Пет работи кои треба да ги знаете за тестот за бременост

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.398
Тестовите за бременост се почесто се употребуваат, но исто така се почесто доаѓа и до забуни во врска со тоа како да се користат, кога да се користат, колку се сигурни и како функционираат? Се надеваме дека после овој текст работите во врска со тестот за бременост ќе ви станат појасни.

На кој начин функционира тестот за бременост?

Хормонот HCG e супстанцата која се мери со тестот за бременост. HCG (human chorionic gonadotrophin) e хормон кој се појавува уште во најраниот период од бременоста, започнува рапидно да се зголемува во 6-тата недела, а врвот го достигнува некаде од 9 до 12 недела.

Колку време после ризичниот сексуален однос можам да направам тест?

Тестот за бременост нема да ви даде релевантен резултат една недела по сексуалниот однос или ако менструалниот циклус ви касни само ден или два. Доколку тестот за бременост се покаже како негативен, а вие сепак се сомневате дека сте бремени или мислите дека сте имале ризичен сексуален однос во ризичен период од месецот, тогаш почекајте неколку дена и повторете го.

Тестот за бременост може да даде лажни резултат доколку го правите во период кога менструалниот циклус ви доцни два или три дена, но доколку го правите кога менструалниот циклус ви доцни повеќе од пет дена со сигурност ќе биде точен.

Важно е да знаете дека е тенка границата на нивото на хормонот кој тестот може да го забележи, а исто така и нивота на хормонот се различни во зависност од жената, па затоа бидете трпеливи и тестот направете го малку подоцна за сигурност на добиениот резултат.

Дали тестот за бременост може да даде погрешен резултат ако го имам купено порано и стои неупотребен?

Доколку е запазен начинот на чување, температурата и влажноста нема проблем. Но тестот може да покаже неточен резултат доколку му е поминат рокот на употреба.

Дали матната линија кај некои тестови може да покаже дека сте бремени?

Да, и матната линија е знак дека сте бремени, а се јавува како последица на ниското ниво на хормонот. Но без разлика, и тоа укажува на бременост.

Колку време е потребно за тестот да даде точен резултат?

Денеска се присутни на пазарот многу софистицирани тестови кои ветуваат точни резултати и во вториот ден по доцнењето на менструацијата. Важно е да знаете дека тестот за бременост функционира на начин што го детектира нивото на HCG.

Така, за да добиете со сигурност точен резултат, потребно е да почекате две недели по ризичниот однос или една недела по доцнењето на менструацијата. Нивото на овој хормон драстично се зголемува од ден на ден по зачнувањето како што пишавме погоре, затоа доколку малку почекате ќе бидете по сигурни.

виа Кајгана / Заздравје
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Во овие брзи тестови е искористена хроматографска метода, мислам дека стануваше збор за тенкослојна хроматографија, биохемичарите подобро знаат.
Овој тест може да даде лажно позитивни резултати кај некои заболувања на црниот дроб и некои брзо растечки неоплазми (канцер).
Лажно негативни дава во случај кога прагот на детекција е многу висок, во првите денови од оплодувањето количеството на bHCG e под 1mIU/mL.
Секогаш треба да се провери на пакувањето кое е најмалото количество од хормонот што може да го детектира тестот.
 
Член од
5 декември 2013
Мислења
32
Поени од реакции
8
А што е со тестовите за испитување крв, и кога се прават тие?
Дали прво се прави тест со мокрача па ако е сомнителен резултатот се оди на крв, или?
 
Член од
1 април 2014
Мислења
19
Поени од реакции
3
Резултатот од тестовите со мокрача се многу несигурни од мое искуство, ми покажа позитивен и кога отидов во Плодност за испитувања испадна дека било сосема неточен резултат од тестот. Затоа најсигурно е да се испита крвта па сигурно ќе знаеш поздрав:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom