Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.748
- Поени од реакции
- 22.961
Заради поефикасно справување со насилството во училиштата и поголема безбедност на децата, за секое основно и средно училиште ќе биде одговорен полициски службеник.
Tаквата мерка е дел од новиот проект наречен „Полицијата и учениците се дружат“, кој денеска го најавија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за образование и наука Панче Кралев и шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Андреас Брет. Проектот има за цел да ја подобри безбедноста во училиштата и да ја намали деликвенцијата меѓу младите луѓе.
„Проектот опфаќа околу петстотини основни и средни училишта, за кои се задолжени над 150 полициски службеници. Тоа практично значи дека учениците, нивните родители и вработените во училиштата, во секој момент ќе знаат кому да се обратат за каков било проблем, а потоа обврска на одговорниот службеник е да процени дали може сам да го реши проблемот или ќе побара дополнителна помош“, рече министерката Јанкулоска.