Основен Суд Скопје 2 Скопје или пак лично да отидиш до Судот за да ја добиеш потребната информација!
Тел.: 3120-171, 3115 -737
Фала многу.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
534
Поени од реакции
75
Ај некој поупатен во закониве ако сака нека ми кажи дали по смрта на некој со кој сум направил договор за доживотна издршка има некакви шанси тој договор да биде поништен од трето лице?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17

Не сум правник но од искуство можам да ти кажам дека трето лице можит да го поништит тој договот ако докажит дека лицето во тој момент не било при полна свест,бил болен,под наркотики и т.н.
Во Германија мој пријател направи ваков договор со дедому но адвокатот му рече подобро прво да истајт лекарско уверение дека дедому е со здрав. Ако имаш некаков доказ имаш и шанси но знаејки како работит судствота таму господ да поможит.
 
Абе другар се работи за дедоми значи пред да почини 2 години со таткоми склучија таков договор. Дедоми сакаше да направат некаков договор за да останело се во наследство на татко ми за да неможел стрико ми да го успорува тој документ и да немаме никаков проблем со префрлање на имотот на име на татко ми. За лекарско уверение појма немам дали имаја истаено. Бтв играат ли улога потпишаните сведоци, зато шо едниот сведок е судија во судот, а другиот е адвокат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Ај некој поупатен во закониве ако сака нека ми кажи дали по смрта на некој со кој сум направил договор за доживотна издршка има некакви шанси тој договор да биде поништен од трето лице?
Моментално договорот за доживотна издршка е најсигурниот инструмент за некој да го земе целото наследство. Договорот за поклон и тестаментот се многу несигурни затоа што мора да се води сметка за нужниот дел на наследниците додека договорот за доживотна издршка неможе да се побива заради повреда на нужниот дел и со него го наследуваш целиот имот односно она што е внесено во договорот.
Договорот за доживотна издршка е многу тешко да се побие во пракса иако теоретски постојат можности да се побива и тоа најчесто, како што беше и погоре спомнато, како причина за побивање се истакнува тоа да оставителот не бил при здрава свест кога го потпишал договорот но тоа е многу тешко да се докаже освен ако за такво нешто нема лекарска документација. Исто така овој договор може да се побие ако се докаже дека истиот бил склучен под присила, закана, измама, заблуда и слично.... ама тоа е исто така тешко за докажување.
--- надополнето: 1 јануари 2014 во 23:54 ---

Исто така може да се докажува и дека давателот на издршката не го исполнил договорот односно не ја давал поттребната издршка, дека не го чувал оставителот, не го носел на лекар, не го хранел........... и ова најчесто се користи како начин за побивање на овој договор.
 
Фала ти премногу на одговорот.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563

може објаснување за нужниот дел ... што е ова? Зошто тестаментот е несигурен ако е составен на суд?
 
violet

<3 SwEeT DaRkNeS <3
Член од
17 јуни 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
Нужен дел е дел од оставината кој им припага на нужните наследници, тоа се децата и споругата прв наследен ред. А тоа значи упростено, таткото и да направи било каков тестамент, договор за издршка, поклон со едниот син и да му го остави целиот имот, другото дете или деца можат да тужат и добиваат една половина од тоа што законски и следува. На пример ако треба да добие пола имот како нужен дел ке добие 1/4 од имотот, значи пола од пола. Значи како и да располага оставителот со оставината на децата и на сопружникот им следува овој нужен дел.
 
според ова испаѓа дека секое дете ќе добие дел, без разлика дали родителот сака или не сака да му остави имот ... па каде е тука желбата на газдата (родителот) на имотот да прави што сака со својот имот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom