Политичките патишта меѓу Здружението и Бошкоски се раздвоија

Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Брате Драган, удбашите се разбудија

Јанко Бачев

Драги брат и соборец Драган, здраво и живо, Пред извесно време УДБА повторно ги исползува своите слуги и непријателите на нашето дело да пласираат по нарачка на една телевизија најгнасни лаги и конструкции спрема тебе, за да те оцрнат и да те прикажат како долгогодишен соработник на тајните служби и дека по нивна замисла наводно си ја основал твојата партија ВМРО ДПМНЕ и слични небулози - со краен ефект, се разбира, да ја дискредитираат нашата борба и да го скршат нашиот дух за вистинска независна татковина. Откако се созедовме од првичниот шок, ние во организацијата веднаш презедовме мерки да ги расветлиме овие конструкции.

Првичните наши сознанија говорат дека и овојпат од заднина има замешано прсти самопрогласениот „државник“ Бранко Црвенковски, кој во моментот се прикажува како претседател на нашата татковина, иако за тоа нема валиден легитимитет ниту морално и наше, македонско, обичајно право. На јавната сцена, пак, те оцрна и „жигоса“ (замисли!) твојот егзекутор Јован Трпеновски (и уште некои во емисијата), една стара проверена инсталација на УДБА, која му овозможуваше високи јавни и државни функции во комунистичка Македонија, за денес, во демократска Македонија, на која ние македонските патриоти и го посветивме целиот живот, наместо ова лице да биде „закачено“ на столбот на срамот (и многубројни други личности), да си тера адвокатски бизниси, а во слободно време по нарачка да експлоатира во јавноста и корупциски случаи.

Знам дека ќе осетиш голема мачнина во душата кога ќе го прочиташ името на Трпеновски, кој е еден од тие што ти го загорчија животот кога во својство на тогашен окружен јавен обвинител на главниот претрес одржан од 12 до 16 февруари 1979 година, во целост „го докажа“ обвинението спрема тебе како македонски политички емигрант против СФРЈ и нејзиното општествено уредување и самоуправниот систем, за разбивање на братството и единството и за загрозување на територијалната целина на СФРЈ, преку обидот за создавање независна македонска држава, во која денес комфорно уживаат токму твоите егзекутори. По ова, судскиот совет од петмина под претседателство на судијата М.С. ти изрече драконска казна затвор во траење од 13 години, од која одлежа цели 10 години и 7 месеци во занданите на „Идризово“.

Но, идиотските и моронски конструкции против тебе, за кои ти пишувам во писмово, за среќа, зборуваат најмногу за нивниот „плиток“ ум, бидејќи кој денеска ќе им поверува на нивните безочни лаги, кога секој нормален човек знае дека УДБА (како и секоја друга тајна полиција) своите соработници дебело ги наградува, а никако не ги фрла по затворите да одлежуваат по десетина години? А токму тие, брат Драган, инспираторите и организаторите кои денеска по телевизиски емисии го валкаат твоето име, биле и се најзакоравените соработници на УДБА, која за возврат меѓу другото ги наградува(ше) со високи јавни и државни функции - и тогаш и сега.

Од презафатеност, бидејќи деновиве добивам голем број писма од нашите стари и искусни борци, на кои треба да им пишам повратно, немам време за пошироки писанија и затоа овојпат ќе ти пишам само за неколку соработнички удбашки случаи до кои дојдовме во организацијата. За егзекуторот Трпеновски веќе ти пишав, а да ти кажам дека беше крајно невкусно и одвратно во телевизиската монтировка да се гледа и слуша како стариот удбаш Киро Глигоров извикува „Македонија ни е се што имаме“. Организацијата дозна дека Глигоров одработувал за УДБА (псевдоним „Гавран“) уште од далечната 1946 година, но овој човек веќе е во поодминати години, го отслужи своето и воопшто не претставува некаква опасност за нашата натамошна патриотска борба. Во моментов, за организацијата и татковината најголем непријател е наследникот Црвенковски, кој ја држи Републиката во целосен мрак и покорност веќе петнаесетина години, притоа создавајќи брилијантна тајна мрежа на која го потпира своето диктаторското и предавничко владеење.

Оваа подземна тајна структура е распослана речиси во сите области во нашата ни мила татковина. Инаку, како и Глигоров, и политичките висови на наследникот Црвенковски се дело на удбашките структури и во моментов нашите луѓе на теренот кои работат по принципот на „тројки“ прават обид да откријат зошто во овој момент пајташите на „државникот“ те дискредитираат тебе и твојата ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов, голема е нашата радост кога дознавме дека и во Македонија се спрема некаква лустрација, каде што меѓу другите и „државникот“ ќе биде ставен во ќор-сокак самиот да ја каже вистината како неговиот пријател неоврховистот Прванов од Бугарија, инаку долгогодишен соработник на државната сигурност.

Старите врховисти, кои беа нашите бугаромани во татковината и дијаспората (МПО) и не се веќе така опасни, како новите врховисти, агентите на србоманската клика околу Матицата на иселениците, за чудо, твојот егзекутор Трпеновски, од разбирливи причини, ги премолчува. Организацијата е трпелива и ќе ги почека „ефектите“ од овие т.н. лустрации, но доколку не го видиме посакуваното, Централниот комитет на организацијата ќе дејствува.

Брат Драган, сигурно ќе те израдува веста дека Гордана Стошиќ деновиве беше „на клоци“ избркана од местото директор на националната телевизија. Се сеќаваш какви сплетки во 1990 година, во копродукција со покојниот припадник на удба, Добри Величковски, ти „спакува“ Стошиќ, како тогашен уредник во МТВ, кога исценираа твое интервју во објект на МВР, а во функција на твое дискредитирање и тогашно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ. Тие притоа ја искористија твојата опседнатост да расчистиш со бугароманските врховистички елементи во партијата, кои тогаш, сепак, нереално ги преувеличуваше како резултат на објективни околности и твоето 40-годишно отсуство од земјата. Патем, да ти кажам дека организацијата дозна за некои псевдоними и за Стошиќ, но за ова поопширно ќе ти пишам во друга пригода.

Значи, по сето напишано, да не им веруваш на сопствените очи и уши, кога платени јаничари и удбаши до еден, нашле тебе, брат Драган, да те оцрнуваат и етикетираат за соработник на УДБА, во стилот на народната кога арамиите викаат „држете ги арамиите“. Вистинските соработници на УДБА, како ортодоксни лакеи и слуги, денеска си вообразиле дека се господари и дури се дрзнаа во најсветото нешто, по телевизии да ги черечат македонските патриоти. Тоа се истите оние македонски предавници (или нивните наследници, сеедно), кои во 1945 ја уништија македонската народна војска, кога таа не сакаше да оди на Сремскиот фронт, а беше спремна да маршира за Солун. Тоа се истите предавници кои во 1946 делови од македонската територија заедно со старата македонска светија манастирот „Свети Прохор Пчињски“ им го отстапија на Србите, а легендарниот претседател на АСНОМ, М.А. Ченто, го уапсија и го осудија единаесет години робија. Тие се истите оние арамии што за себеси обезбедија живот на турски паши и ориентални махараџи, а нашиот народ го доведоа до питачки стап. Тоа се истите народни крвопијци, кои ја обезмакедончија Македонија и ја оставија без круна, престол, име, знаме... испадувајќи ги Македонците по Австралија, Америка, Канада и по западноевропските земји. Тоа се истите оние изроди од кои Македонија плаче и плука крв. Ете тие, туѓински измеќари, марионети и фантоми на УДБА, наместо да молчат и да се закопаат два метра под земја, зашто самата нивна појава смрди на предавство и на вазалство, денеска јавно ги клеветат македонските патриоти. Силен е повикот наш до нив - изроди едни, вие ли ќе зборувате за македонските работи, кога единствено лажете, крадете и убивате!

Толку за овојпат, драги наш претседателе на Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Ќе ти пишам и утре, зашто сите ние сносиме одговорност за политиката што ја водиме. Срдечни братски и патриотски поздрави од вашиот собрат и маченик. Пренесете поздрави до нашите браќа и сестри во емиграцијата.
Смрт или слобода!

http://www.spic.com.mk/DesktopDefaul...ArticleID=4054

 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Брате Драган, не можат да не скршат

Јанко Бачев
Драги брат Драган, многу се израдував кога разбрав дека со големо воодушевување и радост си го примил моето вчерашно писмо и искрено и од се срце ние овде во Македонија од Народното движење за Македонија ти благодариме на искажаните желби да истраеме во борбата за македонските идеали. Веднаш да ти кажам дека сожалувам што со тоа писмо не ти напишав се за некои состојби во организацијата и нашата татковина, но моето вчерашно прекинување на пишувањето се должеше на тоа што Централниот Комитет (ЦК) на организацијата вчера свика специјален состанок во врска со почнатата клеветничка кампања што почна во Македонија, за да те омаловажуваат и оцрнат.

Ние знаеме дека УДБА има силна шпионска мрежа и на еден многу мајсторски начин го сузбива НДМ. Агентите на УДБА се дресирани луѓе и на современ начин ги демолизираат и пасивизираат нашите, а каде тоа не им успева, употребуваат и терор. Еве сега, украдов малку слободно време да ти напишам за некои важни заклучоци од седницата на ЦК, а и самиот знаеш дека сум претрупан со работа како и секогаш, а посебно сега, кога сета работа околу редактирањето, илегалното печатење и дистрибуирање на нашиот весник „Македонска нација“ и во татковината, ми падна на мене.

Организацијата донесе решение во следниот број на весникот „Македонска нација“ да даде едно разложение за твоето киднапирање, мачење и мрцварење во крвавите ќелии на УДБА, за да ги разобличиме експонентите на белградската диктатура. На тој начин сметаме дека тактички ќе можеме да им се спротивставиме на злокобните клевети што деновиве се шират против тебе, на една телевизија во Македонија. Со читањето на нашиот весник нашите браќа и сестри во поробената ни татковина и нашинците во дијаспората ќе можат уште подобро да го запознаен братот Драган Богдановски.

Се сеќаваш, брат Драган, како агентите на УДБА. некаде на почетокот во 1978 година, те киднапираа во Франција и со инјекција за заспивање (која редовно ти ја дуплираа на граничните премини, за да изгледа дека спиеш во автомобилот), те довезоа до комунистичка Словенија, по што со авион те префрлија во Скопје. Тука требаше да ти суди „народниот суд“, бидејќи си дејствувал „непријателски“ против твојата земја. Се разбира дека тоа се однесува на Југославија, зашто ти никогаш ништо немаш направено против Македонија, која всушност е твоја единствена земја. Но, како што личи на една „демократска“ држава, наместо да те предадат на истражните органи, агентите на УДБА ќе те држат повеќе од една година во полициски притвор во специјалните објекти на Солунска Глава и во познатото скривалиште „Јасен“. Агентите кои ќе ја вршат оперативната мерка т.н. расчистување со тебе, во голем број случаи и и физички ќе те малтретираат, со неподнослив ќотек.

За да го скршат твојот дух, агентите на УДБА дури ќе смислат и твоја „оперативна поделба“, па така, тогашниот удбаш К.Ѓ. ќе биде задолжен да расчистува со тебе за прашањата во врска со емиграцијата, тогашниот агент С.П., ќе расчистува со тебе за прашањата во врска со твоите наводни врски со западноевропските разузнавачки служби...

Силно одекна веста помеѓу твоите соборци, кога во еден момент на искушение не си можел веќе да ги истрпиш понижувањата и малтретирањата, па си сакал да се самоубиец при едно твое вообичаено превезување со полициски хеликоптер од „Јасен“ до Скопје, со скокање од хеликоптерот. Откако по твоето едногодишно нечовечко мачење и херојско држење во крвавите ќелии на „Јасен“ (можеби и ова е една од причините зошто во Македонија се уште ова подземно скривалиште се крие од очите на јавноста) агентите на УДБА разбраа дека не можат да те исплашат и да те скршат, дополнително те предадоа на правосудните органи кои ќе те осудат на 13 години робија во „Идризово“.

Со твоето затворање како лидер на ДООМ, во Движењето се појави голема празнина. Сигурно се сеќаваш дека и Амнести интернешнел, организација која им помага на политичките затвореници во светот, направи обид да помогне околу твојот затворски случај. За тоа многу се заложи братот Миле Илиевски од Шведска, кој имаше повеќе преписки со нив по твоето затворање, за поконкретно да им го образложи твојот монтиран случај. Но, сигурно многу ќе се изненадиш кога ќе го прочиташ она што нашите тројки на теренот го добија како информација - колку мајсторски игра УДБА може да се види и од тоа што успеала дури да допре и до твојата разведена сопруга, норвежанката Брит Остенген, која во писмото од 10 јуни 1981 до одговорната во Амнести Интернешнел, Регина Ваксман, ќе даде лоши квалификации за тебе, дека воопшто не си политички затвореник.

Ете затоа, весникот, органот на Движењето ги отвора страниците на сите македонски ќерки и синови да ја видат твојата голгота, со братскиот повик да дигнеме врева против тиранијата што не прогонува и мачи, нас и целиот народ, да работиме за довршување на македонскиот идеал - и Егеј и Пирин и Вардар обединети да ги видам. Ние старите и искусни борци ќе ги издржиме сите искушенија во нашето илегално дејствување во комунистичка Македонија.

Инаку, вчера, покрај на тебе, морав да одговорам и на писмата на други наши стари борци во дијаспората кои ми пишаа многу од поодамна. Тука мислам на браќата Илиевски, Шариновски, Солунски, Ристевски, Стамковски, Србинов, Марковски и редица други, на чие дело заедно со тебе и покојниот Шамбевски се роди движењето. За малку ќе заборавев: организацијата дојде до некои детали и во врска со убиството на организацискиот секретар на Движењето, братот Шамбевски, кој, како што ти е познато, претходно бил по затворите во Југославија, потоа пребегнал преку граница и се приклучил на македонската емиграција, а агентите на УДБА ѕверски го убија во 1974 година во Германија. Директниот злостор над нашиот брат го извршил активен припадник на македонскиот дел од сојузната југословенска УДБА, а лицето за кое се сомневавме да ти бил некоја логистика.

Понатаму, драги брате Драган, дознаваме дека мајсториите на УДБА и овојпат се совршени, па тие да ти имале некоја стратегија на т.н. еквидистанца, според која требало во тие години да ликвидираат по некој истакнат член од политичките емигрантски организации од сите југословенски републики, сосе покраините. Па така, во таа 1974 година, ликвидиран е и доктор Јелиќ во неговата ординација во Германија, па директорот на ИНА, хрватскиот емигрант Ѓурековиќ (кого УДБА го ликвидира во автомобилска гаража во Германија), па еден истакнат член од косовските емигрантски организации ликвидиран од УДБА во Шпанија, па нашиот брат Шамбевски... Но, предавниците на нашиот народ ќе ги сретне црната рака на ВМРО. Тие ги тепаа, стрелаа и бесеа вмровците, но не можеа да го скршат духот на ВМРО. Клето да му е проклето на оној Македонец што гази преку коските на нашите комити и војводи, дедовци и татковци. Не сакаме богатства, не сакаме пари, само човечки правдини. Не сме Јужносрбијанци, ни Елини, не сме ни Бугари, туку чистокрвни Македонци, централисти, директни потомци на античките Македонци. Срдечно те поздравува вашиот собрат и маченик.

Пренесете поздрав до браќата и сестрите во емиграцијата.
Смрт и слобода !

П.С. Драган Богдановски е една од најмаркантните личности во повоената македонска историја кој се бори за слободна независна и обединета Македонија. Емигрира во 1951 година и во неговата 40-годишна емигрантска дејност во западноевропските земји ќе ги формира македонските емигрантски политички организации Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), Народноослободителен фронт на Македонија (НОФМ). Во март 1990 во Гетеборг ја основа Демократска партија за македонско национално единство (ДПМНЕ), за подоцна да се приклучи една група од МААК (со Љубчо Георгиевски) и со додавката ВМРО ја основаат ВМРО ДПМНЕ, на 17 јуни 1990 година.. Трагичен е фактот што македонските јаничарски власти, поточно поранешниот министер за култура во 2003 година не ја прифати благородната иницијатива на Коле Мангов од Скопје (самиот припадник на вмровските тројки од 1958 година) името на Драган Богдановски да влезе во програмата „100-години Илинден“. Умира во мај 1998 во Шведска, а погребен е во Македонија.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefaul...ArticleID=4126
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Не само со нив,скоро сите оние со кој Драган го формира ВМРО-ДПМНЕ сега се маргинализирани а некои и веќе покојни.Дури и самиот Драган Богдановски успешно беше “елиминиран“ од партијата токму од Бугарското крило уште на почетокот од формирањето на партијата кога денешното раководство на ДПМНЕ сеуште се надеваше дека нема да го прекрши пионерскиот Титов чесен збор,доколку биде во некаква блиска корелација со комуњарските тогашни сателити на Стојан,Киро,Васил,Ѕинго или Гошев,кој подоцна го загубија рејтингот кај народот само затоа што “транзицијата“ ја претворија во сопствена олигархијска преродба.

ABC, ne pominuva veke taa prikaska.Organizacijata nauchi kako da se spravuva so UDBe.preprochitaj go ovaa podolu poveke pati.

Брат Драган, сигурно ќе те израдува веста дека Гордана Стошиќ деновиве беше „на клоци“ избркана од местото директор на националната телевизија. Се сеќаваш какви сплетки во 1990 година, во копродукција со покојниот припадник на удба, Добри Величковски, ти „спакува“ Стошиќ, како тогашен уредник во МТВ, кога исценираа твое интервју во објект на МВР, а во функција на твое дискредитирање и тогашно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ. Тие притоа ја искористија твојата опседнатост да расчистиш со бугароманските врховистички елементи во партијата, кои тогаш, сепак, нереално ги преувеличуваше како резултат на објективни околности и твоето 40-годишно отсуство од земјата. Патем, да ти кажам дека организацијата дозна за некои псевдоними и за Стошиќ, но за ова поопширно ќе ти пишам во друга пригода.

ps.ima edna interesna kniga, se vika "MED SVOBODO IN RDECHO ZVEZDO" od Dushan S.Lajovic,udri na Google za knigata da ti se pojasni.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Која организација бе Ванчев, гледајќи ја реалноста УДБА супер си ја извршила задачата. Па ние 17 години се препелкаме ни на небо ни на земја. Не знам во која реалност живееш?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ABC, ne pominuva veke taa prikaska.Organizacijata nauchi kako da se spravuva so UDBe.preprochitaj go ovaa podolu poveke pati.

Брат Драган, сигурно ќе те израдува веста дека Гордана Стошиќ деновиве беше „на клоци“ избркана од местото директор на националната телевизија. Се сеќаваш какви сплетки во 1990 година, во копродукција со покојниот припадник на удба, Добри Величковски, ти „спакува“ Стошиќ, како тогашен уредник во МТВ, кога исценираа твое интервју во објект на МВР, а во функција на твое дискредитирање и тогашно разнебитување на ВМРО ДПМНЕ. Тие притоа ја искористија твојата опседнатост да расчистиш со бугароманските врховистички елементи во партијата, кои тогаш, сепак, нереално ги преувеличуваше како резултат на објективни околности и твоето 40-годишно отсуство од земјата. Патем, да ти кажам дека организацијата дозна за некои псевдоними и за Стошиќ, но за ова поопширно ќе ти пишам во друга пригода.

ps.ima edna interesna kniga, se vika "MED SVOBODO IN RDECHO ZVEZDO" od Dushan S.Lajovic,udri na Google za knigata da ti se pojasni.
Абе Бачев со писмава си игра “здраво непознато другарче“ а ти му веруваш.Додуша не те окривувам многу оти понекогаш и тој знае да погоди по некое име и презиме,инаку колку за информација да ти кажам дека не го сретнав на првиот конгрес во Прилеп,некако ми “искрсна“ дететево малку подоцна,во времето на ЉуБџо,кога веќе не ми беше чудно кој се продефилира во ДПМНЕ.:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Која организација бе Ванчев, гледајќи ја реалноста УДБА супер си ја извршила задачата. Па ние 17 години се препелкаме ни на небо ни на земја. Не знам во која реалност живееш?
Silen,pa zatoa za neuspehot ili prepelkanjeto na VMRO-DPMNE vo ovie godini napishav:

Imale sila i podloga bidi siguren, no ne bile podgotveni nitu obucheni za borba so UDBe-SDB.
Deneska ne e taka,i vo DB i vo MVR poleka doadjaat Makedonci.Na UDBe i se stesnuva sekoj den prostorot.A i otvoranjeto na dosieata svrshi golema rabota-golem del od agenturata na UDBe e osoznaen,so primena na zakonot za lustracija ke odeshe pobrzo vo nivno otstranuvanje.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Абе Бачев со писмава си игра “здраво непознато другарче“ а ти му веруваш.Додуша не те окривувам многу оти понекогаш и тој знае да погоди по некое име и презиме,инаку колку за информација да ти кажам дека не го сретнав на првиот конгрес во Прилеп,некако ми “искрсна“ дететево малку подоцна,во времето на ЉуБџо,кога веќе не ми беше чудно кој се продефилира во ДПМНЕ.:toe:
Verbata e lichna opredelba,nekoj veruva na ponudeni dokazi ,nekoj veruva na zborot na politichkiot komesar,nekoj veruva vo onaa za shto go plakjaat,mnogu "verbi" ABC, koja chija e, e prashnje.Ti si bil svedok na obidot za pomiruvanje pomedju,Ljubcho,Glubovski,Zmejko ,na kongresot vo Prilep aj malku poveke detali.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Eve go svedochenjeto i na GOJKO JAKOVLEVSKI i toj nikade nego spomenuva bratmu MANE vo osnovachite:

Како дојде до формирањето на партијата? Драган Богдановски живееше во Гетеборг, Шведска, а нашите контакти беа постојани. На телефон ми се јави да ме запознае со идејата за формирање партија. Притоа ми рече дека со паѓањето на Берлинскиот ѕид и во Македонија дуваат нови демократски ветрови. Создадени се услови за нашата неколкудецениска политичка борба водена во емиграција за обединување и за демократизација на нашата мила и сакана Македонија, да ја префрлиме во татковината и политички да дејствуваме. Ми предложи заеднички да ја формираме партијата ДПМНЕ. Истакна дека во Македонија има млади луѓе кои ја поддржуваат идејата и се подготвени заедно со нас да учествуваат во нејзината реализација. Доколку се согласувам, да предложам термин и место за одржување на состанокот и да ги удриме темелите на партијата. Откако добро размислив, ја прифатив идејата, му се јавив на Богдановски и му го соопштив мојот став. Средбата требаше да ја одржиме на 26 и 27 мај 1990 година во хотелот на Илија Грнаров во Целе, близу Хановер, Германија. Но, од оправдани причини состанокот го одржувавме во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година.


На 31 мај 1990 година напладне пристигнав во Минхен, во хотелот кој се наоѓаше во близина на Shiller - Str Hauptbahnhof и Mathauser Brau. Тука ме пречекаа Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Борче Змејковски и Владо Транталовски. Три дена се дружевме, разговаравме и разменувавме мислења за формирање национална партија. Разговаравме за програмските цели, за формирањето на општинските комитети во сите градови и поголемите села. Заклучивме што поскоро да го одржиме основачкото собрание и да ја регистрираме партијата. Се договоривме за подготовката и за дистрибуцијата на материјалите за основачкото собрание и за другите прашања. Дискутиравме и за тоа дали пред ДПМНЕ да стои префиксот ВМРО. Мое мислење беше дека ВМРО е свето име и не треба да се користи за политички цели. И без префиксот ВМРО, партијата на парламентарните избори ќе постигне голем успех. ДПМНЕ ќе настапи со програма многу поразлична од другите политички конкуренти. „Македонија да биде независна и суверена држава, со сопствена валута, со армија, со самостојна дипломатија, со репрезентација во фудбал, во кошарка, во ракомет и во други спортови. Исто така, ќе се ангажира во реализација на идеалите на Илинден, кои ги негуваше емиграцијата, за ослободување и обединување на трите распарчени дела на Македонија. Сето тоа ќе го оствариме со создавање услови Македонија да биде примена за рамноправна членка на големото семејство на Европската унија и во НАТО.

Шетајќи се низ минхенските улици, Богдановски ме праша дали се согласувам Љубчо Георгиевски да биде претседател на партијата? Му забележав дека е многу млад и дали ќе може успешно да раководи со партијата? Ми одговори: „Млад е, но е многу интелигентен, харизматичен и вистински војвода!“ Го прифатив предлогот. Во Минхен ги удривме темелите на ВМРО-ДПМНЕ. Гостите од Македонија, нашите истомисленции, на 3 јуни 1990 година се вратија назад да ги реализираат обврските што ги презедоа за успешно да се одржи основачкото собрание на партијата. Вечерта (16 јуни 1990 година) спроти одржувањето на Основачкото собрание, во хотелот „Арапска куќа“ („Јадран“) во Скопје, каде што бев сместен, со г. Борче Змејковски се договоривме Јонче Христовски да ја исполни химната „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата...“, во придружба на хармоникашот Зоран Марковски. На г. Змејковски му реков во работното претседателство да бидат и Стево Доневски-Мајката и Ванчо Механџиски, иако не учествуваа во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, а јас повеќе сакам да седам во салата заедно со моите истомисленици од емиграцијата, кои беа дојдени од повеќе западноевропски држави.

(Авторот е учесник во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=523C036860EE5144BF5745DB82D66F7D
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Verbata e lichna opredelba,nekoj veruva na ponudeni dokazi ,nekoj veruva na zborot na politichkiot komesar,nekoj veruva vo onaa za shto go plakjaat,mnogu "verbi" ABC, koja chija e, e prashnje.Ti si bil svedok na obidot za pomiruvanje pomedju,Ljubcho,Glubovski,Zmejko ,na kongresot vo Prilep aj malku poveke detali.
Сведок бев и кога дедо Тоде Ковачот,аѓутант на Ченто,на конгресот стана и јавно ги прозва Киро Глигоров,Колишевски и Лазар Мојсов за најголемите Македонски предавници.Конгресот се снимаше со најмалку 5 камери и безброј апарати,новинарите навалија за интервју од дедо Тоде кого едвај го извлеков од салата(беше во поодминати години).Честитки,бакнежи и прегрнувања од сите страни кон Тоде за храброста која прв така јавно и без страв ја искажа пред толку насобрани Македонци и секако барем 100тина УДБА-кодоши.ЉуБџо истрча и 5минути го прегрнуваше како да му е татко,едвај ги разделив.Истата вечер истиот ЉуБџо,пред мои очи на ТВ дневник јавно се огради од изјавите на еден како што рече “непоканет“ гостин на конгресот.Изјавата на Тоде беше снимена и само еднаш емитувана на локалната телевизија,инаку Тоде ковачот во до 65та имаше два обиди за атентат со единственото возило во Прилеп кое припаѓаше на комитетот.Тоа беа првите “знаци“ со кого Драган фатил работа,кога го предложи ЉуБџо за председател на ВМРО-ДПМНЕ,останатото сите го знаете помалку или повеќе.:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Љубе и официјално јавно ја потврди кандидатурата, а се поизвесно е да оди со поддршка од СДС.

Хаг дефинитивно го “препороди“ Љубе, сега неможе човек да му се изначуди што зборува и со кого наздравува.

Изгледа ослободителната пресуда, на друг начин ќе ја оддолжува, некому.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Љубе и официјално јавно ја потврди кандидатурата, а се поизвесно е да оди со поддршка од СДС.

Хаг дефинитивно го “препороди“ Љубе, сега неможе човек да му се изначуди што зборува и со кого наздравува.

Изгледа ослободителната пресуда, на друг начин ќе ја оддолжува, некому.
Ne, ne ja odolzuva osloboditelnata presuda, si ja odrabotuva "domashnata" zadachata .Filip ushte ne se "izjasni" ostanuva so Ljube ili ne.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Сведок бев и кога дедо Тоде Ковачот,аѓутант на Ченто,на конгресот стана и јавно ги прозва Киро Глигоров,Колишевски и Лазар Мојсов за најголемите Македонски предавници.Конгресот се снимаше со најмалку 5 камери и безброј апарати,новинарите навалија за интервју од дедо Тоде кого едвај го извлеков од салата(беше во поодминати години).Честитки,бакнежи и прегрнувања од сите страни кон Тоде за храброста која прв така јавно и без страв ја искажа пред толку насобрани Македонци и секако барем 100тина УДБА-кодоши.ЉуБџо истрча и 5минути го прегрнуваше како да му е татко,едвај ги разделив.Истата вечер истиот ЉуБџо,пред мои очи на ТВ дневник јавно се огради од изјавите на еден како што рече “непоканет“ гостин на конгресот.Изјавата на Тоде беше снимена и само еднаш емитувана на локалната телевизија,инаку Тоде ковачот во до 65та имаше два обиди за атентат со единственото возило во Прилеп кое припаѓаше на комитетот.Тоа беа првите “знаци“ со кого Драган фатил работа,кога го предложи ЉуБџо за председател на ВМРО-ДПМНЕ,останатото сите го знаете помалку или повеќе.:toe:
ABC te prashav za pomiruvanjeto,objasni go malku.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
dali znaesh neshto za troicata potpisnici, koi se, shto se.???Koja e nivnata politichka istorija.???Koja e nivnata politichaka tezina.Zoshto Dragan bash so niv ja pravel DPMNE.
Во Австралија имав прилика да се сретнам со неколкумина од активистите на поранешен ДООМ (Движење за Ослободување и Обединување на Македонија). Моја лична проценка е дека, во споредба со нивниот водач Богдановски, повеќето од нив биле безопасни и како такви не биле предмет на оперативни обработки и конкретни дејствија какви што се преземаат кон поединци кои директно ја засегаат стабилноста на системот.

Панко Стамковски (мир нека му е на коските) придонесе доста за ширењето на идеологијата на Богдановски со редовното објавување на неговите написи во својот неделен весник “Македонија“. Мислам дека тоа е причината што Богдановски одлучил да се потпре на него за иницијална реализација на идејата ДПМНЕ. Панко беше запален патриот, присутен речиси во секоја македонска активност, бистар и луциден човек, но по природа индивидуалец и не многу соодветен за колективно дејствување. Од самиот почеток му беа многу јасни работите и во својот весник умееше да го оффели житото од куколот и да ги коментира “професионално изведените“ патриотски работи, почнувајќи од комитетите за човекови права, преку оснивачките собори на ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес на Петров, до црквата и владиците.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
бачев колку ме држи секавањето работеше во удба..ако е тој истиот..сите информации за основањто на вмро дпмне ке ги најдете во Млад борц од тоа време каде на неколку страни беше и напишан статутот на партијата кој искрено беше и премногу радикален .... никаде не го прочитав Владимир Голубовски.... единствено
Богдановски заслужува почит бидејки според мене е еден и единствен кој беше посветен на Македонија за подоцна од страна на љубчо и компанија биде маргинализиран како и сега од пороткаловите дпмне.... револуцијата ги јаде своите деца
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
ke pochnam so prashanje: dali znaesh neshto za troicata potpisnici, koi se, shto se.???Koja e nivnata politichka istorija.???Koja e nivnata politichaka tezina.Zoshto Dragan bash so niv ja pravel DPMNE.
Za Panko odgovori Pavel...dodavam samo deka imase dossier...
Dane bil zatvor so DB...zanimlivo toj e braced na g.Kiril...i mozda tuka ima nesto sto i samiot ne znaese...
Kako bilo toj go preporaca Trantalovski...no ona sto toj ne znaese e deka cerka mu stana bliska so drvarot...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom