Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Да, веднаш по формирање на новата Влада

  • Да, во првата година од мандатот на новата Влада

  • Да, но не веднаш - до крајот на мандатот на новата Влада

  • Нема да го ревидираат, ама нема и да го почитуваат

  • Не, туку ќе мораат да го почитуваат договорот и за внатрешна и за надворешна употреба

  • Не ме засега / Сеедно ми е

  • Не знам

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.573
Кога спомнавте даноци т.е персонален данок кај Левица гледам имаат промена во програмата, уствари најавуваат и намалување на данокот за оние што зимаат минимална и до просечна плата односно 5% и 7.5% наместо досегашните 10%

1.png

Оние со поголеми плати ќе плаќаат повеќе да, ама и реално не е многу до 2200 евра плата 12.5% данок е смешен процент, само прашање на време е кога ќе имаме прогресивен данок тоа е неизбежно без разлика дали е Дпмне, Левица или Сдс на власт. Со намалување на навработеност и тоа ќе дојде, цела Европа има таков даночен систем ама клучното што сите не боли е како се трошат парите.

Во превод џабе имам 10% данок кога здраството не функционира, образованието е тиња, администрацијата не е ефикасна итн
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.433
Поени од реакции
3.106
Их тешко ми паѓа ама мора да се сложам со тебе :)

Апасиев треба да смени тоа плочата и да почне да им збори на сиромавите дека треба повеќе да работат(или по наше да КРАДАТ) за и тие да станат богати
Како примери може да им ги посочи сите наши бизнисмени/тајкуни/олигарси еве на пример Орцето, Костовски, Чифлиганецо и да не ги редам сите ги знаете, секој со труд и чесна работа го стекнале богатството а не како што злонамерниците говорат со крадење, кај се видело некој со крадење да стане богат.
Да така е, сите што имаат пари во државата се криминалци и треба да горат на плоштад! Така трошните душички на просечниот македонец ќе бидат исполнети и правдата за својата животна несреќа ќе биде остварена.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.869
Поени од реакции
4.670
Да така е, сите што имаат пари во државата се криминалци и треба да горат на плоштад! Така трошните душички на просечниот македонец ќе бидат исполнети и правдата за својата животна несреќа ќе биде остварена.
Не бе, немој така чесни се!
Треба да ги бираме да ни бидат власт оти знаат да “работат“.;)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.081
Поени од реакции
18.202

Ваууу, немој ќе не расплачеш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.900
Поени од реакции
39.385
Пасокизацијата е у напредна фаза. Све иде по план.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
781
Поени од реакции
1.857
Оние со поголеми плати ќе плаќаат повеќе да, ама и реално не е многу до 2200 евра плата 12.5% данок е смешен процент, само прашање на време е кога ќе имаме прогресивен данок тоа е неизбежно без разлика дали е Дпмне, Левица или Сдс на власт. Со намалување на навработеност и тоа ќе дојде, цела Европа има таков даночен систем ама клучното што сите не боли е како се трошат парите.

Во превод џабе имам 10% данок кога здраството не функционира, образованието е тиња, администрацијата не е ефикасна итн
Tochno, epa sega razmisli koj sakash da stoi zad pozicijata koja odluchuva kako se troshat parite, predavnicite sds i dpmne ili tie koi dosega pokazaa muda deka bar nema da vitkaat kichmi na plemeto albansko
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.850
Поени од реакции
13.766

Ова се прашањата и наративите кои ќе бидат актуелни и после избори.

Сефер, уште еден албански националист завиткан во граѓански целофан, кој сега е на страна на ДУИ, ги претставува доминантните албански гледишта.

Во принцип, се сведува на тоа дека мнозинството Македонци се албанофоби, а секој македонски патриотизам, национализам е штетен за државата и против Албанците. Додека албанскиот национализам е граѓански, европски, прогресивен за државата.

Па така, ако мнозинството Македонците се против Преспанскиот договор, оној за добрососедство со Бугарија, францускиот предлог, Албанците, преку нивните политички претставници, имаат право, дури и обврска да се одбранат себе и државата, регионот, Европа, светот, од македонскиот национализам и да спроведат договори, одлуки, за кои мнозинството Македонци се против и кои што задираат во нивен идентитет.

Двете албански коалиции, потпишале договор дека нема да бидат дел од влада, која веднаш нема да ги направи уставните измени. И тоа не уцена, не е антимакедонска реторика, антимакедонско делување. Скоро сите нивни интелектуалци, вклучувајќи го и Сефер, застапуваат такво гледиште.

А сето тоа беше дел од планот да се изолира ДПМНЕ и да се формира влада без партија/партии кои имаат најголема подршка од Македонците и тоа беше легитимно, како и 2016 година и се што се случуваше потоа без подршка од мнозинството Македонци.

Е сега, откако станува јасно дека ДПМНЕ не може да се заобиколи, меѓудругото и поради таквото делување на албанските партии, па Македонците се групираа околу ДПМНЕ (но и Левица и ЗНАМ, кои имаат и пооштра реторика), мора да се спасуваат Албанците со ДУИ во влада.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2024
Мислења
244
Поени од реакции
535
„Граѓаните, пак, особено оние од православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи коишто се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, односно, слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот“, рече владиката Петар.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.433
Поени од реакции
3.106
Не бе, немој така чесни се!
Треба да ги бираме да ни бидат власт оти знаат да “работат“.;)
Каков лузерски менталитет, типичен би рекол.

Ваууу, немој ќе не расплачеш.
Ајде ајде плачете 30 години, уште малце нема да ви смени ништо.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.081
Поени од реакции
18.202
Каков лузерски менталитет, типичен би рекол.

Ајде ајде плачете 30 години, уште малце нема да ви смени ништо.
Само немој да ги преселуваш бизнисите од Македонија, веднаш ќе се јавам во Штип и ќе им кажам на сите жени шивачки што останаа од 50+ години да станат ИТ програмери оти ќе ги пратиш под социјала.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
781
Поени од реакции
1.857
Каков лузерски менталитет, типичен би рекол.

Ајде ајде плачете 30 години, уште малце нема да ви смени ништо.
srekja ti so tvojot pobednichki mentalitet i prodadeno sitno dushiche koe poddrzuva se shto ima izgled za pobeda si tuka za da ne osvestish za shtetnosta na firomskiot majndset koj ti si pomognal da se shiri so tvoeto sluguvanje vo pederskiot bastion na laznata demokratija dojdezivot.mk
1714990253094.png
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.043
Поени од реакции
2.573
Tochno, epa sega razmisli koj sakash da stoi zad pozicijata koja odluchuva kako se troshat parite, predavnicite sds i dpmne ili tie koi dosega pokazaa muda deka bar nema da vitkaat kichmi na plemeto albansko
Јасно ми е мене ама народов ни е со менталитет наведната глава сабја не ја сече, не џабе 500 години било турско
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.850
Поени од реакции
13.766
Инаку, по се изгледа дека ДУИ ќе победи со уште поголема разлика во однос на Влен, па ќе следува доста тензичен период, доколку останат надвор од влада.

Во такво сценарио, има само еден начин, ДУИ да биде пасивизиран и да слабее. ДПМНЕ да изнајде начин да почне преговори со ЕУ, а тоа да го претстави како победа и потоа на локално Влен со помош на ДПМНЕ повторно да ги освојат Тетово, Чаир, Гостивар. Плус, да изгубат клиентелисти затоа што нема да се на власт, а може и некоја коруптивни афера да им се извади.

А притоа да не се прават дополнителни трули национални компромиси и внатре и надвор.

Дали ДПМНЕ ќе има сила за вакво нешто, а ние како општество е друго прашање. Познавајќи ги нив, а и нас Македонците, не сум претерано оптимистичен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom