Размислував и за кривична пријава, ама во овој случај би било мојот збор против нивниот, со оглед на како што кажа позитивниот за среќа исход на ситуацијата, реални докази немам, за постпородилната инфекција ќе се извадат дека кај скоро секоја трета родилка се јавува и обично вакви случаи се пријавуваат кај директорот на клиниката или евентуално поситните кај главната сестра. Едноставно знам од искуство дека вакви работи се заташкуваат, за вакви работи се превзема мала одговорност и тоа е факт. Откази од клинички не добиваат дури и ако имаат 3 пријави годишно, свикуваат дисциплински, ги казнуваат и пак се по старо. Еве последни 4 години сум таму, не слушнав за ниеден случај да биде избркан некој од работа заради професионална грешка, а за професионални грешки се изнаслушав за цел еден век да седнам и да пишувам.За неколку месеци се враќам на работа и ќе се обидам да дејствувам во насока на промена на ова, моето готово- заврши и ќе се заборави, ама не сакам некоја друга да помине низ истото. Ќе се зголеми свесноста кога ќе добијат медиумско внимание и кога ќе добијат закани и кога ќе се соберат група на жени кои имале лошо искуство таму ( а верувам ги има многу, барем од групиве на фејсбук, од форумиве и од моите пријателки кои поминаа од таму ).
Што се однесува до случајот во Гевгелија, дали знаете дека голем број на анестезиолози во Македонија и доктори од друга бранша сметаат дека тоа не било нивна грешка туку грешка на директорот што ги врбувал константно да бидат на повик единствениве анестезиолози во тој регион. Па и они биле луѓе морале некогаш да одат на свадба или на некоја друга прослава и да се напијат нешто, па сега што некој настрадал ете така се погодило ! Не ми се веруваше дека се најдоа група на ,,стручњаци,, да ги оправдаат неодговорниве и без ронка совест што упропастија 2 човечки животи...
И кога ќе се изнаслушаш вакви глупости и кога очите се ќе ти видат директоно на местото на злосторот, знаеш што ќе си кажеш ? Ексик се нека оди, ќе си ја гушнам ќерка ми.