Исто така, никој не спомна, ама Скопје има огромна природа убавина. Го имаме Водно на една страна, Скопска Црна Гора на друга страна, кањонот Матка, сме ги имале чисти реките Вардар и Треска. Буквално имаш се за спорт и рекреација и да најдеш свој мир, нормално склони сме на самоуништување и од Скопје правиме град кој ќе нема ништо од ова и се ќе е уништено. Муабетот ми беше, кога ќе се спомне природа и убавини, и ќе се рече во Скопје немаш тоа, е многу погрешен муабет, нормално на Рекорд нема природни убавини, како што нема ни на Широк Сокак и во останатите градови во центарот има кафичи, згради, продавници, но од сите страни Скопје е опколен со природни убавини каде што можеш да избегаш, да уживаш и/или да се рекреираш. Пример ако споредиш со други градови, Скопје го има Крстовар(Водно) одма над центарот на градот, а во Штип го имаш Исарот што е каде каде помал простор за рекреација. Ако научиме да ги чуваме и цениме природните убавини на Скопје, наместо да ги уништуваме, тогаш местово би било речиси идеално за македонски стандард. Со ова не сакам да ги навредам жителите на другите градови, јас сум голем противник на целата оваа централизација во Скопје и на тоа што секој инвестира исклучиво во Скопје, додека во другите градови во Македонија згаснува животот, Македонија не е Скопје, само едноставно сакам да нагласам дека треба да се цени тоа што се има.