Помош за каматна стапка !?

Член од
30 август 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ве молам да ми објаснете нешто во однос за каматната стапка.
На следната страна се дадени каматните стапки за два вида штедење, едното со орочена исплата и едното со исплата на секој месец:
http://unibank.com.mk/categories/view/459
Мене ме интересира во однос на штедење со месечна исплата, имено каматна стапка за орочено штедење изнесува 4.50%. Дали секој месец ќе се исплатува камата од 4.50% или на крајот од 36те месеца збирот од сите тие месеци од три години ке изнесува 4.50% бидејки тешко ми е да поверувам дека секој месец може да има толку голема каматна стапка?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Јас како што знам тие каматни стапки се на годишно ниво. независно за бројот на години со тоа што главницата не може да ја чепкаш до крајот на одочувањето а на годишно ниво добиваш ете пример 4,5. Значи на 1000 денари ќе добиеш 45 по година, за три години +135.
Ова само од општи информации, некој стручен можеби повеќе.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ве молам да ми објаснете нешто во однос за каматната стапка.
На следната страна се дадени каматните стапки за два вида штедење, едното со орочена исплата и едното со исплата на секој месец:
http://unibank.com.mk/categories/view/459
Мене ме интересира во однос на штедење со месечна исплата, имено каматна стапка за орочено штедење изнесува 4.50%. Дали секој месец ќе се исплатува камата од 4.50% или на крајот од 36те месеца збирот од сите тие месеци од три години ке изнесува 4.50% бидејки тешко ми е да поверувам дека секој месец може да има толку голема каматна стапка?
Па се ти е убаво објаснето на линкот што си го постирал. Доколку ставиш 1000 евра во банката на штедење, и ги орочиш на 3 години, три години ти расте по 4.5% месечна камата на тие пари, но можеш сите да ги извадиш дури по истекот на договорот за тие три години.

А месечната исплата ти е секој месец ти да си ја зимаш каматата од 4.5% додека главнината ( пример 1000 евра ) си стои и немаш право да ја повлечеш се до истекот на договорот.

Процентот на каматната стапка зависи од тоа колкав изнов сакаш да орочиш, на колку месеци и во која валута. Исто така зависи и од банка до банка, не се кај сите банки истите правила.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Номинални каматни стапки на депозити на физички лица, изразени на годишно ниво.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Ве молам да ми објаснете нешто во однос за каматната стапка.
На следната страна се дадени каматните стапки за два вида штедење, едното со орочена исплата и едното со исплата на секој месец:
http://unibank.com.mk/categories/view/459
Мене ме интересира во однос на штедење со месечна исплата, имено каматна стапка за орочено штедење изнесува 4.50%. Дали секој месец ќе се исплатува камата од 4.50% или на крајот од 36те месеца збирот од сите тие месеци од три години ке изнесува 4.50% бидејки тешко ми е да поверувам дека секој месец може да има толку голема каматна стапка?
Ако депонираш 60 000 денари за месечна исплата на камата за рок од три години ќе ти оди вака. 4.5% од 60 000 ти е 2700 денари. Тоа ти е годишната камата, односна каматата за 12 месеци. Значи првата година месечно ќе добиваш по 225 денари (2700-вкупна камата за првата година, поделено со 12-месеци во годината).
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ако депонираш 60 000 денари за месечна исплата на камата за рок од три години ќе ти оди вака. 4.5% од 60 000 ти е 2700 денари. Тоа ти е годишната камата, односна каматата за 12 месеци. Значи првата година месечно ќе добиваш по 225 денари (2700-вкупна камата за првата година, поделено со 12-месеци во годината).
Мала шала :) Значи треба да имаш 6 милион (100.000Е) за да само од камата месечно си земаш една „просечна“ македонска плата без да работиш ништо. Онака лагано капа на страна и да не ти чуе :D Кога е тоа лотото да го играме :D
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.057
Поени од реакции
17.751
Мала шала :) Значи треба да имаш 6 милион (100.000Е) за да само од камата месечно си земаш една „просечна“ македонска плата без да работиш ништо. Онака лагано капа на страна и да не ти чуе :D Кога е тоа лотото да го играме :D
Па види сега штедењето во банка е најмалку ризичното штедење, всушност дури и нема ризик. Дури и да пропадне банката за што шансите се еден спрема милион што се вели, постои фонд за осигурување на депозитите кој гарантира фул исплаќање на депозитот ако е до вредност некаде од 30 000 евра. И нема ништо чудно во тоа што каматите се ниски, бидејќи ризикот е комплетно исфрлен. Не може ти да очекуваш да добиваш 10% камата, што значи капиталот за една година да ти се оплоди за 10 проценти од вкупната вредност, а притоа да не ризикуваш воопшто. Има инструменти на пазарот на пари и пазарот на капитал кој носат поголеми приноси, но се разбира и поголеми ризици од губење на парите. Сепак во Македонија развојот на тие пазари е на нулта ниво, па затоа на населението му останува да штеди во банките за ниски камати, а на банките тоа комплетно им одговара бидејќи пребираат огромни средства и се способни да кредитираат со висока камата, а прилично низок ризик. Исто така ги прави и најдобри играчи за откуп на државни обврзници кој се 100% сигурни хартии од вредност и на тој начин банките постигнуваат една голема рамнотежа која дури ги осигурува и доколку се јави поголем проблем при наплата на побарувањата од кредитираните субјекти.
 

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
30
иМАМ земено кредит од тутунска банка...100,000ден,имам остаток уште 77,000ден денес аплицирам за 200,000ден со тоа што од овие 200,000ден ке си го исплатам стариот остаток 77,000ден а рестот пак на рати како што и следува...суштината ми е .дали јас сега треба да вратам 77,000ден или ке имам некое намалувње на каматат т.с ке треба да вратам околу 72,000 т.с дали нешто ме следува за предвремно исплакање?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
суштината ми е .дали јас сега треба да вратам 77,000ден или ке имам некое намалувње на каматат т.с ке треба да вратам околу 72,000 т.с дали нешто ме следува за предвремно исплакање?
Зависи од амортизациониот план на кредитот. Ако ти била фиксна ратата за кредитот тогаш со почетните рати претежно си отплаќал камати а малку од главницата. Пиши повеќе детаљи за амортизациониот план, па може и ќе ти дадеме поточна бројка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
иМАМ земено кредит од тутунска банка...100,000ден,имам остаток уште 77,000ден денес аплицирам за 200,000ден со тоа што од овие 200,000ден ке си го исплатам стариот остаток 77,000ден а рестот пак на рати како што и следува...суштината ми е .дали јас сега треба да вратам 77,000ден или ке имам некое намалувње на каматат т.с ке треба да вратам околу 72,000 т.с дали нешто ме следува за предвремно исплакање?
Во амортизациониот план ќе ги собереш сите суми за отплата на главница што досега си ги отплатил и ќе ја добиеш сумата која всушност ти го намалила основниот долг. Ратата што ја плаќаш е збир од сумата за отплата на главница и каматата. Сето ова го има во планот.
А за предвремена отплата не ти следи ништо, биди среќен ако немаш пенали за тоа. А најдобро да појдеш во банката и се точно ќе ти пресметаат и објаснат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom