Положба на малцинствата

Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Положбата на малцинствата отсекогаш било чувствително прашање за сите држави во светот. Разни протести, бунтови, уништување на држави, бутање на влади и уште многу други вакви појави се случиле поради прашањето за положбата на малцинствата.
Во ООН не постои дефиниција за малцинства, ниту пак постои некоја прогласена дефиниција. Но, од книгите од правните науки општо е прифатено дека малцинство е минорна група во една држава, кои има верски, етнички, јазични, културни разлики со мнозинството во државата и постои колективна волја за задржување на разликите кои и даваат посебност на оваа група. Оваа дефиниција е најмногу користена во многу книги затоа се смета и за општо прифатена.
Во меѓународното право познати се неколку познати видови на политики кои државата може да ги спроведе кон малцинствата во нејзините граници и тоа, да ги негира дека постојат како народ, да ги толерира односно да признава дека постојат но не им признава посебни права за заштита на нивните права, да ги дискриминира односно да ги потчинува како малубројна група без никакви права, етноцид односно да пробува културно да ги избрише од територијата но не и физички, геноцид односно физички да ги истреби од територијата, да ги признае и да ги заштити со посебен закон за малцинства гарантирајќи ги нивните права, да им даде автономен статус на територијата каде живеат во вид на покраина. Овие видови се попознати во меѓународната заедница.
Денес малцинствата се заштитени во конвенции издадени од ООН, Европа и.т.н.

Прашањето ми е, дали вие мислите дека е потребно да се заштитуваат малцинствата во Македонија со посебен закон гарантирајќи ги нивните права или пак да не постои посебен закон туку да имаат исти права како и сите етнички групи во Македонија, но со забрана за нивна дискриминација како минорна група?
Дали мислите дека се почитуваат правата на малцинствата во Македонија? Дали пак мислите дека малцинствата ги злоупотребуваат своите права овде?
Кои начин според вас, од горенаведените, е најприфатлив за примена кон малцинствата?
Да бидеме цивилизирани и да си ги искажуваме нашите ставови без никакви навреди, потсмев, циничност кон малцинствата. Ќе ве замолам да го поткрепите вашиот став со нешто што држи вода, а не со пристрасност и омраза. Да ги почитуваме и членовите кои не спаѓаат во македонската етничка група односно во малцинствата. Затоа ве замолувам без навреди и ширење омраза во постовите за да не ја уништиме темата.

Па повелете.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Во македонија по најновите измени ја устав мисалм нема малцинства, или грешка сум ?

Устав на РМ напиша:
...
1. Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Прашањето ми е, дали вие мислите дека е потребно да се заштитуваат малцинствата во Македонија со посебен закон гарантирајќи ги нивните права или пак да не постои посебен закон туку да имаат исти права како и сите етнички групи во Македонија, но со забрана за нивна дискриминација како минорна група?
Дали мислите дека се почитуваат правата на малцинствата во Македонија? Дали пак мислите дека малцинствата ги злоупотребуваат своите права овде?
Кои начин според вас, од горенаведените, е најприфатлив за примена кон малцинствата?
Да бидеме цивилизирани и да си ги искажуваме нашите ставови без никакви навреди, потсмев, циничност кон малцинствата. Ќе ве замолам да го поткрепите вашиот став со нешто што држи вода, а не со пристрасност и омраза. Да ги почитуваме и членовите кои не спаѓаат во македонската етничка група односно во малцинствата. Затоа ве замолувам без навреди и ширење омраза во постовите за да не ја уништиме темата.

Па повелете.
1.Малцинствата во Македонија се позаштитени од мнозинството, т.е. едно од нив.Факт.
2.Истото малцинство наведено погоре е редовен злоупотребувач на своите права овде.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Во македонија по најновите измени ја устав мисалм нема малцинства, или грешка сум ?
Уставот се измени со цел малцинствата да се изедначат повеќе со етничките македонци. Сега се нарекуваат етнички групи кои не се во мнозинство. Како и да пишува во уставот во Македонија постојат малцински групи.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Уставот се измени со цел малцинствата да се изедначат повеќе со етничките македонци. Сега се нарекуваат етнички групи кои не се во мнозинство. Како и да пишува во уставот во Македонија постојат малцински групи.
http://www.sobranie.mk/?ItemID=A431BEE83F63594B8FE11DA66C97BEAF
Ctrl + F , пронајдеш малцински или етнички групи те честам... Сега (не сега , измената е од 16 ноември 2001 како што прочитав пред малку) ги изедначија, така да по нивните правила на игра не смееш ни да ги нарекуваш малцинство или етникум туку граѓани на македонија припадници на тој и тој народ ...

Како што рече членот погоре редовната злоупотреба на факат нивното уставно право дава подредена смисла на живеењето на другите и со тоа малкуте ги ебаваат многуте.
 
Имаш посебен Закон за унапредување на заштитата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија. Чим постои ваков закон значи се признава постоење на минорни заедници. Никогаш во Македонија минорните заедници не биле претопени со закон заедно со македонското етничко население.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Имаш посебен Закон за унапредување на заштитата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија. Чим постои ваков закон значи се признава постоење на минорни заедници. Никогаш во Македонија минорните заедници не биле претопени со закон заедно со македонското етничко население.
Грешка го свати маубетот. НИКАДЕ не реков дека се претопени туку се увеличени како народ. Со тоа по непишано правило дека во се што е за вработување во државна институција предност имаат сите освем македонците. Ако Али/Ремзи и слично аплицираат со Митре за исто работно место 99.99% го добиле само заради зголемување на процентот на немакедонците во одредени установи. Никој не може да ме убеди дека пример некои ново вработени во разни инспекциски органи пример во градов (Прилеп) се поквалификувани од македонците кои иначе живеат во прилеп а овие државата има плаќа пат и се останато а идат тука од Кичево/Пласница/Црнилиште/Дебреште/Некои Крушевски села... Ама јбг на прсти се бројат тие што не се македонци по народност во градов. Да не зборуваме за вработени во полиција... Тоа е веќе друга приказна... еве ти само пример за илустрација... Моите потекнуваат од селото Ропотово (на 20 км од прилеп) селото има полициска станица а лупам ако таму работат 40 души, 38 ако не и повеќе се од немакедонска народност.... Зошто таму нема обратна пропорционалсност (?) Али јбг вештачки во општината Долнени споија села кои немаат врска со неа како центар на општинските случувања и кренаа процент на повеќе од 25% па си добија и градоначалник, и двојазичност и се друго што им следува по рамковен...
 
Па да. Може да се каже дека овде во Македонија во обид да се гарантираат и заштитат правата на малцинствата се премина во зголемување на нивните права во однос на правата на нас. Друго е да заштитиш права на малцинства од дискриминација и непочитување, а друго е да му ја зголемиш предноста пред друг, тоа не е штитење. Овде дури се врши и дискриминација на македонците во однос на малцинствата.
Еве пример можам да дадам со тоа што ја укинаа партиципацијата на ромите за семестар по факултетите, а сите други ја плаќаат. Во секој клас по средните школи примаа по еден ром, додека некој македонец што исполнува критериуми за влез во тој клас/ смер и се надева да влезе, не влегува поради приманиот ром. Ова не важи само за средните туку и за факултетите.
Се согласувам со тебе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom