Постои опасност ѕидот од Долни сарај да се урне во езерото

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Постои опасност ѕидот од Долни сарај да се урне во езерото

Ѕидот што го држи Долни сарај, една од сцените на Охридско лето и омилено место за посета на гостите и Охриѓани, може да се урне в езеро.

На неговиот горен дел има голема дупка, формирана по отпаѓањето на камени блокови. Ронењето на ѕидот претставува опасност и за минувачите на мостот на желбите, поради што деновиве беше поставена и предупредувачка табла.

„Знаеме за овој проблем и заради тоа реагиравме. Уште пред три години Заводот и Музеј поднесе проект до Министерството за култура за санација на овој дел. Проектот чини 3 милиони и триста илјади денари. Кога ќе ги добиеме тие средства за да ја започнеме санацијата не зависи од нас, туку од финансиските можности на министерството." изјави директорката на завод и музеј Тања Паскали-Бунташеска.
lihnid
 

Kajgana Shop

На врв Bottom