Потекло на името Македонија! *update*

A

anaveno

Гостин
znaci,ma+ka= (Stvorena) zavrsena + kreacija,svetlina,Sonce,kral,dusa,telo,misla i t.n...
znaci maka e stvoren,no ne e roden od zhena,majka....
toj e Bozjo Cedo...
nesto kako YHV....
zatoa i sanskritot tesko go objasnuva,toj e nad naseto poznanie....
pa zatoa go objasnuva so zborovite svar-Adi
odma da kazeme,go prepoznavame Stvarati,Kreacija,Kreatorot...

svar=to shine (pokraj drugite znacenja)
Adi= m. beginning , commencement ; a firstling , first-fruits ;
Adau= ind. in the beginning , at first.

mak=svar-Adi
gledame deka ma e i formula (zapis,genetski kod) koj go stvoruva Ka ili Adi (Adam)...

Toj sto Go stvori Adam,isto ne Se objasnuva,Toj e YHV.....

zatoa imeto Makedonija i Makedonci (Koi Karan ; Filip 2 i Ace gi obedinija),koe e i Bozjo Ime ostanalo,a site drugi,iako slavni,ne ja dostigaat Negovata Slava....
koga go barame niz San poimot svar-Adi,koj poim e za objasnuvanje na MAK....
svar-Adi... province , region , domain , sphere (of gods or virtuous men ; said to be in one of three places , viz. `" earth "' or `" atmosphere "' or `" heaven "' ; accord. to some that of virtuous Bra1hmans is called Pra1ja1patya ; of Kshatriyas , Aindra ; of Vais3yas , Ma1ruta ; of S3u1dras , Ga1ndharva) Nir. VarBr2S. ; the main support or strength or chief constituent of a kingdom (said to be four , viz. `" army "' , `" treasury "' , `" city "' , `" territory "') Mn. vii , 56 ; a stronghold , fortress Pan5cat. ; the place or organ of utterance of any sound (said to be 8 in number , viz. %{kaNTha} , `" throat "' ; %{tAlu} , `" palate "' ; %{mUrdhan} , `" top of palate "' ; %{danta} , `" teeth "' ; %{oSTha} , `" lips "' ; %{kaNTha-tAlu} , `" throat and palate "' ; %{kaNTh'-oSTha} , `" throat and lips "' ; %{dant'-oSTha} , `" teeth and lips "' ; to which are added %{nAsikA} , `" nose "' , said to be the place of utterance of true Anusva1ra , and %{uras} , `" chest "' , of Visarga) Pa1n2. 1-9 Sch. Pra1t. Sarvad. ; any organ of sense (e.g. the eye) BhP. ; the pitch or key of the voice , note , tone....

cel ADAM i plus uste nesto....
Adam e Edom(Edon)
MAK+EDON....

Zatoa i nekoi go povrzuvaat stvoruvanjeto na Mak so majka,no Mak ne e stvoren-roden od zhena/majka,toj e Bozja Kreacija,Negova Emanacija....

pak ke povtoram,vo San imeto MAK NE SE PREVEDUVA ILI OBJASNUVA,TOA E YHV VO IE JAZIKOT,a se dava objasnuvanje preku svar-Adi.

isto i YHV ne se objasnuva,no se....
vo pocetok bese Slovoto (Zborot)
vo pocetok bese Makha Zborot=a word used to explain magha4vat,koj e magha=NEBO,INDRA,BOG
magha=of a country of the Mlecchas (млечниот пат)
mAgha=relating to the constellation Magha
vo pocetok bese makha (Mecca) (kaj muslimanite)...Mak+ha (kako Heracle podolu objasnuvanjeto)
makha=m. or n. (?) the city of Mecca Ka1lac.

istiot mit za Stvaranjeto,najnapred na MAK,potoa Riste,pa od nego ja zedoa Muslim....

zatoa i Sanskrit Bukvite (znacite) mnogumina gi tolkuvaat kako:

MA E KAKO Ribata,delfinot (ILI WOMB) (ova za mojot prijate Homer),a
KA E KAKO KRST

pred da postoi Makedonija,narodot veruvase vo Bozicata MA....

koga MA resi da ja izlie svojata Emanacija,da nastane MA+KA (creation,action),togas coveckiot um i poznanie,ne e vozmozen...koj smee da ЅЕ,ЅИРНЕ vo postelata na MA....

p.s...
moze da se sretne deka poimot Mlechhas meaning "non-Vedic, barbarian"....
no,gledame,site poimi magha se odnesuvaat za neboto.....
da ne objasnuvam mnogu....http://en.wikipedia.org/wiki/Mleccha
vo Vedite,koi se napisani na jazikot na koj NIE ZBORUVAME,gledame deka Mlechass se odnesuva i na ovie http://en.wikipedia.org/wiki/Yavana
gledame,i znaeme koj bil vo Indija,ne grcite,tuku Ace i nie.....(ete,wiki za pobrzo da dojdeme do celta)
vo Vedite,koga se spomnuva charot za hair rastenje,velat,nie dojdovme od Trite Zemji,od koi nasata bese najvozvishenata (ne visoka,ami Bozja),pa taka Mlechass e pak neboto....
pojasno,nikoj ne bil Ariec nitu Vedist,sami si kazuvaat deka dosle od Bozestvenata Zemja,pa avtomatski,i tie bile Mlechass.....

vo toj star jazik,soglaskata ma=Time, poison, formula, moon, Brahman, Vishnu, Shiva, Yama, limitation, finality, completion
ka=Brahman, Brahma, Vishnu, Kamadeva, fire, air, Yama, Sun, soul, king, prince, knot, peacock, mind, body, time, cloud, a word or sound, hair, light, wealth, property, Daksha, possession, mastery, creation, action.

ra=Fire, heat, love, desire, forty, vibration, play.
sigurno,ra vednas go poznavame,ra e ree,...
go spomnav Riste...
koga MA resi da se spoi so RA....
se rodi MARA=the passion of love , god of love
od MARA se Emanirase RISTE.....
kako se Emanirase?
MA e formula (genot de) i Bog
pa neli RA e fire,heat,love...RA REE
zatoa i MARA e god of love....
zatoa i MARIJA...

znaci,narodot koj zboruva na IE jazik (Makedoncite) i koj bese prisuten vo Svetata Zemja,PRIDONESE da se rodi MARA,so toa i Riste....
RA=REE=REI=RI+SA (best , excellent ; wise , learned,knowledge (Ucitelot))

hebreite,nitu gejcite,nitu drugite tamu,ne zboruvale na IE jazik....

se mi se cini,deka pokraj Az Buka imame uste edna A Ba;Ma Ka; Ma Re; Ra Sa....
Consonants

http://www.omniglot.com/writing/sanskrit.htm
treba ovaa vtorava poveke da ja proucime,bidejki taa e i osnovata za Az Buka Vedi....
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Фала Анавено
Фала бато
Некое време ја терам за можното потекло на буквата К
оти Ке бил назив за Сонце во некои јазици .
Па ако е така тогаш и самата К би требало да се базира на симболот за сонцето кој за наједноставна форма го има ( + )крстот
Ако сето тоа е така тогаш и самата буква К би требало да е од симболот сонце-крст
+ кој поделен дијагонално би дал два прави агли,Г L

Понатаму тие прави агли комбинирани како
_
|
< дозволуваат насетување на ортографијата за К како буква
Но докази за ова, а уште и пишани имам ,исто колку што имаат и увозните дека се Илири по потекло или дека се домаќини кои потекнуваат од Илирите ,прапелазгите или прататковците на Адем и Хева на македонскиот полуостров.
Сепак потрагата е дека К е од симболот за сонце ,кој што се става веднаш до Ма
 
A

anaveno

Гостин
незнам..подолу го има ка...
ај појасно...
ка=a particular comet ; the sun L. ; fire L. ; splendour , light L....a king (KAran)

kadA=when? at what time?
Lat. {quando} ; Lith. {kada4} ; &77437[248 ,1] Slav. {ku8da}.]..poznato
etimologijata...
at some time , one day RV. viii , 5 , 22
never at any time RV;at some time , one day , once..never at any time RV

ka=sun=day=time

gledame deka i obicniot zbor kuda,kude,kade go sodrzi poimot ka=sun,light kako merilo za den(onokieto)t.e. vremeto....

ova e toa sto ni dava pravo i za MARA i za RISTE....
i za mnogu drugi raboti...

KA go barash za Krste?
ne si ti jas....

Krste znaeme bil Creste,Kreste,Krestijanstvo,Crestijanstvo...posle,vo 4 vek go smenija tie so govornite maani....
CrESTam =that which is best...(who is the best?Creste)
krI=pari,bogatstvo,Kravi (India svetinja)...
krINIyAt= whom he may buy from his father and mother

prikaznata za Carot Cresus,Croesus...sonot na drvo(to na zivotot,poznanieto)...ogan....spasenie....
Rusite i Litvancite ne bea vo Palestina...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Култот на Големата Мајка бил централен култ на античките Македонци.
Овој култ потврден од големиот број на археолошки наоди, особено во северните региони на Република Македонија, почнал да се шири насекаде на Балканот и се смета дека бил првиот култ на домородното население.


Ма - неолитската божица од Македонија


Доколку се обидеме да ја објасниме етимологијата на името "Македонија", според тезата на грчката историографија, дека тоа потекнува од старогрчкиот збор μακεδνός (Македнос) со оригинално значење " високи" или " планинец ", како описен збор за луѓето, за жал, античките Македонци никогаш не биле претставени како високи луѓе, ниту коските кои се ископани насекаде во регионот на Македонија не им припаѓале на високи луѓе.
Старите Македонци биле со средна височина, како што е наведено од страна на многу историчари.



Наместо тоа, многу поверојатно е да се претпостави дека името Македонија (Македонци) може да биде поврзано со овдешните домашни култови, а токму во Големата Мајка (Магна Матер) претставена е нивната врховна божица.


Доколку се прекрши името Маке-донија и етимолошки ги дефинираме двата дела, го добиваме следново:


а) МА – како основа од МАКЕ означува - жена, мајка во сите индоевропски јазици.

Како примери можеме да ги наведеме “Матер“ на латински, “Мадре“ на шпански, “Мама“ на англиски и “Мајка“ на македонски и останатите словенски јазици.



Важно да се напомене е дека *МА е алтернативното име на трачко-бригиската божица Земеле, во превод “Мајка на земјата“, а коренот на ова античко име и денеска опстојува единствено во словенските јазици како име за почва, хумус – Земја/Земља/Земље/Земла/Зиемиа и сл.


б) ДОН – ДИОН(А) означува - Бог, божество, божица.

Култот на Големата Мајка е познат и од античката беседа Диона од Додона.
Диона е индоевропско име кое претставува титула – Божица, етимолошки женска форма од Зевс.
И Афродита понекогаш била именувана како „Дионаеа“ или „Дионе“, односно “божица“. [1]


Светилиштето Дион во подножјето на Олимп во јужниот дел на Македонија, беше главниот религиозен центар на Македонците. Таму ги собрал Александар своите војски пред да тргне во својот освојувачки поход.

* Маке - дионае *


Од приложеното произлегува дека МАКЕ-ДОНИЈА претставува земја на Божицата Ма, позната уште како и божицата Голема Мајка, Мајка на Земјата, Божица на Плодноста, Мајка на Раѓањето, Гаја, Ѕебеле/Земеле и др.


Во Македонија, Големата мајка (Магна матер) беше најобожуваниот култ во неолитот. Најраниот запис датира од периодот од 6500-3500 п.н.е. и до денес сме сведоци на силниот белег кој го оставил матријархатот врз овдешните култури и верувања, кој се зачувал во името на Македонија и Македонците.




Македонска Искра
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Гледав еден човек на една македонска емисија...
извади слики од една почка за која што рече дека е стара 77.000 години и на неа пишува малку неразбирливо АЈИНОДЕКАМ...
зборуваше и за ова.. што го наведеде братот... исто рече дека ИНДИЈА е македонски збор... што на старомакедонски би значело ИНД - нова ДИА - земја...
 
S

Shellshock nam67

Гостин
колку што ме држи сеќавањето по историја името доаѓа од Макесонскиот крал Македон по кого го добива името земјава , или по зборовите Макос голем широк дон земја
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Аха :)


Оставам на вас да си изберете...
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
колку што ме држи сеќавањето по историја името доаѓа од Макесонскиот крал Македон по кого го добива името земјава , или по зборовите Макос голем широк дон земја
велат биле грчки зборови...
името грција го добиле после доагањето на римјаните на балканот... грците се далеку од александар да биде нивен... да не зборам за поседувањето на името МАКЕДОНИЈА!
 
S

Shellshock nam67

Гостин
велат биле грчки зборови...
името грција го добиле после доагањето на римјаните на балканот... грците се далеку од александар да биде нивен... да не зборам за поседувањето на името МАКЕДОНИЈА!
rcite se doselenici na balkanot ne se avtohton narod a uste pomalku aleksandar da go pravat grk znaes li kade se odigrala najkravata bitka megju makedonjcite i grcite na Granik zarobenite grci gi masakrilar Aleksandar
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ок, ај вака да пробаме. Наместо да конзумирате туѓи пропаганди кои се обидуваат да фатат подлога кај нас, зошто самите не се обидете да простудирате она што ве интересира или збунува.

Јас колку што можам ќе помагам.

Досега беа пуштени неколку варијанти за потеклото на името, преовладуваат грчките иако никој не се запрашал за нивната веродостојност.

Првата грчка варијанта, дека Македонија го добила името по кралот Македон, врз основа на митологија. Не знаеме од кога потекнува и не можеме да ја потврдиме или негираме.

Втората грчка варијанта, дека Македонија е кованица од грчки зборови - макос и дон преведено Широка Земја, никаква логичка основа, ниту историска, освен сличност на зборови.

Трета грчка варијанта, дека Македонија и Македонци, означуваат “високи луѓе“ или “планински“, како опис на луѓето. Многу неоснована логика, шпекулативна етимологија и очевидно делува неверодостојно како објаснување.

Е сега, доколку Грците биле убедени во грчкото потекло на името, немаше веќе 30 години да пласираат 3 различни теории кои немаат ништо допирно со себе.

Додека пак од наша страна, не постои досега академски обид да се дефинира етимолошкото значење, но правени се аматерски обиди да се даде објаснување меѓу кои и овој сега.

Пумавал најверојатно го гледал Васил Иљов, кој најверојатно од преголема желба и патриотизам заоѓа во многу рискантни и скандалозни теории, не само за името, кои никогаш не ги потврдил ниту ги предложил на сериозни институции, штета, бидејќи има доста сработено и еден дел од неговите теории се сосема солидни.
Овде можете повеќе да прочитате:
http://www.mn.mk/aktuelno/1126

Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим „Македонија”.

Ова е историско - лингвистички преглед на етимологијата на името Македонија и првите спомнувања на името Македонија во историските извори. ...

• Досега најстариот податок за прото Македонците – племиња од бронзениот период кои го населувале просторот на Македонија – се наоѓа кај Хеланик од Лезбос (V век пред Ис.Хр). Тој запишал дека Македонците живееле меѓу (со) Мизите. Овој податок се однесува на прото-македонските племиња кои живееле во периодот меѓу првата и втората индоевропска миграција, т.е. во временската рамка меѓу III и крајот на II милениум пред Ис.Хр.

• Најстарите, сигурни, досега познати, пишани податоци за Македонија се наоѓаат во хомеровата Илијада, дело кое се однесува на настани датирани негде во XII – XI век пред Ис.Хр. Во Илијадата, меѓу сојузниците на Троја, се спомнати Пајонците кои со најновите научни сознанија е потврдено дека најверојатно биле со македонско етничко потекло; во Илијадата се спомнати пајонскиот град Амидон кој се наоѓал на устието на р.Аксиос (денешен Вардар), како и македонските области Пиерија и Ематија. Во Илијадата е забележано и името на родоначалникот на македонското племе Пелагонци, митскиот Пелагон.

• Досега најстарото запишано име кое се однесува на Македонија, а е користено од страна на грчките морепловци, е Ематија. Поконкретни податоци за името Ематија има кај Страбон (64/63 пр. Ис.Хр. – 23 г.н.е.), Плиниј Постариот (23 – 79 г.н.е.) и Стефан од Бизант (VI в.н.е.) кои запишале дека тоа е првобитното име на Македонија. Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајга. ...

• Лингвистите, името Ематија го изведуваат од грчкиот збор amathos што значи песочен, песочно. Оваа препоставка дополнително добива на тежина ако се има предвид кажувањето на античкиот географ Птолемај кој соопштува дека со ова име се означувал источниот крајбрежен дел од античка Македонија кој бил песоклив.

• Почнувајќи од VIII – VII век пред Ис.Хр. името Ематија е потиснато од името Македонија. Ова најверојатно се должи на фактот што првата македонска кралска династија Аргеади потекнувала од областа Орестида (Костурско) чие постаро име било Макета. Со текот на времето името Македонија добива не само географско туку и политичко значење. Тоа не е само географски поим туку и име на македонската држава и етносот кој ја населува Македонија, а кој по потекло е сосема различен од било кој друг етнос на Балканот во тој период.

• Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија. Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Ѕевс и Тија.

• Во врска со оваа генеалогија сочувани се три критички забелешки (коментари или схолии) кои се однесуваат на дополнување на истата. Според првата забелешка (схола) Македон е син на Дион и Аитхија, според втората на Диос и Аитхија, а, пак, според третата тој бил син на тој бил син на Диос и Аитхрија. Очигледно е дека зад Дион/Диос се крие врховното божество кај античките Македонци, а Аитхија е всушност македонската Атена посведочена на монетите со штит во левата и молња во десната рака.

• Втората генеалогија за името Македонија е забележана кај Аполодор Атински (II век пред Ис. Хр.) според кого Македон е син на Ликаон кој имал дури 50 синови.

• Третата генеалогија за името Македонија е забележана од Диодор Сицилиски (I век пред Ис.Хр.). Според оваа генеалогија, Македон бил син на египетскиот бог Озирис.

• Освен овие три, во различни периоди од антиката, постоеле и други помалку популарни генеалогии преку кои се објаснувало потеклото на името Македонија. Па така според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.

• Што се однесува до современата наука постојат неколку тези за етимологијата на името Македонија. Според првата, името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.

• Своја теза за името Македонија и етниконот Македонци дава М.Будимир кој смета дека се работи за грчки превод на нивното изворно име Кауконци.

• Наспроти овие толкувања, најновите истражувања со голема веројатност упатуваат на тезата дека името Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Имено, Бригите биле најстариот етнички супстракт кој учествувал во етногенезата на античкиот македонски народ и оттука мошне е веројатно дека и името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја и името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја.

Корен на името Македонија

МАКЕДОНИЈА-
МАКЕ= ЗЕМЈА
ДОН= ВЛАДЕТЕЛ ; СИН(дете) или СОНЦЕ
Значи МАКЕДОНИЈА=ВЛАДЕТЕЛИ на ЗЕМЈАТА,
(ЗЕМЈЕНИ ВЛАДЕТЕЛИ)
СИНОВИ на ЗЕМЈАТА(ЗЕМЈЕНИ СИНОВИ)
ДЕЦА наЗЕМЈАТА( ЗЕМЈЕНИ ДЕЦА)
ЗЕМЈА на СОНЦЕТО(СОНЧЕВА ЗЕМЈА)

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
продолжува:

• Може ли да се бара поголема потврда од фактот што името „Македонија“ преку личноста на „Македон“, митологијата го констатира во трите основни топоси!

• Поставено поинаку: што митовите со кои и Европа и Африка и Азија го објаснуваат своето разрешување на изолацијата и единствената точка на автентичен допир и спојување, го врзуват токму името - Македон, со топосот - Македонија!

• Етимологијата на зборот изгледа дека доаѓа од Македон, кој живеел во областа Пијерија (област на север од планината ОЛИМП-во Македонија).

- Македонците подоцна се викале Елни или Ели, стар национален збор, кој произлегува од животното Елен, а можеби носеле капи со рогови од елен за да се разликуваат.

- Македонците се појавиле на хоризонтот на праисторијата 1500 година пред не.е додека пред тоа сочинувале пределинска ТРАКОМАКЕДОНСКА нација, а нивниот јазик и вера не биле грчки.

- Името Македонци произлегува од земјата Македонија. (верување на Македонците од Беломорска Македонија)

• Европската митологија Македон го смета за син на самиот Зевс и Тиа, кому, поради особените вредности на душата и големата телесна сила, таткото Зевс му го доверил најчувствителното и најважното подрачје на светот - оската во која се допираат трите Континенти.

Мошне е индикативно што братот на Македон е - Магнет.

• Македонците во најстариот Еп во Европа - Илијадата.
Речиси секое од племињата - имало на почетокот свое кралство.
Уште во најстариот Еп од Европа кај - Хомер - Илијадата ,кралевите на Македонските племиња - Пеоните и Пелагонците со своите соплеменици се борат кај - Троја во 2 илјадетие п.н.е.
Опишани се пределите кои и денес ја красат Македонија:
Вардар , Црна, градовите Амидон и др.
Тие се судираат со обединетите Грчки племиња.
Тоа е прва Македонско-Грчка војна.

• Хесиод (околу 700 г.п.н.е) (истата е сочувана кај Константин 7ми Порфирогенит (913- 959) каде се вели дека поимот ,,Македонија" доагја од митскиот јунак Македон кој според Хесиод бил син на Зевс и Тија. Херодот - ,, За време на кралот Деукалион живееле (Дорците) во земјата Фтиотида, а за време на Дор, синот на Хелен, во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистиотида. Кога Кадмејците ги избркале, се населиле во областа Пинд под името Македонци.,,
Ова е првото историско споменување на Македонците во минатото.

• Претпоставката е дека Херодот зборува за период многу постар од неговото време, околу 12 век п.н.е. кога тој познава етничка заедница со име Македонци.

• "Македонија се наоѓа недалеку од Прасијадското езеро. Од езерото прво се доаѓа во рудникот од кој што Александар дневно добивал по еден талант сребро, а потоа кога после рудникот ќе се премине планината Дисор, се доаѓа во Македонија..

• Херодот добро ја познава Македонија, барем оној нејзин дел кој е во сферата на неговиот интерес, и сферата на неговото движење, исто како што ги познава и Пајонците, дел од големата групација на етнички заедници, во која влегуваат и Македонците. Македонија е присутна во неговото дело ,,Историја,, подеднакво јасно, како и описот на било која друга земја или етничка заедница.

• Еврипид (за генеалогијата ) во 412 г.п.н.е....

• вели дека Бахамтките кои биле свестеницки на македонски се викале Клодонес, Мимонес и Макетаи, а дека старата форма на Македонија е името Макета.

• Но оваа генеалогија усте во антиката била отфрлена како нетоцна и политицки мотивирана со цел да послузи во функција на македонската пропаганда на Архелај.Јустин..

,,Порано Македонија била нарекувана Ематија, според името на кралот Емат; првите докази за неговата доблест уште постојат во овие краишта. Како што нејзиниот подем бил постепен, така и границите и станувале тесни.
Народот се нарекувал Пелазги, а областа Пајонија.,,

• Азија го има својот херој на зближување, и, што е крајно необично, го именува со истото име - Македон. Овојпат, Македон е кралски син.

Неговиот татко е Ликаеон, справедлив и умен крал, миленик на боговите.
Владеел со Аркадија, најтивкото и најидилично кралство на сите времиња.
Со овие два детала се упатува на неоходните одлики на оној што ќе треба да го обедини светот: да биде умен и одмерен, а неговата душа се оформува во смиреност и благост на аркадиската хармонија.
И во овој мит, Македон го добил своето кралство во подрачјето на Македонија, именувана според него.

• Некои велат дека Македон е еден од педесетината синови на Аркадискиот крал Ликаон.

• Аполодор кој зивеел во средината на И в.п.н.е. и кој вели дека Македон е син на Ликаон кој имал 50 синови."

• Третиот, Африкански мит, потекнува од Египет.

Македон е повторно божји син - чедо на Озирис лично!

Неговиот небесен татко му ги доверил Тракија и Македонија за негово кралство, во коешто тој владеел и според законот и според добрината. ... Диодор Сицилиски

• Според египетскиот запис, Озирис на своите кампањи беше придружуван од своите два сина Анубис и Македон, кој се одликуваа по својата храброст. Двајцата од нив ја носеа најзначајната воена опрема, земена од одредени животни чиј карактер не се разликуваше од храброста на луѓето. Така Анубис носеше кожа од куче, а Македон предни делови од волк; и поради оваа причина овие животни се почитувани кај египќаните. Тој, исто така, го носеше и Пан на своите кампањи, кој посебно е ценет кај египќаните; затоа жителите на земјата не само што му подигнаа статуи во секој храм туку и именуваа град по него во Тебаид, кој е наречен од жителите (Chemmo) Хемо што кога ќе се преведе значи Градот на Пан.
Диодор од Сицилија (И в.п.н.е) во неговото дело ,,Историска библиотека“

• Стефан од Бизант (6 в.н.е) ,,Етника" (,,За народите").. потеклото на Македонија е од Македон и Тхија.

• Според митологијата Македон е епонимен херој на Македонија,син на Ѕеус и Деокалионовата ќерка Тија и брат на Магнет.Според имињата на неговите синови крстени се македонските градови Пиреј и Амитај.

• Сите понатамошни историски извори, најпрво тракиецот Тукидид, кој живее и работи во Атина на крајот на 5-от век п.н.е, денес според стилот и анализата, првиот вистински ,,современ,, историчар, ги познава Македонците и Македонија, како земја и народ толку вообичаени за одредена територија, која ќе се менува со текот на времето и со настаните кои ќе следат; пред се преку големите реформи и проширување на кралевите од славната аргеадска династија, над останатите пајонски етнички заедници.

• Сите оние што следат низ вековите на славната антика и нејзиниот развој, Диодот Сицилиски, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин итн. ја познаваат таа митска земја Македонија, што во времето во кое живеа го диктираше текот на светската историја, директно или пак последователно, сеедно ја одредија нашата сегашност, на начин единствено можен, бидејќи историјата ја следиме, создаваме но не можеме да ја менуваме. Македонија ќе биде присутниот елемент сегогаш на овој пребогат простор на неисцрпни медитерански цивилизации, низ различни форми на постоење, низ различни политички и државни имиња, но секогаш задржувајќи ја својата суштина, својата сопствена приказна и својот бит, сопствената одредница-името. Етимологија на името Македонија - Промакедонски толкувања ...

• Македонскиот народ се нарекува себеси „ Македонци “ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ.

• Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропејски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои средно-балкански народи и племиња, меѓу кои треба се вбројат: Бриги , Енети , Пајонци , Пелагонци и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанска војна се одселува во Мала Азијa . Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија ), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик).

• Ова мислење го застапува и Проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот .

• Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците.

• До 700 год. пред Исус Христос Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините и морето беше уште непознато за Македонците.

• Некаде околу 700 год. п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид . Филип Македонски ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 год п.н.е..“ Она што не интересира денес – продолжува Проф. Пецас е „дека Македонците и го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја.
Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим „Македонија”
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Исто така вреди да се спомене прегледот на изворите од Кибицер, во врска со темава:
Грција се заканува со вето на Самитот во Букурешт, а заборава дека во Привремената спогодба има клаузула со која се обврзува дека нема да го блокира зачленувањето на нашата земја во ниту една меѓународна институција, вклучително и во НАТО.
Во продолжение следува историско – лингвистички преглед на етимологијата на името Македонија и првите спомнувања на името Македонија во историските извори.
***​
Досега најстариот податок за прото Македонцитеплемиња од бронзениот период кои го населувале просторот на Македонија – се наоѓа кај Хеланик од Лезбос (V век пред Ис.Хр). Тој запишал дека Македонците живееле меѓу (со) Мизите. Овој податок се однесува на прото-македонските племиња кои живееле во периодот меѓу првата и втората индоевропска миграција, т.е. во временската рамка меѓу III и крајот на II милениум пред Ис.Хр.

Сепак, најстарите, сигурни, досега познати, пишани податоци за Македонија се наоѓаат во хомеровата Илијада, дело кое се однесува на настани датирани негде во XII – XI век пред Ис.Хр. Во Илијадата, меѓу сојузниците на Троја, се спомнати Пајонците кои со најновите научни сознанија е потврдено дека најверојатно биле со македонско етничко потекло; во Илијадата се спомнати пајонскиот град Амидон кој се наоѓал на устието на р. Аксиос (денешен Вардар), како и македонските области Пиерија и Ематија. Во Илијадата е забележано и името на родоначалникот на македонското племе Пелагонци, митскиот Пелагон.

Досега најстарото запишано име кое се однесува на Македонија, а е користено од страна на грчките морепловци, е Ематија. Поконкретни податоци за името Ематија има кај Страбон (64/63 пр. Ис.Хр. – 23 г.н.е.), Плиниј Постариот (23 – 79 г.н.е.) и Стефан од Бизант (VI в.н.е.) кои запишале дека тоа е првобитното име на Македонија. Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајга.

Лингвистите, името Ематија го изведуваат од грчкиот збор amathos што значи песочен, песочно. Оваа препоставка дополнително добива на тежина ако се има предвид кажувањето на античкиот географ Птолемај кој соопштува дека со ова име се означувал источниот крајбрежен дел од античка Македонија кој бил песоклив.

Почнувајќи од VIII – VII век пред Ис.Хр. името Ематија е потиснато од името Македонија. Ова најверојатно се должи на фактот што првата македонска кралска династија Аргеади потекнувала од областа Орестида (Костурско) чие постаро име било Макета. Со текот на времето името Македонија добива не само географско туку и политичко значење. Тоа не е само географски поим туку и име на македонската држава и етносот кој ја населува Македонија, а кој по потекло е сосема различен од било кој друг етнос на Балканот во тој период.

Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија.
Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Ѕевс и Тија.
Во врска со оваа генеалогија сочувани се три критички забелешки (коментари или схолии) кои се однесуваат на дополнување на истата. Според првата забелешка (схола) Македон е син на Дион и Аитхија, според втората на Диос и Аитхија, а, пак, според третата тој бил син на тој бил син на Диос и Аитхрија. Очигледно е дека зад Дион/Диос се крие врховното божество кај античките Македонци, а Аитхија е всушност македонската Атена посведочена на монетите со штит во левата и молња во десната рака.

Втората генеалогија за името Македонија е забележана кај Аполодор Атински (II век пред Ис. Хр.) според кого Македон е син на Ликаон кој имал дури 50 синови.

Третата генеалогија за името Македонија е забележана од Диодор Сицилиски (I век пред Ис.Хр.). Според оваа генеалогија, Македон бил син на египетскиот бог Озирис.

Освен овие три, во различни периоди од антиката, постоеле и други помалку популарни генеалогии преку кои се објаснувало потеклото на името Македонија. Па така според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.
***​
Што се однесува до современата наука постојат неколку тези за етимологијата на името Македонија. Според првата, името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.

Своја теза за името Македонија и етниконот Македонци дава М. Будимир кој смета дека се работи за грчки превод на нивното изворно име Кауконци. Наспроти овие толкувања, најновите истражувања со голема веројатност упатуваат на тезата дека името Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Имено, Бригите биле најстариот етнички супстракт кој учествувал во етногенезата на античкиот македонски народ и оттука мошне е веројатно дека и името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја и името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја.

ова е линкот, прочитајте:
http://refleksii.blog.mk/2008/03/16/etimologija-na-imeto-makedonija-od-kibicer/

Понатаму, најблиску со своите размислувања до претставеното на темава дојде Мајкл А. Димитри, по потекло Македонец, чиј предлог се согласува по првиот дел од името - МАКЕ, но за вториот ја застапува варијантата дека -ДОН означува подарок, дар, дадено.

Повеќе може да прочитате во книгата од Џон Ши на стр. 42:
http://books.google.pl/books?id=JFohARk4i-AC&printsec=frontcover&dq=john+shea+Macedonia&hl=pl&ei=yY1aTdzdGoqH5AaQ9ojECw&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=1&ved=0CDUQ6AEwAA#v=onepage&q=name&f=false


Потоа и на следниов линк можете да ги најдете гореспоменатите и некои дополнителни размислувања:
http://volanskopje.blog.mk/2008/08/02/makedonija-macedonia-etimologija-na-imeto-makedonija/


Од целава мешаница, само неколку можеме да ги третираме сериозно, повеќето од цитираните “антички“ автори немаат еднозначен став и тоа покажува дека и нив мораме да ги земаме со голема резерва, плус можноста нивните оригинални записи да бидат деформирани од трети страни во име на модерната грчка пропаганда.

Нам ни преостанува да истражуваме самите за себе и да усогласиме една теорија, која е најсилна за докажување и сузбивање на грчките пропаганди.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Зборот ДОН всушност значи “господар“, “владетел“ (и денес во Италија и Шпанското говорно подрачје се користи во таа форма) и е раширен на целиот европски континент и многу брзо станал општа именка за именување на Бог (па и сега за Бог велиме : Господ, без наставката -ар). Користен е при некои топоними како на пример за реката Дон која е така наречена поради својата големина, но и за државата Данска (Ден-марк, каде што Ден значи “господар“, а марк значи “земја“), реката Јордан, реката Данубиус (Дунав), а бидејќи Богот Дан бил Бог на светлината, по него е наречен и светлиот дел од деноноќието : денот, но и ѕвездата што го најавува денот - Деница.
Во Келтската митологија со името Дана, односно Дану (Ану или Данаан) е именувана “божицата мајка“, но тука е и античката Данаја (или од Индиската митологија : Данају = мајката на Вритра и другите змејови). Тука е и Индискиот Данвантари = Бог на вражањата, митолошки автор на “Ајурведа“. Имаме и лични имиња како на пример Данаил (буквален превод : Богот Ил, Господарот Ил...). И именката за народ или земја : дуња можеби потекнува од истиот збор, па нели сите сме Божји чеда?
Со негова мала трансформација се добива и именката Деус (индискиот Дјаус - што е исто), Диос и Тхеос односно Теос, Зеус - Ѕеус - Зевс и т.н.
Ако во овој контекст се анализира името Македонија (доколку за “Маке“ се земе во предвид најлогичното толкување до сега : “мајка“) се добива “преводот“ : - “Божица мајка“, израз кој го изговараме со секое ново археолошко ископување на нејзините симболи... Воедно, потеклото на името Македонија со тоа се враќа далеку во предисторијата, во спокојниот живот на матријархатот, кога Божицата Мајка раководела со животот на луѓето, а жените не дозволувале нивните рожби да гинат во бесмислени војни...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Кога веќе е спомнат култот на големата божица мајка, еве два артефакта на кои таа е претставена

V милениум п.н.е. Тумба, Маџари,



V милениум п.н.е. Церје, Говрлево
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Не случајно долниот дел (родницата) е претставен во вид на куќа во која горел оган. Жената била таа која ја “држела“ куќата, чувар на огнот и “огнот“ (животот) на едно семејство (куќа). Поврзаноста на жената со куќата и огнот се задржала во некои обичаи и денес : на пример кога стројниците ќе дојдат во куќата на момата да ја бараат невестата, стројникот (или свекорот) пред што и да каже ја зема машата и го промешува огнот (жарот) во огништето, а кога ја носат невестата дома свекорот ја удира главата на невестата (нормално, благо и симболично :)) од огништето или оџакот... Значењето на овие постапки ќе одземе повеќе време ако ги појаснувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom