Потребен пример пополнет ПО образец (регистрирање на фирма)

Дали е потребо нешто вакво?


  • Вкупно гласачи
    17

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Го пополнувам образецот ПО (Пријава за упис на Основање) од ЦРМ за регистрирање на фирма од тип ДООЕЛ па ми е потребна помош во врска со ова. Има ли некој искуство со ова? Од она што го имам видено на форумот приметив дека неколумина од вас има отварано ДООЕЛ во скоро време (веројатно преку адвокати) па ако имате малку време да го направиме ова не би било лошо. Јас лично би сакал да отворам фирма во техничка сфера (сервис и продажба на електронска опрема). Ако некој има копија од тие обрасци најлесно би можел да ги сподели (со затемнети приватни податоци, се разбира)

Формуларот е следниот: http://www.crm.com.mk/download/Registers_document_forms/POe.pdf
Втор формулар е за заверен потпис - ЗП: http://www.crm.com.mk/download/Registers_document_forms/ZP.pdf

Исто така листата на регистрирани дејности кои би требало да се заведат на некоја од страните од ПО образец се на следниот сајт и во Ексел табела
http://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi.aspx?id=2
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Мислам дека треба доста знаење за ова за да не те укеба УЈП после неколку години за некоја грешка што сега си ја направил при регистрација.
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Се разбира. Сега моментално го гледам ПО и тука баш и нема претерано кој знае што што може да се утне. Спомнав тоа во врска со шифри на дејности кои треба да се внесат и тука ги има мноооогу. Ова е нешто на крај али прво ми влета во очи. За минута ќе напишам она што не го разбирам во остатокот на документот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За шифра на дејност внимавај зошто неможе никако да се корегира од кога ќе се завери. Ќе треба една година да чекаш заедно со завршната сметка па да ја промениш. Прашај сметководител која шифра да ја ставиш или некој што работи од твојата дејност.
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Шифра на дејност баш и не е (толку) проблемот. Нешто ме интересира само која е шифрата која треба да се стави ако сакам да наредам покрај главната и цел куп други? да речеме сум избрал да ја ставам „01.19 Одгледување на останати едногодишни насади и посеви“ и уште ред други но за да не ставам цела листа од ексел има и уште една шифра која колку се сеќавам се викаше „останати ненаброени активности“. Да не знае која е таа точно?
Инаку листата во ексел е хаос жив што се однесува до пишување - дел во еден фонт со подршка, огромен дел во мак свис без подршка.

Она што јас имам проблем е всушност останати графи во формулар. Тоа е она зашто побарав некој да ги постира скенирани графи со некое кратко објаснување (не треба во цревца).

Уште нешто, има ли можност некако да се добие копија од веќе поднесен ПОе формулар во ЦРМ? Ако има ќе ми ја скрати маката мноогу.
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Во ПОе образ под точка

2.1 тука избирам ДООЕЛ и ништо друго

2.2 вид на субјект на упис во регистар на други правни лица
(установа, фонд,задруга,комора) - предпоставувам ова нема што да се избира?

5.1 каде пишува акт за отворање, што треба да се внесе?
(ова е празно поле каде треба текст да се внесе)

9.1 Орган за застапување, управување и надзор-трговски регистар - Овде веројатно треба да се избере Управител(и) бидејќи е ДООЕЛ, исправете ме ако грешам.

9.2 Орган за застапување, управување и надзор-регистар на други правни лица - Овде веројатно не треба да се внесува ништо бидејќи физиќко лице ја основа фирмата, така?

10 Предмет за работење - тука се внесуваат шифрите од завод за статистика. Колку е максимумот на број на дејности и што значи коцкичката на врв Сите дејности утврдени со НКД освен оние за кои е потребна согласност, дозвола ....

11 Предмет на работење во надворешен промет се избира ако фирмата работи со странство. Што треба да се напише под изборот (ако е потребно воопшто да се пишува нешто?)

12 Подрачје на дејствување не се пополнува бидејќи точка 2.2 не е избрана?

13 Прокурист - Ова не знам што е, веројатно лице кое може да настапува финансијски(?) во име на фирма. Веројатно не ми треба.

14 Подружница немам, нема да ја пополнувам.

15 Претежна дејност е главната дејност од листата со која фирмата се занимава?

16 Избор на банка овде се внесува име на банка каде се отвора првата сметка?

Кон пријавата трба да внесам минимум ЗП опразец (заверени потписи) и проценка од Проценител (ако ја отворам фирмата со непарични средства. Што друго МОРАМ да приложам
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Се изначитав доста работи па сега можам да прашам некој од вас што последниве месеци има отворено свој бизнис што и како треба и која е почетна цена и што е најважно капитал во банка дали сеуште е она старото 5000 евра да имаш депозит..ве молам кажете сакам да отворам бутик за деца во изнајмен локал што се ми треба едниствена вработена да сум јас ..
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Важи тоа дека е потребно 5000е како почетене влог но не мора да биде во кеш. Јас би ти препорачал да го поделиш на два дела од минимум 1000е во кеш а останатите до законското барано ниво да биде проценка од проценител (4000е во инвентар, ова проценител ќе ти објасни и кошта 500мкд) Парите ти се ако започнуваш веднаш и чисто за почетните трошоци додека сеуште не правиш профит/промет.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
ја гледам анкетена горе и не ми се верува дека повекето одлучиле да гласаат за втората опција...

значи, одрпилика 2000 денари од таа сума се на правникот-адвокат за услугата... и не е 9 бона туку е 8 и би било убаво да се смени бројката во анкетата за да биде реално.

бидејки повекето појма немаме како да регистрираме фирма правилно, педантно, чисто, коректно и без грешки, веројатно убав дел од тие 2.000 денари ке ги потрошиме по телефони јавувајки се по пријатели да ни помогнат. а остатокот ке го потрошиме во гориво трчкајки лево десно додека не ашкаат од шалтер на шалтер, од соба во соба, од суд до општина, па во банка и кај печатоизработувачот...

а правникот, знае точно каде и кај кого и нај често имаат “свои луге“ за да ја забрзаат процедурата... конкретно јас сега брзо регистрирав една фирма... за 2,5 дена добив се комплет што ми требаше, вклучувајки и печати, жиро сметка и пријавување за прво вработување... се за тие 2.000 и нешто ситно денари што правникот ги наплати за услугата... јас повеке би рекол дека не само што не изгубив, туку и заштедив и на време и на пари...

значи епилог... сами, или со правник... се исто ви е... и да... да не го заборавам моментот дека ако немаш 2.000 денари екстра... не ни почнувај бизнис, не регистрирај фирма, зашто кај нас во мк кај и да се појавиш на шалтер одпосле кошта толку или барем пола... само носот да го протнеш во ујп за било што одма ти викаат таксени марки (уплатница по ново нели), барање и заверка, копија од ово оно... и оп. ојде 1000-че... а да не раам муабет колку ке те кошта САМО ЕДНО МОЧАНО БРОЈЧЕ ДА СЕ ЗГРЕШИ во било која пријава или документ... дискутираме во илјадници денари... а не за 2.000 илјадарчиња....

осмели се.. направи го првиот чекор... ама само ако ти држи и стиска...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
a da si registrirate firma vo bugarija ili kosovo cista smetka dugacka ljubav


eve kako funkcionira hrvatska sekoj moze da otvori smetka nadvor

http://moipari.kauza.mk/2010/12/13/378

Хрватските граѓани од први јануари следната година ќе можат да отвораат штедни сметки во цел свет, без законски ограничувања и ќе имаат можност да вршат платен промет преку тие сметки, откако хрватската Влада ги донесе законските промени со кои го дозволуваат сето тоа.
Иако, според Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската унија, таа измена требаше да стапи на сила порано, Хрватска, заради кризата,побара одложување до први јануари 2011 година. Со промените е либерализирано и користењето на кредити во странство, преку сметките отворени во странски банки. Досега, хрватските граѓани можеа исклучиво со одобрение на Хрватската народна банка да отворат сметка во странство. Сега на нив за прв пат им е отворен патот во цел свет да си бараат поповолни камати на своите заштеди, како и да земаат кредити.
Македонските граѓани, пак, се уште не можат да отвораат сметки во странски банки, да штедат во нив и да прават какви било трансакции заради ограничувањето што го пропишува Законот за девизно работење, иако и земјава исто како и Хрватска, имаше обврска да го либерализира овој сегмент, според договореното со ЕУ.
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Прашањето баш и не е поставен онајдобро али не би го менувал (посебно не поради сумата која лично јас ја добив какао цена за „бркање работа“)

Дури и да е поскапо сам да отвараш фирма и да ги завршуваш сите активности во врска со тоа пак би препорачал сами да си го одработите тоа. Зошто? Затоа што ако веќе планираш да водиш фирма не би било лошо и да знаеш што всушност се случува во неа и околу неа. Фирма отвораш еднаш, распрашај се како е што е, прочитај нашто од јавно достапни информации а ако ги нема да не ти е страв да прашаш жив човек (тие таму на шалтер МОРААТ да ти ги дадат бесплатно информациите затоа што тоа им е работа а и законски им е наложено од скоро, BTW) Не е фирма само една супер идеја која ти сакаш да си ја оствариш туку и еден цел куп „прљавштини“ од кои нема да можеш цело време да бегаш. Барем еднаш ќе мораш лично и персонално да отидеш на тој шалтер кај некој намќорест службеник да ги одработиш работите и нема да имаш кој да ти помогне освен самиот себеси. И не само отворање на фирма туку и сите останати активности работете ги сами во почеток за да добиете голема слика за начинот на работење (чисто да ви паднат розевите наочарчиња) а и поради тоа што на почеток баш и нема да се изнаработите во избраната дејност туку 6 (минимум) од 8 (пак минимум) саата дневно има да седите на раце. Не е лошо тоа да се искористи да си научиш нешто за тоа што се работи. Подоцна многу полесно ќе ви биде да си одберете луѓе кои ке го покријат ова (а уште полесно ќе ви биде да ја одредите цената која они ја заслужуваат за таа работа - која не е мала)

Што се однесува до шетање и трошење бензин, Скопје не е Њујорк. Целото шетање е до ЦРМ со готова документација која се симнува од интернет (сајт на ЦРМ) без потреба од адвокати, (како се пополнува МОРААТ да ти дадат информации во ЦРМ) уплата од некои 2300МКД и после ден-два се добива решение за упис во регистар. Тоа е целиот трошок, После има идење Социјално (пријава на вработен) па УЈП за МПИН и здравствено. Овие работи се бесплатни, како и што треба да се направи таму можете на лице место да ги прашате, нека си го одработат платите луѓето на шалтер.
Никој научен не се родил, ако не ги знаете некои работи има да давате многу пари (и тоа не само 2000МКД, за се нешто по 1000МКД па нагоре) туку доста други трошоци кои ќе ви ги бараат да ви пополнат некое ливче за некоја институција тука во РМ.

А можеби почетене капитал ви е 10 000 ЕУР па и не ви е гајле за трошоците, тато ќе плати. (шега :)
 

Zan zivotnoto

Jean l`animal
Член од
30 јуни 2010
Мислења
29
Поени од реакции
24
Дури и да е поскапо сам да отвараш фирма и да ги завршуваш сите активности во врска со тоа пак би препорачал сами да си го одработите тоа. Зошто? Затоа што ако веќе планираш да водиш фирма не би било лошо и да знаеш што всушност се случува во неа и околу неа. Фирма отвораш еднаш, распрашај се како е што е, прочитај нашто од јавно достапни информации а ако ги нема да не ти е страв да прашаш жив човек (тие таму на шалтер МОРААТ да ти ги дадат бесплатно информациите затоа што тоа им е работа а и законски им е наложено од скоро, BTW) Не е фирма само една супер идеја која ти сакаш да си ја оствариш туку и еден цел куп „прљавштини“ од кои нема да можеш цело време да бегаш. Барем еднаш ќе мораш лично и персонално да отидеш на тој шалтер кај некој намќорест службеник да ги одработиш работите и нема да имаш кој да ти помогне освен самиот себеси. И не само отворање на фирма туку и сите останати активности работете ги сами во почеток за да добиете голема слика за начинот на работење (чисто да ви паднат розевите наочарчиња) а и поради тоа што на почеток баш и нема да се изнаработите во избраната дејност туку 6 (минимум) од 8 (пак минимум) саата дневно има да седите на раце. Не е лошо тоа да се искористи да си научиш нешто за тоа што се работи. Подоцна многу полесно ќе ви биде да си одберете луѓе кои ке го покријат ова (а уште полесно ќе ви биде да ја одредите цената која они ја заслужуваат за таа работа - која не е мала)
(шега :)
Се согласувам. Со тоа што зависи дали човек на почеток има време и простор за да избега од фокусот на носечкиот бизнис/работа.

Регистрирав скоро заедница на сопственици и она што можам да кажам од она што досега поминав е дека ќе потрошиш одредено време и нерви на принципот на пробување. Ќе пополниш ПО, па нешто нема да погодиш, но ќе наведат таму што е погрешно, па пак на шалтер со исправките, и така од 2-3 пати се завршува работа. И фино е да си прашуваш меѓу луѓето таму, понекои сакаат да споделат информации со страдалникот од шалтерот :)

Печат и штембиљ дрвен, има во Тродат за 700 денари, мене по маил ми пратија понуда за 600, а во дуќанчето во куќите одма до ЦРМ има за 400 денари, еве мало инфо за заштеда на 200-300 денари, можеби има и поефтно, не знам.

Туку ме интересира дали има на нет листа на шифри со дејности?
 

Krshh

Титула по желба
Член од
25 септември 2011
Мислења
34
Поени од реакции
7
Се разбира дека има. Се наога на сајтот на Завод за статистика (мислам дека го немаше никадена ЦРМ сајтот) Штом ке го најдам линкот или фајлот со листата го постирам,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom