ова е до нас самите, пред се поради нехомогена нација нема национална свест ниту за економски работи.. б.т.в., сега и Грција ќе се распродава, ама ако се земе колку долгови им простија и уште колку ќе им простат тоа се е ништо ... во оваа ситуација едино што би оправдал од партиите е да не се брза со никакви битни одлуки, типичен пример е овој од пред неколку дена, протерани симпатизери на Исил од Италија... сега Италија не ги апси ни го фрли нам костенот ( сега кога вујче отворено застана на иста страна со Исил и јавно кажа дека Исил не смее да падне)...
Не дека ако почне ВВ3 со нуклеарни оружја некој ќе биде поштеден, но може да има класична војна и да бараат топовско месо, исто како што некогаш земале деца за јаничари или најтазе мобилизациите во балканските војни...
А која нација во светот е хомогена? Поготово во денешно време на интернет кога имаш мноштво информации. Интернетот за медиумите направил исто како протестантството за католицизмот. Денеска имаш мноштво на дезинформации, што значи мноштво „вистини“, и секој си застанува позади таа што му се свиѓа. Додека порано информацијата или дезинформацијата била една и позади неа сакале неќеле застанувале сите.
Демократизацијата прави поделба на народот и таков поделен е полесен за владеење. Жив школски пример е нашиот народ и тоа што се случува во нашата држава. Брат со брат не збори заради партија. Веќе дојдовме до степен да се спремни да убиваат за партија.
После таква една поделба паѓа моралот, се губи чувството на патриотизам, националните чувства слабеат. Се појавуваат девијации во општеството, па дури и тие девијации почнуваат да се наметнуваат како нормални. И тоа не е само кај нас, така во сите земји кои ја прифатија западната демократија. Еве земи ја за пример западна Европа, што мака мачи со бегалците, се случуваат масовно силувања, улична правда во муслиманските гетоа, па дури и спроведување на шеријатски закони, а тоа све немо и немоќно се гледа од домицилниот народ на тие држави. Дури и ги спонзорираат, мислејќи дека ако им дадат пари за живот нема да прават проблеми.
Либералонацистите, ги користат сите најдолни методи за да останат на власт под плаштот на демократијата, поимот демократија е толку девалвиран што го користат и за воените интервенции на западните општества (на пример демократизациите на Ирак, Либија, Авганистан кои донесоа милиони жртви) .
Проблемот што го кажуваш не е само наш и не е само кај нас. Ниту Грците што ги збориш не се поштедени. Види што им се случува со бегалците. Они се први на удар. Светот воопшто се соочува со криза. Превирања се случуваат и во самата структура на ЕУ и НАТО, и во самите западни развиени држави. Полека националната свест почнува да се буди, луѓето стануваат свесни за проблемите со коишто се соочуваат. Заигра мечката и во нивниот двор. И покрај демонизацијата на националистичите партии и национализмот воопшто, националистичките партии во Европа се во подем. Па така и кај нас ќе почне да јакне национализмот после години на апатија.