Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Kon-Tiki (2012)



Потикнат од доброто искуство од Норвешките Headhunters и Max Manus решив да го погледнам и овој филм режиран од истиот режисер на Max Manus и морам да кажам дека не погрешив. Се работи за најскапиот филм во нивната историја и номиниран за Оскар и Златен Глобус за најдобар странски филм.

Станува збор за авантура / драма филм инспириран од вистинска приказна кој што се одвива во 1946-1947ма година. Во која главниот лик Тор е авантурист од Норвешка кој се обидува да ја докаже својата теорија која тој ја работи 10 години а заклучокот се противи на сите дотогаш познати факти за тоа кој ја населил Полинезија. Според неговите истражувања Полинезија е населена од Јужно Американските народ а не како што дотогаш се мисли од Азијците. Потикнат од тоа дека сите експерти со потсмев гледаат на неговата теорија за која тој има докази се решава да го копира неверојатното патување за кое тој верува дека се случило пред 1500 години и со сплав решава да помине 8000 километри од Перу до Полинезија.

Неверојатно убаво направена авантура која неодоливо потсетува на Life of Pi и која сигурно да беше американски филм ќе го доживееше истиот успех. Приказна во која се прикажува дека позитивната мисла и вербата во нешто може да победи речиси се.

Одличен, одличен филм. Го препорачувам на сите со мала забелешка исклучиво да го гледате во HD или HDRip бидејќи изобилува со убави кадри, а имате такви десетици верзии на PirateBay и Kick Ass Torrents. Од мене добива 9/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.348
Поени од реакции
57.997
И така јас гладен за добра акција одам на благајна и викам: „сестро, давај нешто со 50+ мртви, крв до колена да има...“ по што добив влезница за

Olympus Has Fallen (2013)
со Џерард Батлер во улогата на Брус Вилис од Умри Машки.

И сега си викам зошто не може Кетрин Бигалоу да направи вакво патриотско срање кога веќе прави патриотски срања? Режисерот опасно му се приближи на Тарантино, мислам дека Белата Куќа на крајот беше повеќе црвена од сите тие мозоци кои се распрснуваа на сите страни по тоа ѕидовите. Да го правеше Тарантино филмов сите ќе му јадеа бурек дека толку и толку крв од толку луѓе не може да излезе.

Ако крв не фалеше, се друго фалеше. Во филмов има нула ликови, пошто нула минути е посветено време на обработка на некој лик. Ситуацијата дакле е премногу сериозна за да губиме време со тоа кој-што-чоек-е и што го инспирира да се однесува вака или онака во дадена ситуација. Дека е сериозна ни кажуваат и фанфарите во позадина кои никако да се исклучат во пола филм. За хумор исто така нема време веројатно поради присуство на премногу бели луѓе во филмов и затоа што не можеле да го ангажираат Вил Смит. Тој барем вицови ќе ни кажуваше додека ќе ги убиваше скотовите.

Џон Меклејн бе стана алкохоличар откако не ја ангажираа жена му во тројката, па дури и на телефон и вртеше иако оваа не беше во филмот. Мајк Бенинг се справува со сопствените демони поинаку - во еден момент има 10 секунди сцена во која се присетува на минатото и на крајот има 10 секунди муабет на телефон со девојка му. Се останато со Мајк Бенинг е Џон-Меклејн-е-сега-ќе-видите-кој-сум акција. Оттука, Џон Меклејн е џоа мало дете за Мајк Бенинг кој може да сними втор дел и да го одбрани Пентагон, самиот.

Морган Фримен не знам дали имаше вкупно 10 проширени реченици, а белиот витез од Готам Сити, Арон Екарт, го помина филмот врзан и седнат на г'з, за што поевтино ќе ги фатеше да ангажираат некој Црногорец. На почетокот кога го покажаа во ринг како боксува си реков кичми ќе им крши или барем ќе прави бељи ко Харисон Форд во Airforce One, или Авионот на Претседателот како што своевремено ни нацрта Миланка Рашиќ. Веројатно не сакале да го уморат многу го чувале за на крај да каже God Bless USA. Што, спојлерче? А што сакате вие во клише филм, да го убијат прецедникот? Шо ве глеам за никаде...

Оној Кореецот како и да е, добар негативец, old school. Дури ни тоа што беше нашминкан со кило кармин не ја намали тензијата што ја создаваше покажувајќи дека човек стварно може да биде тешко гомно посебно ако го платат во Холивудски филм. Добар избор во секој случај.

За содржина не прашувајте. Акцијата е како во сите нови филмови, мора да го гледаш три пати за да сконташ кој кого и зошто.

Значи, чиста седмица за филмов. Сега ако се чудите зошто по толку јадење бурек му давам 7ца, тоа е затоа што отидов да гледам тепачка, а тепачка имаше, и покрвава отколку што очекував. Друго не ме интересира. Му одземам само три поени: поен затоа што нема хумор, поен затоа што нема секс сцена и поен затоа што го нема Џо Пеши.

А како што ни посведочи своевремено чичко Џорџ Карлин: Joe Pesci doesn't fuck around. HE DOESN'T FUCK AROUND!

God bless Joe Pesci!
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Hot Fuzz 2007


Љубоморните колеги решаваат да направат мал заговор за да го преместат најдобриот полицаец во Лондон да оди во некое мало село каде што нема криминал. Со мало несогласување Nicholas Angel е приморан да биде преместен без разлика што тоа не му се допаѓа воопшто. Во првите денови ќе се запознае со еден од неговите колеги во малото село и ќе почнат да ги забележуваат сомнителните движења на граѓаните.

Не знам оти воопшто сум го избегнувал филмов, вчера видов препорака за филмов и решив да го гледам, урнебесна комедија и добра крими приказна, јако филмче до самиот крај, филм кој што мислите дека ќе ве заспие ама некаде на средината од филмот ќе ви го привлече вниманието. Интересно филмче, на imdb има оцена 7.9 и сосема заслужено, ако сте љубител на ваков жанр тогаш нема промашај.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Барав различен филм од секојдневното срање што ни е наметнато преку форсиран маркетинг. Филм кој ќе ме воодушеви и ќе ми го задржи вниманието до самиот крај. Филм кој ќе ме натера да разсмислувам со денови. Филм со подлабоки и значајни теми од секс и брзи коли...

И го најдов:
Дејствието се одвива во средниот век. Витезот Антониус Блок се враќа од крстоносните војни во неговата земја, каде што луѓето умираат од чума. Смртта сака да го земе и него. Антониус ја предизвикува Смртта на шах и во меѓувреме паѓа во депресија поради отсуството од Бог.​
Шведски филм со сценарио и режија на Ингмар Бергман. Оригиналниот наслов е Det sjunde inseglet​
wiki напиша:
The title refers to a passage from the Book of Revelation, used both at the very start of the film, and again towards the end, beginning with the words "And when the Lamb had opened the seventh seal, there was silence in heaven about the space of half an hour" (Revelation 8:1). Here the motif of silence refers to the "silence of God" which is a major theme of the film​
Низ целиот филм течат дијалози меѓу двајцата главни лика. Разни теми се протегаат низ филмот: религија, смрт, надеж, смислата на животот...сите тие теми се добро претставени од двата лика и оставаат простор за размислување и дискусија на гледачите.​
Никогаш до сега немало да поверувам дека би ми се допаѓала глумата на сите актери во филм, поготово не во црно-бел. Но, ете, за се има првпат. Ова беше првиот пат каде што бев воодушевен од глумата на сите актери во филмот. Посебно од Gunnar Björnstrand кој мајсторски ги прикажа сите емоции на ликот Антониус. Само пофални зборови и за Bengt Ekerot, не е лесно да се одглуми бесчуствителната, длабоката Смрт.​
Им го препорачувам филмов на сите што се спремни малку да го искористат мозокот.​
Абе луѓе, шо ви е :D Нема шанси јас да гледам црно бел филм што не е за сите, а не па рецензија да напишам за него. Кај црно-бел, па и фореин е бе! :D Ептен ради први април морав нешто вака хипстерски да направам. Криво ми е што не знам да склопам подобра рецензија што ќе изгледа попаметно, ама ај, this gets the job done
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Iron Man (2008)


Кога богатиот индустријалец Тони Старк е приморан да направи оклопно одело за да избега од терористите тој го создава неговиот нов изум, по ослободувањето од терористите тој решава својот изум да го користи во битката против злото.
На imdb има оцена 7.9 која што е смешна за филмов, доста преценет филм.

Iron Man 2 (2010)


Поради неговото суперхеројско алтер-его, Тони Спарк мора да се соочи со смртни прашања кои се однесуваат на владата, неговите пријатели и неговите нови непријатели.
На imdb има оцена 7.1 која што е пак смешна за филмов...

Ако го имаш гледано филмов читај, ако не врати се откако ќе го изгледаш.
Ужасни два филма, на youtube гледам лајкови и коментари и им се чудам на луѓево, до толку ли бе не знаете да оцените добар филм, ова стварно е катастрофа. За глума не праам муабет, приказната едноставно пали кај деца од 12 години. Ќе почнам од кецот, роботот на противникот беше 10 пати подобар од неговиот, акција во филмов 0, на почетокот си мислиш ќе има тука јака борба ама ништо, цел филм глумење лудило и на крајот го поразуваат Старк и овој иде со одлична идеја и го поразува роботот на противникот со идеја која што не знам како да ја наречам...И на imdb има оцена од 7.9.
Одиме со двојката, си викам кецот е само за запознавање на ликот и сеа очекувам многу подобра акција во вториов дел, ама оно истото срање само во различно пакување, пак роботот е 10 пати подобар од неговиот и на другар му и сеа пак иде со одлична идеја да го заврши филмов и да го заебе и вториов дел, сеа тројкава не се трудам ни да го гледам, не ми треба уште едно срање во боја. Го избегнував филмов 5 години да не го глеам, ама ај си викам ќе му дадам шанса да видам што е, ама дефинитивно 4 саата лошо потрошени од мојот живот. Ако не си го гледал а го читаш ова тогаш премини на друг филм, заштеди 4 саата од ужансово мачење.
 

Дејмон

Night butterflies dating for special occasions
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Филм на Гај Ричи во кој во главните улоги се Џерар Батлер и Том Вилкинсон. Комплицирана приказна како што тоа е и во повеќето филмови на Ричи. Така да ќе го скокнам тој дел да не би спојлнал нешто.​
Воглавно, одличен филм кој би требало да му се допадне на секој кој што го има гледано "Snatch" пошто се многу слични. Ако во "Snatch" ви се допаднал ликот на "Rus Boris" овдека имате двајца негови земјаци кои се би можел да кажам полуди и од него. Да не должам пошто стварно би можел да претерам со спојлери, погледнете го филмов нема шанси да зажалите.
На имдб има оцена 7,3 и ми се чини дека е малце подценет.
Ја му давам најмалку 8,3.

 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Тhe girl next door
Искрено морам да кажам дека филмчево е помалце тинејџерско,ама дека ги заминав тие години и многу ми се допадна топло го препорачувам!
Филмчево е нешто како Shes out of my ligue ,гикче успева да се спои со девојка рејтинг 10 и интересни сплетки се случуваат!
10/10 Рејтинг и Eлиша Кутберт е едноставно прекрасна,просто човек да се заљуби во неа :D:love:

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.404
Поени од реакции
6.024






Бев голем скептик околу филмов бидејќи очекував досадна драма со изобилство тажни сцени за некој инвалид и неговиот црномурест помошник... очекував уште еден филм кој ќе го в бројам во купот на филмови кои ги изгледав неделава и кои не ми оставија ама баш никаков впечаток. Среќа се излажав. Филмов ми е позитива на неделата а воедно еден од ретките филмови кои сум ги излгедал последнава година- две ,а ми оставиле длабоки импресии .

Најпрвин, филмов не е баш филозофски, туку напротив лесна драма комедија која на многу интересен начин секундарно обработвит посериозни теми, шо мене ми дојде ко кец на десетка бидејќи ми беше дојдено преку к. од пресериозни драми.

Второ, во филмов имат песна од нашиот најдобар бенд Нокаут која за жал не е во оригинал туку препеана од некои американски дебилчиња .:icon_lol:

И трето, цело време филмот одржуваше некоја атмосфера почнувајќи од интересните дијалози се до прекрасниот избор на музика кога нив ги немаше.

Ко шо би рекол нашиот модератор Џимеј по повод оценвењето,a и пошо е сезона на бумбари, од мене го имат најбелиот бумбар филмов :).
 
H

HoT IcE

Гостин
Одамна се спремав да го гледам Green Street Hooligans, али се го одложував ради разно разни причини. Најверојатно поради тоа што трејлерот не ме привлече. Иако се работи за стар филм, допрва сега имав прилика и време да го изгледам.
Значи на кратко, одличен филм, одлична приказна и глума од Пит и Мет, пријатно изненаден од глумата на Пит особено. Прејако филмче, сеуште се чудам како можев толку време да одложувам волку добар филм со интересна приказна.
Оценка 10/10.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Secret Window 2006


Johnny Depp како Mort Rainey е неодамна разведен писател, кој одлучува некое време да помине во неговата куќа за да ја заврши својата книга. Тој ја завршува неговата книга но обвинет е за плагијат од страна на непознат човек по име John Shooter кој што упорно ја бара правдата.

Немам забележано некој да го спомне филмов, мене искрено многу ми се допадна, препорака од мене за сите љубители на мистерија, гарант ќе ви биде перфектен, филмов докажува дека Деп го бива за секаква глума. Но доста потценет филм со оценка од 6.5 на imdb, уште еден доказ дека оценката не секогаш го отсликува филмот.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.486
A Perfect Getaway


Не сум голем љубител на ваков жарн на филмови , но решив да го погледнам по препорака.
Млад брачен пар одат на Хави на меден месец. Шетајќи по прекрасните места ќе се запознат со еден сомнителен човек. Многу наскоро ќе стане тензично , а уште повеќе кога парот ќе дознае за мистериозното убиство што се случило.
Ми се допадна преубави места непредвидлив расплет :) и малку нерелни сцени од мене 7/10
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Goodfellas (1990)



Се работи за крими / драма која се сличува во од 60тите до 90тите години од минатиот век и е инспирирана од вистински настани.

Главната приказна се врти околу ликот на Херни (Реј Лиота) и за тоа како тој од дете со текот на годините се издигнува по пирамидата на ранг во италијанската мафиа. Секако настаните околку ликот на Хенри се поврзани со безброј ликови на останати мафијаши и нивни помошници како се разбира и нивните жени и љубовници.

Нема да пишувам многу бидејќи воопшто не сум воодушевен од филмот и го сметам за еден од најпреценитети филмови според рејтинг на IMDB. Не сум сигурен како издржав 2 часа и 20 минути да го догледам, веројатно да не имаше толку висока оцена немаше ни да го погледнам. Од мене добива 6/10
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Reservoir Dogs
Оценката на ИМДБ му е мн не реална според мене.Не дека филмчево е тапа али за 8,4 очекував мн повеќе.
Група криминалци собрани на едно место,никој од групата незнае ништо за другите членови,единствено нешто што ги поврзува е шефот за кого работат.Прават грабеж кој не им успева во целост и се појавуваат сомнежи дека некој од нив е цајкан и ги предал претходно
7/10 од мене
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Heat (1995)



Во недостаток на добри нови филмови нешто преминав на постари, веројатно повеќето како и јас го имаат гледано Heat ако не целиот барем некои делови ама еве ќе пишам пак нешто за филмот.

Се работи за акција преполна со фантастични глумци Пачино, Килмер, Де Ниро, Воит и прекрасни жени како Ешли Џад и Натали Портман.

Дејствието се случува во L.A и е поврзано со група на криминалци кои ограбуваат банки (складишта, транспортни средства) и потрагата по нив од страна на полицијата од L.А предводена од Пачино. Во филмот се случуваат и уште 10тина приказни поврзани со главната кои се исто толку интересни. Веројатно неможе да се нарече трилер бидејки крајот е малку предвидлив ама сепак патот до крајот на филмот е многу интересен и исполнет со голем број пресврти. Веројатно токму и поради големиот број ликови и настани филмот е многу долг цели 2 часа и 50мин.

Одлична ретро акција која вреди да се погледне од мене добива 8/10
 
M

Muranyi

Гостин
The kingdom(2007)



Не можам да си опростам што сум го пропуштил филмов,дури повеќе од 5 години.

Филмов е инспириран од бомбашките напади во Ријад и Кобар на 12.Мај,2003 година кои однесоа повеќе од 50 животи и над стотици повредени.

Режиран е од страна на Питер Берг,а во главните улоги се Џејми Фокс,Крис Купер и Џенифер Гарнер.

По бомбашките напади,САД инсистираат да земат свое учество во истрагата на кое што Кралство Саудиска Арабија жестоко се противи,во страв од губење на репутацијата и авторитетот на Принцот во својата земја.Но,специјалниот агент на ФБИ Роналд(Џејми Фокс),кого го ангажираат за случајов,ги потегнува своите врски и познанства во САД,па со помош на уцена ФБИ добиваат зелено светло да допатуваат во Саудиска Арабија за да спроведат истрага за случајот,која ја споредуваат како "истрага на Марс".

Наоѓајки се на прилично незгодна и за нив непозната територија,истрагата неминовно ги води кон ќелија на Ал Каеда,која ужива наклонетост на локалното население и логистичка подршка,нивните животи се наоѓаат во опасност.

Посебно ме трогна ликот на поручник Фарик ал Гази(Ашраф Баром),кој е задолжен за безбедноста на Американците.

Се на се,се работи за добра драма-трилер со пар моменти на акција,која јас лично повеќе ја очекував,но тоа воопшто не ми беше разочарување.Напротив,според мене филмов си ја заслужува 7-цата на IMDB,јас би му дал 8 со мирна совест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom