Подготовки за ЕП во Полска

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mario Gómez

Гостин
Незнам зошто ама многу очекувам од нашите.Барам пласман во втората фаза.Противниците ни одговараат бидејќе кон сите имаме мотив да играме.Против Хрватска мислам дека нашите се најмотивирани во сите спортови.
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.312
Поени од реакции
257
Баравме 2000 влезници, на крајот добивме многу помалку, наводно поради капацитетот во салата, а колачот подеднакво бил поделен меѓу учесниците во групата А, во Познањ, вели спортскиот директор на КФМ Илија Мерџановски


После пауза од дест години најдобрата кошаркарска селекција на Македонија повторно ќе биде дел од европскиот крем, ќе настапи на Европското првенство што ќе се одржи во Полска од 7 до 20 септември годинава. Ждрепката сакаше Македонија да игра во групата А, во Познањ со селекциите на Грција, Хрватска и Израел.Токму ваквиот состав на групата во која се најде и нашиот јужен сосед беше причина повеќе за исклучително големиот интерес кај домашните љубители на кошарката благовремено да обезбедат влезни билети. Притисокот во КФМ беше голем, малкумина знаеја дека нашата Федерација не е таа што го одредува бројот на билети кои ќе се продаваат оти за целата работа е надлежен организаторот (Полска) во соработка со ФИБА Европа. Иако Македонија во прв момент побара дури 2000 билети од организаторот и официјално пристигна е известување дека на располагање ќе има само 200 како и другите учесници на ова првенство. Така, наводно е договорено со челниците на ФИБА Европа. Во првата фаза од првенството билетите ќе се продаваат по цена од 90 ,60 и 45 евра, додека за наредните фази таа се уште не е официјализирана.

- Вкупно 200 влезни билети ќе добиеме оној момент кога на сметката на организаторот ќе бидат уплатени 11.250 евра. Знаеме дека салата во Познањ нема поголем капацитет, но верувавме дека ќе добиеме поголем контингент на влезни билети. Но, што е тука, тука е, се помиривме со ваквата одлука бидејќи ни беше речено оти сите кошаркарски федерации кои имаат свои претставници на ова Европско првенство се ставени во ист кош. За да нема никакви недоразбирања билетите кои ќе ни бидат на располагање ќе бидат продавани само преку соодветна агенција задолжена за тоа, а никако преку канцеларијата на КФМ, вели спортскиот директор на Кошаркарската федерација на Македонија, Илија Мерџановски.

Славчо ТРОШАНОВСКИ
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
200?

Hala Arena is an arena in Poznań, Poland. It is primarily used for volleyball. Hala Arena opened in 1974 and holds 4,200 people. The arena will host a Preliminary round group of the EuroBasket 2009.[

200 + 200 = 400. Зарем мислат дека 3 800 неутрални ке дојдат да гледаат? Подобро нека иде кој стигне во Полска за да ја напуниме повеќе салата него Педерците.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вака според мене треба да изгледа идеалниот состав,првата 5-орка и нивните замени:
Гечевски(Самарџиски)...................Мејси(Антиќ)
Илиевски(Тасевски).......В.Стефанов(Соколов).............Р.Стефанов.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Баравме 2000 влезници, на крајот добивме многу помалку, наводно поради капацитетот во салата, а колачот подеднакво бил поделен меѓу учесниците во групата А, во Познањ, вели спортскиот директор на КФМ Илија Мерџановски
Tekstot e samo los prepis od tekst shto izleze vo Nova Makedonija edna nedel prethodno. Eve go originalniot tekst vo NM, ima mnogu poveke detali za kartite i kako do niv da se dojde:

Почнува продажбата на билети за ЕП

Автор: Игор Крстевски

Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) доби информација од организаторот на Европското првенство (ЕП), што од 7 до 20 септември ќе се одржи во Полска, дека ќе добијат 200 билети за средбите на кои ќе игра македонската репрезентација, исто како и сите други селекции на континенталниот шампионат.

Станува збор за бројка што ниту од далеку не ги задоволува барањата на љубителите на кошарката во државата, но и на Македонците што живеат надвор од неа. Поради тоа, предводниците на макбаскетот во следниот период ќе се обидат да дојдат до посакуваниот број билети, кој, по нивна слободна процена, би изнесувале уште по околу 1.800 од меч.

Македонија игра во градот Познањ, чија сала има капаците од 5.000 гледачи. Таму се и репрезентациите на Грција, Хрватска и на Израел. Во вториот круг ќе се најдат трите најдобри селекции додека последнопласираниот тим ќе си замине дома.

- Првиот контингент билети веќе стигна кај нас, но то нема да биде доволно за да се задоволат апетитите на сите оние од Македонија што сакаат да го проследат ЕП во Полска во живо. Веќе сме во контакти со организацискиот комитет на шампионатот, кој наскоро ќе ни даде одговор колку билети ќе можеме дополнително да купиме. Верувам дека ќе успееме да му излеземе пресрет на секој љубител на кошарката што ќе сака да ги бодри своите миленици во Познањ - ни изјави Илија Мерџановски, директорот на репрезентациите во КФМ.

Последните информации велат дека КФМ, сепак, нема да биде организатор на навивачите. Тоа ќе и биде препуштено на туристичката агенција „Нет-Беј“, со која веќе е потпишан договорот за соработка.

- Ние во Федерацијата во тој период ќе бидеме преоптоварени со работа околу репрезентацијата. Поради тоа организацијата на патот на навивачите го препуштивме на луѓе што се професионалци во тоа. Засега имаме одлична соработка со „Нет-Беј“ и се надевам дека ќе биде така до крајот на првенството - дополнува Мерџановски.

Од КФМ нè информираа дека веќе ги добиле цените на билетите за средбите од првиот круг на ЕП во Полска. Комплетот за трите дена, што вклучува вкупно шест меча, ќе чини од 40 до 90 евра во зависност на секторот во салата. Во „Нет-Беј“ велат дека сè уште ги немаат направено аранжманите за патување во Полска, но дека ќе имаат разновидна понуда со авионски и со автобуски превоз и со сместување достапно за сечиј џеб.

Нашите неофицијални информации велат дека уште сега има 150-200 заинтересирани кандидати односно два полни чартери, кои на 5 септември, два дена пред првиот меч на ЕП против Грција, би полетале за Полска.

Заинтересираност постои и кај Македонците што живеат и работат во Западна Европа, кои, според нашите информации, исто така би можеле да купат билети за мечевите на ЕП преку агенцијата „Нет-Беј“, без разлика што не би користеле нивни превоз и сместување.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=2&top=1&EditionID=356&ArticleID=21699
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
125
Поени од реакции
4
ДЕНЕС 18.04.2009 во 14:00ч официјално започнува е-продажбата на билети за ЕП
Дневен Е-билет во Познањ од 14 до 28 евра
Билетите за Арена Познањ каде ќе настапи репрезентацијата на Македонија по популарни цени. Побрзајте со купување, се најавува дека за само неколку дена ќе бидат разграбани. ВО СТОРИЈАТА, ЛИНКОВИ, ФОТОГРАФИИ И ИНФО ЗА ПОЗНАЊ!!!
БИЛЕТИ ОВДЕ!!!





















 
Z

ziko bt

Гостин
Кошарка
Грците и Македонците на иста трибина на ЕП во Полска!

Домаќинот на претстојното кошаркарско Европско првенство (ЕП), кое од 7 до 20 септември ќе се одржи во седум полски града, засега не планира да ги одвои навивачите на Грција и на Македонија, меч што поради огромната тензија помеѓу двете држави, дури и Европската федерација (ФИБА-Европа) веднаш по ждрепката го прогласи за натпревар од висок ризик. А тоа, во најлошо можно сценарио, може да донесе ситуација на ист дел од трибините да се најдат највоинствените следбеници на двете селекции, што автоматски носи и можност од многу, најблаго кажано, тензични ситуации.

Ваквиот заклучок се добива по начинот на кој организаторот на ЕП реши да ги продава билетите за сите средби до кои заинтересираните ќе можат да дојдат исклучиво со купување преку интернет-сајтот њњњ.евентим.пл. При ваквиот начин на продажба на билетите нема никаков начин за селектирање, исто и како што нема начин на одредување посебни места во салата за навивачите на Грција односно на Македонија.

Можност за промена на овој проблематичен начин на продажба на билетите, барем тие за македонските љубители на кошарката, немаат ниту луѓето во Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), кои не наидуваат на разбирање кај луѓето од Полска.

- КФМ директно од организаторот на ЕП доби само по 200 билети за трите средби на Македонија. Од тие, 50 задржавме за луѓето од управниот одбор и за нашите спонзори, а другите ќе се продаваат преку агенцијата „Нет-Беј“. Повеќепати се обидовме да дојдеме до поголем број билети, знаејќи дека интересот тука е голем, но не наидовме на разбирање кај Полјаците. Нивниот одговор беше дека тие ни дале онолку билети колку што предвидуваат правилата на ФИБА-Европа. За сите други заинтересирани нè упатија на нивниот официјален дистрибутер „Ивентим“. Се обидовме да им ја објасниме опасноста од мешање на нашите и на грчките навивачи во салата во Познањ, но организаторот и за тоа не се ни потруди да нè разбере - ни изјави Илија Мерџановски, директорот на репрезентациите во Македонија.

Ова значи дека оние што нема да можат да бидат меѓу 150-те среќници што ќе уплатат аранжман преку „Нет-Беј“, но и оние што сакаат да купат само билети без придружен аранжман за Полска, ќе мора да се регистрираат на интернет-страницата на „Ивентим“ и оттаму да дојдат до драгоцениот билет на некоја од средбите што Македонија ќе ги игра во Познањ. Жолто-црвените на 7 септември играат против Грција, ден потоа против Хрватска, а на 9 септември ќе се сретнат со Израел.

Но и овој начин на продажба има свои ограничувања. Полјаците примаат уплати само од „виза“ и „мастеркард“, кредитни односно дебитни картички. Тие што немаат некоја од овие „пластики“ нема да можат да дојдат до билет за ЕП или, пак, ќе мораат да замолат некој роднина или пријател за да ја искористат неговата картичка.

- До почетокот на ЕП има уште доста време. Речиси секојдневно сме во контакт со организаторот на шампионатот во обид да ја олесниме процедурата за македонските граѓани при купувањето билети за овој настан. Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик и дека ќе успееме да добиеме дополнителен контингент билети, кои би се продавале на многу поедноставен начин. Во наш интерес е во Познањ да има што е можно повеќе македонски навивачи, кои би ги бодреле избраниците на селекторот Јовица Арсиќ во обидот да се мине првиот круг на претстојното ЕП - дополнува Мерџановски.






Дневниот билет чини 10, 20 и 30 евра

Според информациите на интернет-страницата на „Ивентим“, цената на дневниот билет, со кој може да се следат два меча во посакуваната група, во зависност од секторот во салата, чини 10, 20 односно 30 евра. При една трансакција може да се купат билети само за еден сектор, и тоа најмногу пет одеднаш.

Со оглед на тоа што при интернет-купувањето, пред крајната потврда на трансакцијата, се испишуваат и редот и местото на билетот што го купувате, може да се заклучи дека интересот и не е баш преголем, барем за средбите на Македонија. Во текот на вчерашниот ден, трет од почетокот на интернет-продажбата, сè уште се продаваа билети за првите редови од секој од секторите.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Леле на иста трибина.Таму без нож нема влагање или шипка во најмала рака.Како знаеш криј ја.Ќе и е.ат матер на салата па после да не зборат не сме предупредиле дека ќе има тепачки.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Леле на иста трибина.Таму без нож нема влагање или шипка во најмала рака.Како знаеш криј ја.Ќе и е.ат матер на салата па после да не зборат не сме предупредиле дека ќе има тепачки.
Aj пробај да влезеш со нешто од тоа што спомна па после ќе рибаш полски клозети у надеж дека побрзо ќе се пуштат...
Од кај нас ако отидат 2 автобуси вистински навијачи еве ја сечам глава, другото све нека иде со агенции, со чартер, со агенција за млади и спорт и нека се јебачи незамарајќи се за тоа дали гркот ќе провоцира или не...
 

Ivka

Алхемичарка
Член од
1 февруари 2007
Мислења
300
Поени од реакции
4
Зарем нема да има ништо организирано преку туристичкиве агенции како што беше за Хрватска?
 
Z

ziko bt

Гостин
eve nesto za protivniko na makedonija za na evropskoto
ПРОТИВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ

Израел подмладен на Евробаскетот

Селекторот на Израел, Зви Шерф го објави списокот на 24 играчи кои ќе конкурираат за тимот за ЕП 2009 што ќе се одржи во Полска. Израел ја подмладува селекцијата која ќе и биде противник на Македонија во групата "А" и против која имаме најголеми шанси за победа која би ни донела пласман во втората рунда на ЕП.
Во таборот на Израел ќе ги нема искусните Дрор Хаџаџ, Шарон Шасон, Ерец Марковиц и Афик Насим кои беа дел од претходните Евробаскети како и од тимот кој ја совлада Македонија во баражот за ЕП во Шпанија 2007.
- Ова се играчите, имаме изменета програма за подготовки и очекувам да биде уште подобро. Им посакувам се најдобро зашто успехот на репрезентацијата е воедно и успех на израелската кошарка - рече селекторот Зви Шерф.
Меѓу оние 12-мина кои ќе настапат против Македонија во Полска се очекува да бидат ѕвездите Јотам Халперин (Олимпијакос), Лиор Елијаху, Омри Каспи, Јанив Грин, Тал Бурштајн и Равив Лимонад (Макаби).
Останатите кои ќе се борат за настап се Матан Наор, Ницан Каноки, Роберт Ротбард (Ирони Нахарија)л Гал Мекер, Елишај Кудир, Нир Коен (Галил), Амит Тамир, Јогев Окајон (Ашкерон), Јувал Наими, Морат Рот (Хапоел Ерусалим), Јеху Орланд, Ури Кукиа (Холон), Меир Тапиро (Хашарон), Идо Козикаро (Хапоел Н.), Моше Мизрахи (Хаифа), Јони Нир (Гиват Шмуел) и Гај Пнини (Керавнос).
 

|MkD|hUnTeR

Golden Lords
Член од
15 мај 2009
Мислења
187
Поени од реакции
4
КФМ

Да ве прашам сакам дали ке се иде на европско у полска ако се иде дајте сите групи заедно да идеме да ја бодриме Македонија и така со Грција игра , па после утакмица да ги убиеме тоа грците
Ако некој знае дали ке се организира нека каже:helou:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Да ве прашам сакам дали ке се иде на европско у полска ако се иде дајте сите групи заедно да идеме да ја бодриме Македонија и така со Грција игра , па после утакмица да ги убиеме тоа грците
Ако некој знае дали ке се организира нека каже:helou:
Ви ги споив темите, а имаш посебна за тема за КФМ ако сакаш да пишуваш...
Овде договарајте, зборете за тоа, по некое време ќе ја означиме и како важна...

Да му дадам одговор на дечкото...
Појше зависи од АМС за тоа дали ќе се иде организирано или...Ја лично сум против заедничко одење на сите групи, нека идат фамилии , нека идат другари ко на одмор што идат...Да не се брукаме...
Има време, ќе се знае...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom