Правда има - само за богатите

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Многу граѓани останаа шокирани кога деновиве беа известени дека тужбата што ја поднеле судот им ја отфрла како неоснована, а дел од парите платени како судски такси, нема да им бидат вратени. Има случаи кога тужител што треба да плати шеесет илјади денари судска такса, првично уплатил десет или дваесет илјади денари. Ако тој во рок од две недели не го уплати и остатокот од парите, судот да му ја отфрла тужбата, а парите да останат на сметката на судскиот совет. Најмногу вакви случаи има во граѓанските судови каде што се водат долги судски постапки, во кои покрај тужбите се поднесуваат и контратужби што преведено во судски такси можат да ги чинат граѓаните од сто до илјада евра. Ваквите непријатни изненадувања се всушност последица на законските измени што беа усвоени пред нецела година, ама граѓаните дури сега практично се уверија што значат тие измени. Експертите, пак, сметаат дека има законски недоречености.

Од најголемиот граѓански суд Скопје 2 велат дека според Законот за парнична постапка, ако странката не ги плати судските такси во рок од две недели, судот мора да донесе решение дека тужбата е отфрлена. Но има и такви судии што одлучуваат да им ги вратат уплатените пари на тужителите или истите пари да можат да ги искористат доколку се одлучат повторно да тужат.

- Законот е недоречен бидејќи во него не пишува како да постапи судијата во случај кога странката не ја платила судската такса во предвидениот рок. Оттаму, некои судии им ги враќаат парите на тужителите, а некои одлучуваат да не им ги вратат. Сé е оставено на судската практика, а прашањето не е поставено пред повисоките судови - велат од скопскиот суд.

Експертите предупредуваат дека во вакви случаи мора да се биде внимателен, зашто според меѓународните правила, секој има право на загарантирано судење.

- Генерално не можете да ги обвинувате судовите дека со тоа го оневозможуваат пристапот до правдата. Многу е важно поединечно да се утврди дали отфрлањето на тужбата и невраќањето на парите се главната причина за непочитување на загарантираното право на судење. Но самиот факт дека судиите одлучуваат различно по ова прашање, внесува правна несигурност кај граѓаните - вели Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.

Адвокатот Шпенд Деваја вели дека секој негов колега е должен да го поучи својот клиент дека има рок од петнаесет дена да ја плати таксата и дека ако не го направи тоа, парите нема да му бидат вратени.

- Јас уште пред да биде напишана тужбата се договорам со клиентите дека судската такса мора веднаш да се плати. Подоцна се случува клиентот да не биде тука за да го испочитува рокот за плаќање или, пак, адвокатот да не биде во можност да ја уплати цената за судската такса - вели Деваја.

Членови на Адвокатската комора, за „Нова Македонија“ признаваат дека има граѓани кои упатиле поплаки на сметка на работата на адвокатите, но во суштина комората не може да стори ништо повеќе освен да го опомене адвокатот или да му изрече парична казна. Доколку граѓаните претрпат штета, правдата сепак ќе мора да ја бараат на суд.

И од Хелсиншкиот комитет препорачуваат судските такси да се плаќаат навреме, а на оние што немаат пари, на располагање им стои правото на бесплатна правна помош.

- Сиромашните граѓани имаат и можност од судот да побараат да бидат ослободени од плаќање на таксата. Но за тоа треба да приложат докази дека не може да ги плаќаат судските трошоци во кои спаѓаат и судските такси - вели Тони Менкиноски од Хелсиншки комитет.

За Министерството за правда, во овој случај нема ништо спорно. Велат дека Законот за судски такси е во сила од поодамна и дека и граѓаните и судовите имале доволно време да се приспособат на измените.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1129101010303&id=9&setIzdanie=22145

А како се добива потврда за сиромашен тоа е друга работа. Треба да имаш плата испод 200 евра но тогаш ќе немаш пари ни за адвокат да ти даде совет.

Кој може нека постави како се добива бесплатна помош и статус сиромашен .
Како и да е наздравје бричење
Од сега ќе има правда само за богатите
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Откри топла вода. Вака е секаде во светот. Дека тие што ќе платат ќе имаат подобра заштита тоа е факт.
А има и друга страна од приказната за луѓетот на кој насилно им се земаат пари за некој идиоти да добијат бесплатна правна заштита. :tapp:
Алтернатива нема дете неможе сите адвокати да бидат исто платени и да бидат спонзорирани од државата. Тоа сценарио води кон фијаско и многу побетер состојба од сега.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Паѓаат маските...
И онаа мала,маглива,нејасна,слабо достапна заштита која системот ја имал према обичниот граѓанин сега ќе ја нема.
Ова е само оддалечување на луѓето од било каков механизам за заштита,па макар и како до сега,илузија...
Од една страна сиот тој апарат е платен од буџет,а од друга се јавува како комерцијален и профитен ентитет кој наплаќа манијкални суми споредено со стандардот и примањата...за услуги за кои е веќе платен преку даноци.

Со ставката за “докажување“ сиромаштија однапред се елимира било каква рамноправност во постапката.

Алтернатива нема дете неможе сите адвокати да бидат исто платени и да бидат спонзорирани од државата. Тоа сценарио води кон фијаско и многу побетер состојба од сега.
Ова не е некаков закон за воведување егалитаристички мерки туку блокирање на било каква правна заштита за субјект кој нема пари.

(Сето ова не е битно,битно е да си ја сакаме државата)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Имаш можност да бираш меѓу 2 екстрема целосно либерализаран пазар на адвокатски услуги во кој ќе се надеваш дека некој ќе понуди доволно ниска цена на услугата достапна за секого т.е. некој ќе оди со ниска заработувача но со многу неквалитената услуга.
Или ќе воведеш комунистички принцип каде основен критериум за избор на адвокат назначен од државата ќе биде колку си близок со адвокатот и власта или политички подобен.
Се гледа колку може државата проблеми да направи само во воведување и мешање во пазарот на услуги само со една ставка “докажување“ сиромаштија а, тек со повеќе интервенции. :toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А на таа дадата со мечот на кој што стои вагата зошто и се врзани очите?
Дали за да не гледа како мери премерува или така само обичен симбол е?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
А на таа дадата со мечот на кој што стои вагата зошто и се врзани очите?
Дали за да не гледа како мери премерува или така само обичен симбол е?
А вагата зошто мислиш и е?
За да го мери кешо... :pos2:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Незнам со кој памет само народов иде на избори да гласа.
ццццццц
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
hahahaha
i da nee nekoj siromasen-ke osiromasi od odenje po sudovi!
a tamu -korumpirani sudii!
i sto ni preostanuva na nas ,,siromasnite,,
,,da gi merime,,-posto pari od kaj ke najdeme?
te za taksi,te za potplatuvanje na sudii...
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
29
NE SAMO NAPRAVDA I SE IMA ZA NAV !!!!!-ONI VO DRZAVATA PRAVAT SE SO SAKAAT ZA NIV ZAKON NEVAZI !!!
PRIMER -DRUGAR MOJ NA16GODISNA VOZRAST IMA SVOE VOZILO KOE CINI NI POVEKE NI POMALKU OD 24.000EVRICKI
POLICIJA NE MU MOZE NISTO A TAKVI IMAM USE 15 SLUCAI MINIMUM SO GI ZNAM !!! PA SEA PROCENETE KOLKU E PRAVDATA@!!!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Се додека не се направат коренити реформи во судскиот систем...и не се исчисти ЦЕЛОСНО партизацијата на судските кадри,и вршењето на енормен притисок врз судиите,ќе го гледаме овај филм...:kesa:...
Основен двигател на една држава,темел е судскиот систем..
Види и го судството во една држава.ќе видиш каква земја е таа..:smir:
Кога некој странец ќе ја погледне Македонија...кога ќе ја види состојбата во нашите судови...што ќе види?веднаш му светнува филмот во каква држава дошол..и шо се случува овде...:kesa:
Се менуваат судии како чорапи,им се врши невиден притисок на судиите..не е ни чудо шо ниеден од големите криминалци нема легнато в затвор онолку долго колку си заслужил...
Излегуваат во рекорден рок....:violent1:
Ќе си фатат јаки адвокати,адвокатите имаат врски,обвинетите ги штити партијата...доколку легнат тие во ќорка,ќе се загрозат некои поголеми "риби",па ги ослободуваат во рекорден рок....
Затворите ни се полни,пред се со ситни криминалци....барем за нив функционира системот за казнување...а оние кои ги влечат конците се оставени да си кулираат...
Виновна е државата шо не се зафаќа сериозно и одлучно во борба со криминалот...а пред се не се завзема во изготвувањете,и пред се реализација на една ТЕМЕЛНА И КВАЛИТЕТНА РЕФОРМА ВО ЦЕЛИОТ СУДСКИ СИСТЕМ..во сите степени...па се до врховен суд....
Рибата смрди од главата,не од опашката...:smir:
Се додека не се сменат работите само ќе се лажиме самите дека имаме некоја правда во Македонија...
Одлично сте го избрале насловот на темата....
Не дека и на запад не важи овај принцип,но сепак таму правда има..колку толку,посебно се восхитувам на Американскиот судски систем:cuc:
Кај нас правда немаааааааааааа,а....:nenene: со темпово со кое се движиме со "реформите во судскиот систем..."нема ни да има....:pop:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кој може нека постави како се добива бесплатна помош и статус сиромашен .
Како и да е наздравје бричење
Од сега ќе има правда само за богатите
Не знам дал се шегуваш или сериозно го напиша болдот...сеедно, сиромашен као што наоѓав инфо, зависи по приходи или расходи. Ваљда социјалците влагаат у оваа категорија според приходи. Ако не се зезаше :) за тоа како се добива тој статус треба да извадиш имотен лист дека немаш ништо од катастар, потврда ако си невработен од агенција за невработени или ако работиш од фирма за плата. И мислам изјава дека немаш други приходи (од кирии, пензии...) како и дека немаш свое возило. Можи сега е сменето, ти зборам за услови од пред 15-тина години.
Али и сите овие да ги извадиш, не е сто посто гаранција дека ќе влезеш у категорија социјалци (т.е. сиромашни).
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Отсекогаш во Македонија правдината е на страната на побогатиот
Како на пример:
1. Воопшто не се оди затвор ако те фатат со една Сканија или една Раба Хероин, туку се оди за 200-300 грама Марихуана.
2. Има Сообраќајка помеѓу БМВМ5 и 101. Типот со БМВ петката е крив ама бидејќи е повлијателен нормално ќе го направат праведен...
3. Нема да биде казнат некој со Ферари што вози 150 km/h каде што е дозволено до 50 km/h, туку ќе
одговара некој со 101 каде што е дозволено 50, а тој ќе вози 55.
4. Воопшто нема да биде казнет некој шо има 100 неосигурани работници во погон со 200 вработени, туку ќе биде казнет тој што има 1 неосигуран во дуќанче од 10 квадрати.
5. Се случува тепачка, помеѓу син на обичен работник и син на Началник на МВР.) и тепачката е готова, фино лепо двајцата ги водат во станица синот на Началникот на МВР го пуштаат дома а синот на обичниот човек го тураат од мање, следниот ден уринира крв го тепаат небаре убил човек и пишуваат дека тој бил единствениот кривец и дека тој го извршил нападот врз синот на началникот...

Македонија и се е можно...

Во оваа држава лесно може да се подмитат судството, обвинителство, полицијата, медиумите, дури и ако доволно се нафатите, ако ве уапсат, можете да организирате и луѓе да протестираат во ваша подршка и да блокираат улици и патишта.
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Како прво и прво во нашава ни држава важат некои глупи закони и квалификации ................... на пр. за да бидеш по статус сиромашен/сиромав/социјала ............... треба да немаш ништо, ама баш ништо, никакво возило, дури ни фиќо, никаков имот(дом), дури ни шупа несмееш да имаш на твое име, дури ни нивичка(мала бавчичка) не смееш да поседуваш, никакви приходи да немаш(невработен или стечаец), кирии, пензии ЈОК и.т.н. Е сега во колкава бројка се ваквите случаи во државава ???
Друга работа, баталете тоа богати, сиромави, најдолгиот стап во оваа држава не го јадат ниту богаташите, ниту сиромавите, туку средната класа ................. целиот товар е паднат врз средната класа, средната класа работи, создава, плаќа даноци, комуналии, давачки кон државата, значи државата има ќар од средната класа, а ипак средната класа го крка најмногу од државата, ЗАШТО ??
Ако државата му земе или го казни за нешто оној многу-богатиот, тој нема ни да осети до толку, да го казни нај-сиромавиот, неможе, што ќе му земе нему, но тој што е средна класа многу добро ќе осети врз сопствениот грб, а најмногу врз сопствениот џеб .............................. Инаку во Македонија факт е дека полесно се казнува некој што украл милиони/милијарди евра(политичар,бизнисмен...), отколку некој на пр. што зел мито 200 евра(доктор,хирург,професор,полицаец,цариник...), исто така во Македонија помалку се лежи/одговара за убиство(недај боже), отколку за тепачка, навреда, пцовка ................ во Македонија некој газда со 100 непријавени работници ќе одговара исто или помалку, од некое газдиче што на пр. има 1 или 2 непријавени работници у дуќанчето ............... во Македонија помалку или исто ќе одговара некој што затаил огромен милионски данок(у еура), отколку некој што ете не платил 1 сметка за струја, вода, ѓубре, р.д.-такса и сл. ...................... во Македонија проституцијата е строго забранета со закон, а всушност секој секого е*е и сите се изе*ани до бескрај ............................ ЈеБиГа ........
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Како бе најдолгиот стап во оваа држава не го јадат сиромасите???
Да речиме некој сиромав човек има долг за сметките од струја 10.000 денари. Нормално не ги платил бидејќи нема пари.

Но...

Ќе дојде извршител тој долг ќе му го наплати 33.000 денари. Ќе му ги конфискува сите апарати за домакинството сите електронски уреди па дури и нешто од мебелот.

И според тебе тоа не е штета на сиромавиот.

А енергетските копмании Фени и Силмак нека си прават долгови за струја од 6 милиони евра и згора на тоа им е даден поевтин киловат час од 10%. Што не им го наплатат нив долгот 19 милиони евра???

И средната класа има мака од оваа држава. Како на пример со години си печалиш чесно пари за да си отвориш некоја фирма и ќе дојде некој од Градските мангупи, Локалните шерифи, или поточно кажано Рекетарите ќе ти изнуди да речиме 5000 евра рекет. Ќе ојш ќе го пријавиш в полиција, ќе го тужиш на суд, ама никој нема да превземе мерки бидејќи таквите едни со други си се поврзани...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom