Подготовка за интервју за работа

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Доброто CV, одличниот пристап за време на телефонскиот разговор и позитивната стратегија при барање работа ќе ве доведе до неизбежното (а толку посакувано) интервју за работа.
Интервјуто е разговор помеѓу кандидатот за работа и интервјуерот каде оној кој ве интервјуира преку прашања ќе се обиде да процени колку кандидатот е соодветен за работното место.
Тоа е двонасочен процес во кој оној кој ве интервјуира ќе ги вреднува одговорите на кандидатот и начинот на неговото однесување.
За време на интервјуто, оној кој ве интервјуира ќе се труди да дознае повеќе за вашето образование и вашите квалификации за работното место, претходното работно искуство, како го поминувате слободното време, кои се вашите желби и амбиции за во иднина.Од друга страна, ова за вас е можност да дознаете повеќе за работното место и за организацијата .Интервјуто вообичаено трае 30 – 40 минути и за него треба добро да се подготвите, со цел удобно да се чувствувате и да оставите добар впечаток.

Подгответе ги и понесете ги следните документи

Утрото или денот пред интервјуто, грижливо подгответе ги сите документи што можат да ви бидат побарани од одговорниот за вработување:
- дипломи што се спомнати во вашето CV;
- препораки;
- CV;
- уверенија и дозволи.

Изберете соодветна облека

Општо гледано, играјте на скромност и природност: костум и вратоврска за мажите, костум (палто и здолниште) за жените.
Облеката многу кажува за кандидатот и за тоа како тој би се вклопил во фирмата. Еве неколку генерални совети во врска со облекувањето и изгледот кои би ви користеле во подготовката на интервјуто:
- уредна, чиста и испеглана облека;
- умерено користење на дезодоранс или парфем и шминка;
- да не се претерува со дополнителни детали (накит, марами, капи и сл. тоа би било контрапродуктивно);
Меѓутоа, вашата облека треба да се прилагоди и на работното место за коешто се пријавувате. Така, ако се работи за мануелна работа, костумот не е неизоставно потребен.

Бидете точни, пристигнете на време на интервјуто!

Организирајте се да стигнете десетина минути пред одржувањето на интервјуто.

Контролирајте го однесувањето

Кога одговорниот за вработување ве поздравува, вашето поздравување нека биде одлучно, гледајте го во очи и бидете насмеани.
За време на интервјуто, држете се исправено, обидете се да не ја менувате премногу често позицијата на седење и постојано имајте отворено држење (избегнувајте скрстени раце или нозе).
Внимавајте на усното изразување. Не прекинувајте го соговорникот.


Видови интервју

Едноставно интервју: вашиот соговорник разговара со вас од 30-40 мин.
Интервју со комисија: сами сте наспроти 3 или 4 лица.
Интервју во движење: ви се предлага да бидете напоредно претставени на разни членови на претпријатието.


Групно интервју:

оваа техника се состои во обединување на една иста маса на повеќе кандидати за исто работно место, барајќи од нив да размислат за воспоставување на одреден проект или за одреден практичен случај. Овој тип на интервју најчесто се користи за откривање на раководните способности на кандидатот и се применува доколку се бара менаџер, или лице што ќе работи со јавноста. Во ова интервју кандидатите се наведуваат на дискусија, а таа дискусија, како и темата на дискусија, ја започнува лицето што го води интервјуто. Целта на ова интервју е да се оцени комуникативноста на кандидатот, секако покрај неговото знаење и работните вештини кои ги поседува.

Освен оваа поделба интервјуата можат да бидат:

Бихевиористичко, кое е базирано на идејата дека досегашното однесување е најдобар индикатор за однесувањето во иднина. Работодавачот го проучува однесувањето на кандидатот и на тој начин оценува дали тој одговара за тоа работно место. Прашањата се така дизајнирани, за со нив да се добијат информации за дотогашното однесување на кандидатот.
На сите кандидати им се поставуваат истите прашања. На овој вид на интервју се поставуваат прашања од типот: „Што би направил доколку се најдеш во следнава ситуација: Имаш на располагања малку време, а треба да завршиш неколку битни работи?“

Стресно интервју, преставува осмислен обид , со кој се гледа како реагира кандидатот во одредена ситуација. Лицето што го врши интервјуто може да биде саркастично, или пак да бара премногу докази за кажаното, или, пак може да го остави кандидатот да чека предолго. Вакви и слични работи треба да се очекуваат на едно вакво интервју и затоа овие работи не треба да се примаат премногу лично. На поставените прашања треба да се одговара смирено и релаксирано. Не треба да се брза со одговорот на поставените прашања, и притоа пожелно е да се праша дали треба да се дообјаснуваат одговорите или се бараат кратки и прецизни одговори. Лицето што го води интервјуто може да ги поставува прашањата на одреден временски интервал со цел да ја провери самоконтролата на кандидатот.

Тек на интервјуто


Интервјуто може да претставува потешкотија доколку кандидатот не знае што да очекува. Секое интервју се одвива по некој редослед;
- пет минути: воведен говор;
- петнаесет минути: оној кој го врши интервјуто поставува прашања поставува прашања;
- пет минути: кандидатот поставува прашања (доколку има);
- пет минути: завршеток на интервјуто.
Интервјуто започнува со самото пристигнување во просторијата за интервју. Првите минути најчесто го даваат тонот на целокупниот натамошен тек на интервјуто. Доколку кандидатот остави добар впечаток и одржува релаксирана атмосфера, најверојатно дека и останатиот дел од интервјуто ќе помине во ред.
Еве неколку совети кои може да ви помогнат интервјуто да се одвива во саканата насока:
- благодарност до комисијата или до лицето кое го води интервјуто,
- искрена насмевка,
- кандидатот треба сам да се претстави. Не треба да се очекува дека оној кој го врши интервјуто го знае името и презимето на кандидатот,
- додека не му се каже на кандидатот да седне, потребно е да стои,
- кандидатот би требало да очекува воведен говор (не секогаш) за општи теми: време, спорт, општо политичка состојба и сл.
- кандидатот треба да одговара со едноставни, јасни и кратки реченици, со самоуверен тон. Можно е кандидатот да има одлични одговори на сите прашања, но доколку не е убедлив во говорот, комисијата (или оној кој го прави интервјуто) може да не верува во се што е одговорено.

Прашања коишто може да ви бидат поставени:

• Што знаете за дејноста на нашето претпријатие?
• Зошто сакате да бидете дел од него?
• Имате ли потребно искуство за тоа место?
• Кое искуство најмногу влијаело на вашата кариера?
• Кои биле најголемите ваши успеси?
• Сакате ли да работите во група?
• Сакате ли да имате одговорности?
• Што мислите за хиерархијата?
• Како мислите да придонесете за нашево претпријатие?
• Дали сте флексибилни?
• Која е вашата професионална цел на краток и среден рок?
• Какви се вашите очекувања во поглед на платата?
• Која ви е најголема мана; најголем квалитет?
• Семејна состојба?
• Опишете ми како би изгледал еден ваш работен ден?
• Дали имате хоби и дали рекреирате?
• Која книга неодамна сте ја прочитале?


Прашања што вие можете да ги поставите на интервјуто за вработување

• главните задачи што ќе треба да ги извршувате;
• средствата со кои располага носителот на тоа работно место;
• вашиот понатамошен личен развој;
• внатрешната обука што ја спроведува фирмата;
• мобилноста во фирмата;
• платата (на крајот од интервјуто).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кое интервју не ме заебавај и ти сега подоцна ќе дадам :icon_lol:.

Не сериозно ова интервјуа и подготовки за интервјуа како во Лихтенштајн да живееме, а не во Македонија :tapp:.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Koja posledna kniga???

Nikad ne me prasale toa, a ni pola od rabotive sto se navedeni.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
В Петок сум на интервју во Џонсон Контролс во фабриката во Бунарџик. КАКО ДА СТИГНАМ ДО ТАМУ ОД КАРПОШ 2 ? По можност со автобус...
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
В Петок сум на интервју во Џонсон Контролс во фабриката во Бунарџик. КАКО ДА СТИГНАМ ДО ТАМУ ОД КАРПОШ 2 ? По можност со автобус...
Па имаше автобус од фабриката што поминува карши поштата во К-2, околу 7 ипол сабајле беше мислам.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Па имаше автобус од фабриката што поминува карши поштата во К-2, околу 7 ипол сабајле беше мислам.
А тоа е автобус за вработени во фабриката? Сепак мене ми треба поцивилен превоз. И секако не во 7 сабајле. Кај 13Ч00, 14Ч00.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Koja posledna kniga???

Nikad ne me prasale toa, a ni pola od rabotive sto se navedeni.
Хехе... Па нормално не прашуваат се, не сум бил на интервју досега, но доколку во CV-то како хоби имаш напоменато читање книги тогаш може да ти го постават горенаведеното прашање :)
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Ако бараат МАЈСТОР, гледаат како ќе ја сработи работата, а ако вработуваат партиски војници, седнуваат во фотеља, пред да се свестат сите околу него. Пример - член на Републички судски совет, примен домар за професор ( се разбира без образование) примиле еден куп некомпетентни, важно е да си лојален партиски војник.Тоа е така кај нас, а останатото важи за нормалниот свет.Но ние не сме тоа а и долго нема да бидеме.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА - ова нагласено од мака- ја уништија државава.Чуму памет и школо?:bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor::bilokojzbor:Само марсовци да дојдат да не превоспитаат????:drk::drk::drk::drk::drk:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Предмет: Искрено CV
До:
XXXX ДОО
Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен.
Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.
Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“
Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор.
Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.
Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.
Пцујам на неколку светски јазици.
Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.
Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.
Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност.
Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.
И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.
Со почит,
XXXX XXXXX
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Да имаше таква опција на форумов ќе ти ставев едно Like :)

Предмет: Искрено CV
До:
XXXX ДОО
Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен.
Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.
И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.
Со почит,
XXXX XXXXX
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Од сето ова што е напишано, би се сложил со:
Бидете отворени за тоа што сакате да работите, но бидете сигурни да бидете оптимисти, насмеани и релаксирани. Дајте до знаење дека ќе бидете пријатен на работното место. Исто така дадете до знаење дека ја ставате работата на прво место... и најважното, и да ве одбијат не очајувајте.. пријавувајте се на секое можно работно место
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.007
Поени од реакции
2.043
.

Подгответе ги и понесете ги следните документи

Утрото или денот пред интервјуто, грижливо подгответе ги сите документи што можат да ви бидат побарани од одговорниот за вработување:
- дипломи што се спомнати во вашето CV;
- препораки;
- CV;
- уверенија и дозволи.

.
Озбилно?!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom