Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Да, веднаш по формирање на новата Влада

  • Да, во првата година од мандатот на новата Влада

  • Да, но не веднаш - до крајот на мандатот на новата Влада

  • Нема да го ревидираат, ама нема и да го почитуваат

  • Не, туку ќе мораат да го почитуваат договорот и за внатрешна и за надворешна употреба

  • Не ме засега / Сеедно ми е

  • Не знам

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.188
Поени од реакции
25.872
Pa mislam glaven preduslov za da gi gleas rabotite od istoriska prespektiva, e da postois vo idnina :D Inaku koj kje se povika na istorijata ?
Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе постои во иднина е апсолутно небитно. И тоа е проблемот на Мицкоски, не може да ја мобилизира партиската база, затоа што на таа база не ѝ се бива власт во Северна Македонија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.817
Поени од реакции
35.543
Квислинг од каде потекнувал ако не од Норвежаните? што е важно кога се повторно инсталирани од некој друг. Нема народ на светот кој нема трулеж кој може да биде инсталиран и одржуван како квислиншка власт.

Од каде го извлече тоа дека треба да вработиме уште. Значи ние веќе имаме вработено, треба да им се стават менаџери кои ќе ги тераат да си ја вршат работата. Тоа ни е проблемот што никој ништо не работи.

Ете ние за разлика од Германците преку викенд не фрламе флаши од пиво директно на земја кога ќе ги испиме. Сакаш да отидеме сега на плоштад да искршам флаша да видиме кога ќе ја исчистат? Не може ние да не прљаме колку они што не чистат. Невозможно е тоа. Ние не можеме да имаме свест колку што они не работат.

И што ти вредат тие прогресивни казни, пријавувања, итн ... кога НЕМА КОЈ ДА ГИ СПРОВЕДЕ. Зошто нема кој да ги спроведе? зошто тие на власт ги руинираа сите институции за да нема кој да ги спроведува тие правила и они да можат да прават што сакаат.

Знаеш колку полесно се подига свест кога имаш контрола врз Министерство за Внатрешни Работи и како и да се вика најновата варијација на тајната полиција. Многу брзо наместо како некој попуштен по N`ти пат да се собираат опаковки од чоколатца и шишиња по планини.
Народот ги избира, ако го смениме изборниот модел да може секој да се кандитира и да се гласа за личност, не партија, можеби ќе биде подобро.

Како ќе ги натераш да работат? Решение има, ама не со тие луѓе, ај во комунално не треба многу да мислат, ама во останатите институции треба мнозинството да ги избркаш и да вработиш нови.

Финтата е да има кој да ги спроведе.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.291
Поени од реакции
36.184
Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе постои во иднина е апсолутно небитно. И тоа е проблемот на Мицкоски, не може да ја мобилизира партиската база, затоа што на таа база не ѝ се бива власт во Северна Македонија.
Ептен long shot заклучок. Знаеш и сам зошто Мицковски не може да дојде на власт.

Проблемот на Мицковски е собирање 100 илјади потписи за поништување на Законот за попис, па после неколку месеци правење U-turn и прифаќање на истиот закон и повикување на попишување. Каде отидоа потписите, во која канта? Проблемот на Мицковски е Митко Јанчев. Проблемот му е и заборавањето на тие што заглавија во затвор ради упадот во собрание. Наместо тоа влегува во коалиција Зијадин Села и го задушува целиот ентузијазам од протестите тогаш за “уставобранителите”. Дали побара одговорност или да се најдат виновниците за тие што го убија тој човекот што го тепал Села? Каква порака Дпмне испраќа до нивните членови што застанале на црта кога партијата го барала тоа од нив?

Затоа соодносот со Левица од 4:1 пополека се движи накај 3:1. Треба да е пресреќен што ова се локални а не парламентарни избори.
 
Да, и уште еден куп други глупости што ги направи. Сите од очај и безидејност. А луѓето со идеи, никако да ги убеди да му се приклучат, затоа што не сакаат да се бават со бивање власт ради реда.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.858
Поени од реакции
17.654
Да, и уште еден куп други глупости што ги направи. Сите од очај и безидејност. А луѓето со идеи, никако да ги убеди да му се приклучат, затоа што не сакаат да се бават со бивање власт ради реда.
Кој се тие вмровци што имаат идеи и нејкат да му ги дадат на мицко?
Бидејки од мое опкружување, тие што си беа етаблирани вмровци, што имаа какво такво влијание и ден денес се у вмро. Мицко, Грујо, северна, јужна таму ќе бидат. Партијата ги изгуби само гласачите и најнискиот ешалон, кој сега воопшто не ни гласаат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.188
Поени од реакции
25.872
Кој се тие вмровци што имаат идеи и нејкат да му ги дадат на мицко?
Бидејки од мое опкружување, тие што си беа етаблирани вмровци, што имаа какво такво влијание и ден денес се у вмро. Мицко, Грујо, северна, јужна таму ќе бидат. Партијата ги изгуби само гласачите и најнискиот ешалон, кој сега воопшто не ни гласаат.
Партијата го изгуби цел најблизок круг на соработници околу Груевски. Тие беа 11 години на власт, не беше некој локален ропак што вработувал деца во полиција.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.858
Поени од реакции
17.654
Партијата го изгуби цел најблизок круг на соработници околу Груевски. Тие беа 11 години на власт, не беше некој локален ропак што вработувал деца во полиција.
Еми каде се тие луѓе? Ради северна не учествуваат во партијата или затоа што направија дил со Заев :D? Мислам дека перидов сите до еден дно допираа обработувајки за сдс. Ако такви луѓе се game changerot во вмро, што да ти кажам..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.188
Поени од реакции
25.872
Еми каде се тие луѓе? Ради северна не учествуваат во партијата или затоа што направија дил со Заев :D? Мислам дека перидов сите до еден дно допираа обработувајки за сдс. Ако такви луѓе се game changerot во вмро, што да ти кажам..
Никој од нив не направи дил со Заев. Скоро сите со кои имам контакт се по директорски позиции низ приватни фирми, што тука, што во странство. Не учествуваат во партијата затоа што ВМРО-ДПМНЕ со своите досегашни програмски постулати нема место за функционирање во Северна Македонија. И тоа е основниот судир во десницата, и затоа се ослободи толку простор за разни кловнови.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.858
Поени од реакции
17.654
Никој од нив не направи дил со Заев. Скоро сите со кои имам контакт се по директорски позиции низ приватни фирми, што тука, што во странство. Не учествуваат во партијата затоа што ВМРО-ДПМНЕ со своите досегашни програмски постулати нема место за функционирање во Северна Македонија. И тоа е основниот судир во десницата, и затоа се ослободи толку простор за разни кловнови.
Значи не збориме за низок ешалон, ниту за прв ешалон, министри, градоначалници кој беа на високи позиции во владата на груевски и периодов го дудлаа по портали, туку за некој 3ти? Затоа ме интересираше, кој се ликовите што фалат таму.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.188
Поени од реакции
25.872
Значи не збориме за низок ешалон, ниту за прв ешалон, министри, градоначалници кој беа на високи позиции во владата на груевски и периодов го дудлаа по портали, туку за некој 3ти? Затоа ме интересираше, кој се ликовите што фалат таму.
Цела екипа што му ја помагаше економската политика, му организираше средби со газди, му донесе фирми, му изогранизира директен контакт со Џон Битоф. Не се тоа луѓе што патеа по директорска или министерска позиција, скоро сите имаат супер успешни кариери, и му беа само советници.
 
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
Толку успешна економска политика у време на грујо ? оф леле
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.291
Поени од реакции
36.184
Втор ден како комуњарските ботови на Фејсбук и Твитер доживуваат мелтдаун за акцијата на Левица. Твитови се куцаат, статии се пишуваат, сигурно Џабир и Ордановски сега куцаат некоја силна осуда, некоја паралела со нацисти или фашисти. Вистинско задоволство да се следат во овие моменти како им го креваат рејтингот на Левица :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom