Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
ќе има уште вакви idiocracy моменти, ич да не се секирате
 

enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
310
Поени од реакции
922
Добро интервју, оваа Тулси не ја знам, првпат ја гледам, тепав време дур правам ручек ама ми остави многу добар впечаток, со сите воук и ЛГБТ срања, вистинско освежување е да слушаш жена со интегритет, став и љубов спрема држава да збори.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.675
Поени од реакции
38.860
Иначе бродов изгледа бил неисправен. На има проблем со пропулсијата. Фактички пловел со добра брзина и одеднаш губи моќ и се занесува настрана.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
991
Поени од реакции
650
Иначе бродов изгледа бил неисправен. На има проблем со пропулсијата. Фактички пловел со добра брзина и одеднаш губи моќ и се занесува настрана.
Колку што кажаа на вести, изгаснал моторот па во паника пуштиле сидро, сидрото му го мена правецот и го плесна мостот. Работата е што огромна економска штета може да нанесе ова, не за мостот толку многу, туку го блокира пристаништето.
Добро интервју, оваа Тулси не ја знам, првпат ја гледам, тепав време дур правам ручек ама ми остави многу добар впечаток, со сите воук и ЛГБТ срања, вистинско освежување е да слушаш жена со интегритет, став и љубов спрема држава да збори.
Габард беше демократка до пред неколку години. Кога го избраа бајден на конвенција, и таа беше во трката за репрезентативец на демократите. Ама го наместија бајден за избори, после тоа таа излезе од партија.

Инаку е ветеран, има служено во Ирак 2004 и во Кувајт 2008ма како медицински специјалист. Најмладата конгресменка беше кога ја изгласаја во 2002ра, и ако беше во политичка фотења, отиде со Хавајската Национална Гарда во Ирак. Затоа и многу не ја сакаат демократите, оти е скрос против војни. Имаше неколку идеи дека ќе ја земи Трамп како ВП.

Ако сака некој да види јак разговор со неа, имаше podcast со Joe Rogan и Jocko Willink (US Navy Seal Commander, Battle of Ramadi Iraq), прејако.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Се мислев каде да го напишам коментаров дали тука или во темана за Европска Унија па одлучив тука дека е pinned thread. Кој има нешто да додаде бујрум.

Едно предвидување за Америка и Европа, и односите помеѓу САД и ЕУ во наредните 10-20 години.

Исходот од војната во Украина ќе доведе до раскол помеѓу САД и ЕУ. Европа веќе премногу изгуби додека Америка се држи релативно добро.
Трамп веќе најави дека ќе мава рекет и ќе бара останатите НАТО членки да го зголемат нивниот придонес кон буџетот на алијансата. Доколку се врати на власт очекувам да се влошат односите помеѓу Европа и Америка. А и да победи Бајден, ми делува дека е неизбежно некој со исти ставови како Трамп да стане претсадател во наредните 10-15 години.

Следен чекор на Брисел ќе е поголема централизација, цензура и одење фул ЕУССР со цел да им парира на САД и Кина. Ништо чудно и да пробаат да направат ЕУ армија која нема да му се допадне ни на САД ни на Русија.
Меѓутоа Европската Унија не може никогаш да биде САД. Америка е основана од луѓе кои избегале од опресивната Европа, Америка е идеја и начин на живот која за жал се уништува се повеќе и повеќе. Плус еврото нема никогаш да биде како доларот.

ЕУССР не само што ќе биде нападната од надворешни сили, првенствено САД, туку и од внатрешни центри на моќ. Се работи за унија составена од држави/империи со вековен континуитет и само прашање на време е кога национализмот ќе се врати на голема врата. Не може вечно да се игнорираат националните прашања и проблеми на буквално сите држави само за да се задоволат комуњарите во Брисел.

Макрон е олицетворение на оваа политика - кур го заболе за Франција, побитно му е да стане лидер на ЕУ. Чим една Франција која е нели светска сила не може да тера сопствена политика, што останува за останатите.

Еве една тазе анкета - дали држава е на прав пат



Печена е Европа за радикални промени.
Дали ова значи распад на ЕУ? Можеби.

Во Америка како што се менува демографската слика така ќе се менува и политиката.
Процентот на луѓе со потекло од Европа константно се намалаува, а се зголемува на Латиносите. Еден Латино го заболе таквото за Европа.
Војна во Украина? Уво нема да му чуе на некој Гомез или Хернандез кој го води Стејт департментот за немири во Европа. Не се презива Нуландски или Блинкен чии баби и дедовци биле избркани од Русија па да има вековна желба за одмазда и да праќа стотици милијарди долари и тенкови во неповрат.

Исто ќе биде и со Израел, многу маски паднаа после 7 октомври. А статистиката покажува дека младата генерација во САД гледа негативно на Израел. Сепак таа конекција помеѓу САД и Израел е првично европска. Според многумина Израел е последниот бастион на европскиот колонијализам, а згора на тоа ја имаш и колективната вина што ја чувствуваат западњаците за холокаустот.
Латиносите, црнците, азијатите, итн. не се емотивно поврзани со Европа и Израел.

Прашање е како Америка ќе се справи со губењето на статусот на светски полицаец. Дали ќе успеат да ја зачуваат федерацијата и успешно да свртат ново поглавје ќе видиме, само времето ќе покаже.

Просто кажано - светот ќе се врати на геополитичката состојба пред Првата Светска Војна со повеќе регионални сили и неколку доминантни империи.

Дали ова значи повеќе конфликти? Да.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.372
Конечно трансСеверЏганите добија признание.


:oleee:

Браво Јое :yid:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.993
Ептен се искомплицира работава со мостот.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.813
Автоматски споено мислење:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom