Патриотски разговори

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Со инвестирање во младите генерации. Подобро и поквалитетно образование, да ги учиме критички да размислуваат уште од рана возраст, да им дадеме доза на независност, да им се даде на студентите бесплатни автобуси, скијање и ред други бенефиции кои пензионерите денес ги имаат. Мене лично многу ми сметаа оваа денешна пасивна младина. Немаат став и мислење за ништо, освен за како изгледаат, дали денес си го виделе симпатијата или излегле на кафе, пијачка со друштвото. Тие се тие кои треба да ги мрднат работите од мртва точка, а не да бидат партиски послушници. Ова можеме да го смениме само со менување на образовниот систем, да се направи систем кој ќе им дозволи младите генерации сами да учат да размислуваат со сопствената глава и да бидат способни вадат сопствени заклучоци од информациите кои ги воспримаат, а не да им се сервирани и соџвакани, а тие само да ги голтаат без прашање и размислување таквите ставови.
Ако вратата за квалитетно образование досега била затворена, зошто би ја отвориле туку така? Не даваат соодветен образовен систем. Му се мешаат на младите и ги делат. Немаш квалитетни содржини за живот, напредок, заедништво. Се вложува само во лудување и поттикнување суета на меѓусебен натпревар. Ете тоа им одговара за младината да се занимава за да се дефокусираат, да не се бунат и како сакаат да ги владеат. Зошто одеднаш би направиле менување спротивно на сопствениот себичен интерес?

Иначе да ве предупредам. Темава е супер, има потенцијал да се развие ептен квалитетна дискусија. Затоа ВЕ МОЛАМ, без мешање на политика.
Благодарам blue lady.[DOUBLEPOST=1393769499][/DOUBLEPOST]
Со коренита промена на системот и воспоствување на нов поправеден опшествен систем што ќе биде еднаков за сите нас. Моментално македонскиот народ и воопшто македонските граѓани немаат капацитет и ресурси да сторат такво нешто. Како да се воскресне оваа држава ако немаме младина, а младината е мотор и носител на сите опшествени и национални промени. Со финансиска стимулација на пензионерите од страна на државата и бркање надвор од земјата на младиот прогресивен кадар нема излез од провалијата. И нема да има во наредните 30 години.
Не можеме толку да издржиме. Ќе мора да смислиме нешто. Читај ја смислата на она кое си го цитирал „како да излеземе од провалијата која ВЕЌЕ ни станува гроб“. Само критика без предлог не е соодветен одговор.[DOUBLEPOST=1393770347][/DOUBLEPOST]
Аххххх,одиме пак со лекција зш Македонците се поделени моментално .... пак и пак и пак и пак и пак и пак и пак и пак .... а и искрено нормално е зш има Македонци се помалку,па и низ цела Европа е и Западот е нормална работа ова веќе .... нема поента да се троши разговор зошто ... се знае зошто ... Модерно време ,моментални сфаќања .... Гледате како е и разбирате ... назад на топикот поделеност меѓу Македонците ....

Поделбата на Македонците би рекол трае од почетокот на 19 век и текот на настаните на Балканот .... имавме соединување преку ВМРО и против Отоманската Империја и распаѓање после поделбата на Македонија ..... Отоманската Империја слабее толку брзо за многу малку време и се повлекува без борба и покрај модернизација и утур бутур меѓународни инструктори на војската .... се создава вакуум простор на моќ ..... секој користи моментална шанса за грабање на што поголема територија .... кој го ферма Македонецот ... Македонското Прашање како главна причина за Прва Светска Војна , поделба со помош на пропаганда и асимилирање на Македонецот сегде и секаде каде што се наоѓа на таа територија под која е окупирана од било кој окупатор .... Македонецот наивен демек дека ќе помогне да се врати Македонија , оди да се бори од страна на окупаторот и не е свесен со помош на пропаганда .... настануваат Грчки Македонци,Бугарски Македонци,Српски Македонци .... поделба на Македонската кауза и свест која си трае до ден денешен ... Тие што останаа цврсти во себе и свесни кој се и што се но и секако со сплет на околности избегал од војните се враќа полека "Изгубената" свест на Македонецот .... искрено и треба и нормално ми е да има документарци на МТв или било кој канал во Македонија ... Повеќето Македонци сеуште се сметаат Југословени и извинете на ова , кур ги боли за Македонија и која е Македонија , но тоа е реалноста .... учиме историја од туѓи извори , учиме само селектирана сопствена историја во моменталните учебници наместо за реалната историја која искрено е далеку поголема отколку што сте свесни .... се сметам јас дека сум Антички Македонец ,сум дел од тој народ .... дошле дел од Словените кои наметнале своја култура и живот тука ..... но кога ќе видите и генетски тест на обичен просечен Македонец , он има само 10 % Словенско потекло .... има 40 проценти Антички Македонец,20 проценти Теутонски (Германски племиња),не и ни чудно ,Саси и така натаму племиња во Северисточна Македонија , поготово од Среден век кој ја населуваат поготово Келти цел среден Балкан ,Унгарија,цела Србија и сосема мал дел од Македонија .... :D има уште да мелам но доста е :D
И редоследот на нештата, и геополитичката положба и некои од страна не зезаат, тоа се не довело до овде (провалија). Ако сме разумни луѓе треба да размислуваме практично како да излеземе.
Како антички Македонец, знаеш дека Македонија тогаш била во иста незавидна положба. Вазал на Персија, победувана и потиснувана од ахајските политички сојузи, стално гризена од Дарданците. Но ете имале некој како Филип седнал заедно со генералите и направиле план. Како со едните, како со другите, како со третите. Затоа и покрај нерамноправноста на силите не се исплашиле. Знаеле дека имаат план кој може да успее.

П.С. Хрватите од сите некогашни југословени имаат најизразита идеолошка поделба на усташи и партизани, ама кога ќе дојде национално прашање сите се заедно.[DOUBLEPOST=1393771153][/DOUBLEPOST]
А што е тоа патриотизам?

Дали е тоа да се чукаш во гради кога ќе се спомнат имињата Александар, Самоил и Гоце? Дали е тоа да се вика „Грци - педери“, „Бугари - татари“, „Срби на врби“ или „за Шип та ри гасни комори“ еднаш неделно? Дали е тоа наследно? Колку црвени знамиња треба да имаш за да се наречеш патриот? Колку кила месо треба да изедеш на празник за бидеш вистински родољуб? Колку долари треба да се дадат за Македонија независна и обединета да ја видеме?

Жалното е што просечниот македонски патриот ги бара одговорите на овие прашања и мисли дека допринесува за својот народ и држава кога ќе ги најде. Уште пожално е што секој очекува некаква инстантна лична корист од своите постапки на патриотизам.

Погрешната претстава за родољубието е она што ги одвраќа младите од истото.
Е ајде да направиме Младинска Национална Академија за правилно да ги обучуваме младите како македонски родољуби.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Не можеме толку да издржиме. Ќе мора да смислиме нешто. Читај ја смислата на она кое си го цитирал „како да излеземе од провалијата која ВЕЌЕ ни станува гроб“. Само критика без предлог не е соодветен одговор.
Сард, пријателе, види сега како да ти објаснам. Од се она што сум го видел, искусил и прочитал во животов можам да ти кажам дека нашиот етнички и државен колектив наликува на 80 годишен пациент со рак во полукоматозна состојба кој претходно ждерел свинско и локал домашна ракија.

А сега очајно лежи во болничкиот кревет и се бори да преживее, додека ракот му има зафатено 25,17% од телото, со тендеција на целосно проширување. Ти мене сега ме прашуваш за предлог како да го излечиме пациентот.

Не постои доктор што може да излечи пациент во ваква состојба. Можеби би можел да му го продолжи животот на кратко, но тоа не би бил живот туку мачење за пациентот. Неможеш да спасиш пациент што нема една здрава клетка во него.

Мислам дека ти е јасна метафората. Едноставно тоа е природата, колективите се раѓаат и изумираат, на нивно место доаѓаат други нови, посилни и попаметни. Штом Рим после 2 000 години постоење пропадна, ќе пропаднеме и ние. За жал македонскиот народ е во биолошко изумирање, and there is not much we can do it.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Пријателе, а тие родољубите нели треба нешто да јадат???
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
23 март 1972 година Скопје - Македонија
„ Во акцијата во Гејскиот конзулат,учествуваа седум лица.Јас бев во обезбедување на теренот.Нашиот човек кој ја уфрли бомбата, влезе на задната страна каде што два дена пред тоа направивме отвор во жичаната ограда. За да не страда конзулот со неговото семејство,бомбата беше ставена на задниот столб, а времето темпирано за експлозија беше 23.00 часот. По поставувањето, правило беше, секој во својот дом,индивидуално. Се разотидовме,а повторно еден остана да контролира дали акцијата ќе заврши.
Во 23.00 часот експлозија и известување „Готово“.“
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Сард, пријателе, види сега како да ти објаснам. Од се она што сум го видел, искусил и прочитал во животов можам да ти кажам дека нашиот етнички и државен колектив наликува на 80 годишен пациент со рак во полукоматозна состојба кој претходно ждерел свинско и локал домашна ракија.

А сега очајно лежи во болничкиот кревет и се бори да преживее, додека ракот му има зафатено 25,17% од телото, со тендеција на целосно проширување. Ти мене сега ме прашуваш за предлог како да го излечиме пациентот.

Не постои доктор што може да излечи пациент во ваква состојба. Можеби би можел да му го продолжи животот на кратко, но тоа не би бил живот туку мачење за пациентот. Неможеш да спасиш пациент што нема една здрава клетка во него.

Мислам дека ти е јасна метафората. Едноставно тоа е природата, колективите се раѓаат и изумираат, на нивно место доаѓаат други нови, посилни и попаметни. Штом Рим после 2 000 години постоење пропадна, ќе пропаднеме и ние. За жал македонскиот народ е во биолошко изумирање, and there is not much we can do it.
Здраво братче Никола, ако така мислиш така и ќе биде. Но јас и други не мислиме дека така мора и да биде. И нема да биде се додека барем 5 мина веруваат во излез.
Како што од една секунда во друга секунда постои некој необјаснив континуиетет во/на истите субјекти. Така и колективите од една измена во друга прават измени во личноста но и нешто од битието зачувуваат и пренесуваат. Ако и ниедна личност како човек поединец или личноста на колективот не е целосен носител на вистината. Некој некаде мора да е најдобар носител на вистината. Некои може да се поблиски или подалечни од вистината. Оние кои длабоко навлегле по патот на лагата и би требало да сакаат да ги отстранат оние кои многу подобро одат и издржуваат по патот на вистината. Не може се да е променливо, релативно и лажно. Во тој случај животот би бил само илузија. А ако ние сме толку напаѓани од сите страни, би требало да носиме некоја значајна вистина за која срамота е да се предадеме и вреди да се бориме докрај. Не ја браниме Македонија само заради Македонија туку вистинската причина е духовноста која се брани заедно со бранењето на ова нам познатото македонско. Треба да се осознае и верува во постоењето на вистина инаку животот станува низок, „животински“.[DOUBLEPOST=1393773800][/DOUBLEPOST]
Пријателе, а тие родољубите нели треба нешто да јадат???
Проблемот е да расчистиме што е попрво. Треба да јадат или треба да мислат па ќе најдат за да јадат. Јас мислам не можеш да јадеш ако не смислиш како да дојдеш до јадење. Прво мислиш како да дојдеш до јадење, па после јадеш откако си успеал да дојдеш до јадењето.[DOUBLEPOST=1393774311][/DOUBLEPOST]Ако не ни се допаѓа количината и/или понуденото за јадење, треба да почнеш да мислиш, сходно и ДА ДЕЛУВАШ како да дојдеш до јадењето што го посакуваш.
 
Зборев... кој ќе изгради одржлив економски систем?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Зборев... кој ќе изгради одржлив економски систем?
Јас мислам дека не е проблем до изградбата на одржлив економски систем, туку како да се обезбедиме од извлекувањето на сработеното од овде некаде кон надвор. Државата вклучително и (п)оставените крупни бизнисмени се само апаратот/спрегата кој тоа црпење го обезбедува успешно да функционира. Од 15 најпрофитабилни компании во Македонија 12 се во странска сопственост. Никој нормален нив не би ги продавал, за главнината на труд на граѓаните да се одлева надвор. Ама немакедонските влади тоа го продадоа без дискусија.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Патриоти ли се оние кои фатиле џенем од оваа наша мала државичка, патриоти ли се оние кои извадиле странски пасоши за да избегаат од истата, патриоти ли се оние кои веќе не се свртеле назад кон неа, патриоти ли се оние кои не се толку силно в гради удираат дека се би дале за татковината?
Секојдневно гледам дека ги ставаат на мета. Но едно знам дека се поголеми патриоти од оние што се прават вистински а всушност се квази патриоти т.е. оние кои не доведоа до ова дереџе.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Честито Како успеа само Топлификација за јас сместиш во ист разговор со патриотизам навистина ти се чудам.
Случајот Топлификација е чудо невидено. Не знам колку ти ги следеше случувањата околуТоплификација, но сега кога анализирам мислам дека такво нешто никаде до сега се нема случено. Просто да неверуваш дека нешто такво се случило.
Топлификација мами и ограбува,.... Шеснаесет илјади граѓани се исклучија да се спасат од измамата и грабежот. А власта наместо да ги гони измамниците, ги присилува граѓаните поворно да се вклучат за да повторно бидат измамувани и ограбувани. Живи резили
Но друго ми е зборот.. Ова тема ме потикна да размислам кои историски личности од Македонија, од нашето минато ми импонираат со делата што ги сториле за да се идетификувам со нив. Односно со гордост да кажам дека сум нивен наследник.
Еве би издвоил некој такви
Светите, Кирил, Методи, Климент и Наум
Питу Гули
Димитрие и Констатин Миладинови
Михајло Пупин

Кои ти би ги одбрал?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Mене ми се омилени
Димитрије Чуповски
Ѓорѓи Пулески
Кочо Рацин
Крсте Петков Мисирков
Блаже Конески
Не сакам пукачи и тепачи поомилени ми биле оние кој се бореле со перо.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.132
Поени од реакции
4.824
Имаме два вида патриоти:

-политичари
-обични смртници

Патриотите политичари се обезбедиле себеси и семејството за неколку поколенија.
Иако се обезбедиле финансиски, тие немаат 4-5 деца, но затоа ги охрабруваат обичните смртници да раѓаат што повише. Еден политичар и бизнисмен истовремено во еден медиум се фалеше дека го подржува наталитетот и охрабруваше едно сиромашно семејство да одат на уште едно дете (4то или 5то)... Иако тој како милионер имал само едно дете.
Патриотите политичари горат за татковината, особено во сауни и мориња.
Сега во мода е да се сликаш на
некое луксузно место и иронично да напишеш дека ете трпиш за татковината.
Патриотите политичари се пресметуваат со ножеви со ш*птари и ка*ри, но во ресторани, се натпреваруваат кој може да јаде повеќе печено месо.
Патриотите политичари имаат во нивните семејства норвешка невработеност, односно за нив нема зима ... А кога има зима, го имаат Банско за скијање, ако треба ќе ги употребат и бугарските пасоши.

Патриотите обични смртници, умираат во автобуси и тврдини, се пресметуваат со ножеви, тие секогаш ќе бидат виновни што не дале некоја капка крв повеќе, а кога има избори тие се виновни што не излегле во доволен број.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Mене ми се омилени
Димитрије Чуповски
Ѓорѓи Пулески
Кочо Рацин
Крсте Петков Мисирков
Блаже Конески
Не сакам пукачи и тепачи поомилени ми биле оние кој се бореле со перо.
Кој Перо?
Шала на страна потребни се и интелектуалци и луѓе спремни да гинат за да може една држава и нација да се одржи.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.175
Поени од реакции
15.985
Koaј и да ја видам темава, ме потсеќа на ова
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Искрено ми се сере од оваа вукојебина , немам никаква волја да дискутирам на Патриотски теми , ми се сере и од луѓето што живеат овде кои незнаат да изразат незадоволство туку ја наведнуваат главата и ќутат како 12 годишни пичиња.
 
zakaculko

skinhead '03
Член од
24 март 2009
Мислења
201
Поени од реакции
33
најголем проблем во државата е нерамноправноста, македонците се граѓани од непостоечки ред, никој не ѓи ферба, решение: nema
 
Kajgana Shop

На врв Bottom