Дувнале ветрови избришале трагови.
Чувај Боже слепо да прогледа.
Црвениот на гробишта, жолтиот на патишта.
Мирна вода брег рони.
Секоја планина (има) своја тежина.
И пес од сој се бара, а не човек.
Гладна кокошка просо сонува.
Сто стапа по туѓ грб не болат.
Убавото и на Господ му мило.
Чест секому, вересија никому.
Сила Бога не моли.
Село гори, баба се чешла.
Што му е мило, тоа му се сонило.
Угоре високо - удолу длабоко.
Сложни калуѓери и во петок мрсат.
Не за кого е печено, ами за кого е речено.