По што е препознатливо местото каде што живеете?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Роден сум и живеам во Скопје, градов наједноставно би го опишал како место каде што со векови веќе се се спојуваат Истокот и Западот, препознатливо по крстовите и џамиите.
Познат по тоа што е главен град на нашата република, во градот владее мултикултурализам. Градов го сочинуваат повеќе населби, секоја со свој белег и сопствена историја. Повеќе оставам на вас другите.. :D
И еден од најпознатите симболи на Скопје - Камениот Мост
P.S. Не мора само по објекти, може и по други препознатливи обележја.. :D
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Охрид
Езеро, планини, историја... го обожавам!
Посебно ко ќе запролетит, ко ќе се потстоплит, мераци е за шетање! Денес бев до Рамне, си ја отворив планинско-скитачката сезона за годинава :D
Па и кафето во кафич покрај езеро е повкусно заради самото езеро :D одмор за очи!
А старион дел сите шо не се варошани ко лавиринт го доживљавет :D и имат шо да се видит. ах <3
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.038
Поени од реакции
14.989


Прилеп .... Тутун ... Мермер ... Град-Херој ... Хумор ... Пиво ... Пепси ... Маркукуле ... Плетвар ... 77 цркви(чки) само во Варош ... Саат Кула (Прчикур) ... Методија Андонов-Ченто ... Александар Македонски ... Карпалак ... Трескавец ... Марко Крале
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


Штип

-Штипска пастрамајлија, нормално
-Град на две реки: Брегалница и невидливата Отиња
-Отиња: корито без река, над коритото многу мостови, во коритото исто така мостови
-Исарот, место каде не владее закон
-Даблин, најубавиот ирски паб во Македонија (барем, за мене)
-Макфест, фестивал кој некогаш бил синоним за квалитетна музика, а сега е синоним за кичерај
-Мизерен ноќен живот составен од две дискотеки
-Студентски град, каде што за минимално учење можеш да станеш студент на генерација
-Исто познат и како Македонскиот Манчестер, поради стотиците конфекции каде луѓето работат за сто евра. 666 ѓаволскиот број е присутен овде
-Мистериозен град, поради присуството на ветриште невидено за овие простори
-Чист и среден град, со прекрасниот Бриони и Суитлакот, можност за бегство од градот

Сепак, мој си е и си го сакам на некој чуден начин.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Роден сум и живеам во Скопје, градов наједноставно би го опишал како место каде што со векови веќе се се спојуваат Истокот и Западот, препознатливо по крстовите и џамиите.
Познат по тоа што е главен град на нашата република, во градот владее мултикултурализам. Градов го сочинуваат повеќе населби, секоја со свој белег и сопствена историја. Повеќе оставам на вас другите.. :D
И еден од најпознатите симболи на Скопје - Камениот Мост
P.S. Не мора само по објекти, може и по други препознатливи обележја.. :D
- првата слика
црквата “Св.Димитрија“ - во некогашното Еврејско маало
во позадина ( Мустафа паша- џамија, карши централниот затвор)
- во дворот на црквата има бунар.До 1970 година од тој бунар си
полневме вода за пиење секојдневно, ние ретките жители на тоа
Еврејско маало, со кофа на јаже и чекрк.Со изградба на мостот
“Гоце Делчев“ и стоковна куќа Мост престана да постои познатото
скопско Еврејско маало.Поточно ја снема и главната улица,која
можеби и никој од вас не ја познава,а мене ми недостига бидеиќи
таму на таа улица,на тие коцки пораснав. Од камениот мост водеше
покрај црквата право угоре покрај продавниците за точаци од десно
кон оџачарите и воторафите и Калето.Од лево беше “гранапот“ и
рибарата на која често висеа сомови по 2 м.а погоре срп- чекан и ЦК.
Можам со денови да пишувам за ова маало,а ни збор не знам да
кажам за Мариово,Порече и Осогово а сепак сега немам ништо.
Не остана ништо препознатливо ( пу,пу еве го театарот).
Повеќе за ова Еврејско маало во темата “Еврејските партизани во МК.
--- надополнето: 31 март 2012 во 21:29 ---
Најпознатата костурница во македонија !
- на која на ѕидините нема останато ни една месингана буква од имињата
на нашите херои кој го дадоа животот за оваа слобода,а некои поголеми урбани херои без страв и срам ги извадиле и останале живи.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Еден од најубавите манастири во Македонија:




Деве Баир:

Појаснување зашто е ставен Деве Баир:

Рибник, ресторант и мини зоолошка има - Парк Гиновци:


Калин Камен, односно околината околу врвот и самиот врв Калин Камен, сите планинари го знаат местото:




- Големиот број на кафани и кафичи за ваков мал град.
- Големиот број на тепачки за ваков мал град, но нешто во последно време ги снемува заради големите казни.
- Најбогатиот градоначалник во Македонија
- Тито Петковски, Стевче Јакимовски кој повеќе не ги сакаат во Крива Паланка отколку во другите градови.
- Пропаднатите фабрики, огромниот број стечајци, бугарски пасоши, увезени коли.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
Ѓорче Градот на љубовта и светлината ..
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Мислам дека има ваква тема.
Прво и основно со кое ја симболизира романтиката во Охрид- Охридското езеро. kaneo.jpg

Второ се прекрасните пејсажи на галичица, и спокојството кое го нуди истата.
galicica-mountain.jpg

Трета ствар претставува летниот ноќен живот, каде постои избор на журки од типот на Шако Полумента до Дејвид Гета.
nokenzivot.jpg

И како најпромоваторот на градот, најдобриот вокалист на сите времина, прекрасните изведби, мега ѕвездата за која сите знаат. Драганчеееееееее Митрескиииииии.
darkce.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom