ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Пописот не се прави да се види колку се државјани на Република Макодонија, туку пописот се прави да се види колкаво е моменталното население и каква е демографската ситуација во државата. Убаво кажа HITCH пред некоја страна:

Еве и во Законот како е:
Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година
Член 6
Со Пописот ќе бидат опфатени:
1) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Македонија;
2) лица кои имаат одобрение за постојан или привремен престој во Република Македонија со исклучок на лицата од точката 6 потточки а), б) и в) на овој член;
3) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а во времето на Пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување, се наоѓаат на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства.

Еве ја и дефиницијата во самиот закон, за што значи место на вообичаено живеење:

„Место на вообичаено живеење” е географско место, каде што лицето кое се попишува вообичаено живее, тоа може да биде исто или различно од местото каде што лицето фактички се наоѓа во времето на Пописот или тоа може да биде неговото официјално место на живеење. Место на вообичаено живеење се смета местото каде што лицето поминува најголем дел од својот дневен, односно ноќен одмор.

Што значи дека доколу брат ти повеќе од една година не живее во Македонија, нема зошто да бара да се попише, ама слободно нека гласа на избори.
Бре мајката... Попис се правело само за да се види колку не има во Македонија. Епа ако е така тогаш што ќе се случи утре ако 50% од луѓето се на привремена работа во странство се вратат дома? Што ако кризата во Италија и европа предизвика бран на враќање на луѓето од тие држави? Тогаш ќе им кажеме дека ние не сме ги броеле нив и не сметавме дека во буџетот треба да се предвидат трошоци и за нив??? Уште еднаш ќе се обидам да ти појаснам-
Според законот не се попишуваат личности кои повеќе од 1 год. живеат во странство. Кога братми или било кој доаѓа од странство дома на еден или два месеци, тој се регистрира при влез и излез на граница. Ако тој е веќе дома, тоа значи и дека тој дошол да живее еден месец во македонија. ова автоматски му дава право да се попише. Ова е јасно како ден и тука нема што да се полемизира. Ако во моментов не е дома тогаш тој може да се попише со негова лична карта или друг валиден документ а податоците ќе ги даде некој од неговото потесно семејство. Е сега одговорими на ова прашање. Дали доколку сега во македонија влезат 150.000 македонски граѓани со привремен престој во странство, дали тие ќе бидат попишани. Еве замисли дека тие доаѓаат денес, тука се до 15ти септември и на 16ти си одат пак назад. Ако овие имаат право да се попишат тогаш одговорими зошто немаат право да се попишат граѓаните кои до пред еден месец или една недела биле во македонија и тука поминале повеќе од 1 месец???

Ако веќе не сакате да сватите поинаку тогаш морам вака пластично да ви објаснам за да ви стане јасно.
 
П

Паспарту

Гостин
Ако им е на вработените! Се надевам дека "душа низ нос" ќе им излезе на пописов, па наредниот попис пак нека се пријават... Еден куп невработени лица, еден куп луѓе желни да видат некој денар, а тие очи ќе си извадат за да ги земат и овие пари, епа после е*ење нема каење. Тешка работа е пописот, не е како во администрација 'клати врата - земи плата' или пак дежурање во штабче, овде треба гзот да се испоти за да се заработат тие пари...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.195
Поени од реакции
16.124

Ако мислиш за вработените у аднимистрација, тие не се самоволно пријавени за попишување. Пола од попишувачите мора да бидат административци. Тоа и е така, иако никој од нив не бил известен, кој си видел на страната од ДЗС си видел, кој не, не се појавил на инструктажи и попис па затоа сега во одредени пописни реони има недостаток на попишувачи.

Инаку за тоа да, нека видат малце напор или у случајов напорот е голем. Колку е само сложено едно домаќинство со две семејства да се пополни.
 
H

HITCH

Гостин
Ако веќе не сакате да сватите поинаку тогаш морам вака пластично да ви објаснам за да ви стане јасно.
Ајде сега јас уште попластично да ти објаснам.

Ти не си го сфатил пописов!

Значи: НЕ СЕ ПОПИШУВААТ ЛИЦА КОИ ЖИВЕАТ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА ПОВЕЌЕ ОД 1 (една) ГОДИНА! Ако брат ти живее во странство, а за време на пописот се затекне тука, попишувачите ќе го прашаат колку време живее во странство и ќе заведат во листовите. Според податоците во пасошот надлежните органи ќе знаат дали тој лаже или не. Доколку немаат точни информации ќе го повикаат на разговор, ќе побараат податоци од државата каде што престојувал и ќе се среди работата. Едноставно е!

Се рачуна оние луѓе кои живеат надвор една година, а не цело време. Затоа се прави паралелен попис на Балканов, за да нема мрдање.

Лицата кои се на привремен или траен престој во странство може да се вратат назад во секое време. Ќе си појдат уредно да си се пријават во полиција и потоа ќе си почнат уредно да си ги плаќаат давачките кон државата и така нема да има потреба ти да се секираш како државата ќе се справи со нив. Тие нема да бидат на наш терет, туку на свој терет. Колку ќе си платиш, толку ќе си имаш. секаде во свет е исто.

Втора и многу важна работа: државни службеници секогаш имало како попишувачи и како инструктори! Нив не им се даваат пари, туку им се дава платата од работа, мислам дека без прекувремени саати. Работата е што сега сите имаат интернет, па може да видат што се работи. Сега се` е „транспарентно.“ :icon_lol:

Луѓе, ај научете што е попис и за што служи. Прочитај те назад низ страниве! Писмени сте до толку.

Знам дека реков дека само ќе набљудувам, ама се изначитав сешто.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Па очигледно оние кои го финансираат пописот се презадоволни од работата на администрацијата и не сакаат да ризикуваат со невработените. Овие се толку добри што сигурно одлично ќе си ја завршат работата а невработените најверојатно останале невработени затоа што не барале работа т.е бегале од неа.

Со оглед на тоа што сега на позиција се луѓе со истенчен осет за тоа како треба да се спроведуваат пописи, избори и сл. јас воопшто не се сомневам во одлуката грото од попишувачите да бидат веќе вработени лица.

Секако тука може да се земе во предвид и тоа дека вработените имаат многу кредити и некој денар плус ќе им дојде добро за да си вратат дел од долговите.

Неврабоптените пак и така немаат ни пари а ни кредити така што нема зошто да им се помага. Тие веќе се навикнати на криза и беспарица хахахаха.
Слушам и дека за време на пописот, најмногу пари ќе се потрошат за сапун и други хигиенски материјали со кои на народот ќе им се испере мозокот.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
hahahaha- dali vidovte kakvi prashanja imaat vo prashalnikot za popis vo Srbija???
znachi pokraj onie voobichaeni prashanja - ime, ....
Novinu predstavljaju i pitanja koja se odnose na eventualne poteškoće u svakodnevnim aktivnostima, pa, između ostalog, i da li vam teško pada penjanje uz stepenice,:pos::pos: ali i ona vezana za probleme sa vidom, sluhom, pamćenjem i komunikacijom.:pos:
Upitnikom za domaćinstvo i stan, osim onih uobičajenih o površini i spratnosti, građani će biti pitani da li imaju nužnik i da li je on u okviru kupatila ili u posebnoj prostoriji.:pos:

Domaćini treba da znaju datum izgradnje objekta u kome žive, kao i od kakvog su materijala spoljni zidovi.
 
H

HITCH

Гостин
Овие се толку добри што сигурно одлично ќе си ја завршат работата а невработените најверојатно останале невработени затоа што не барале работа т.е бегале од неа.
Јас не сум вработена! Сакаш да ми кажеш дека јас се излежувам дома секој ден и намерно не барам работа, оти ми е убаво вака?

Ај, контролирај се што зборуваш и кого навредуваш! Не можеш да кажеш дека сите кои се избрани да бидат попишувачи се неписмени и дека не знаат да ја завршат работата. Во ред е што сакаш да плукаш по се` и сешто и по сите, ама имај аргументи или барем елемнтарно познавање за работите. Ти си човек кој нема поим за што служи пописот, ама затоа на цел форум му држиш лекции на тема: „Попис“.

Да знаеш дека фрустрацијата е опасна работа!

П.С. Кај беше бе од 2008 до сега? Пописов го чекаше? :pos:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Ајде сега јас уште попластично да ти објаснам.

Ти не си го сфатил пописов!

Значи: НЕ СЕ ПОПИШУВААТ ЛИЦА КОИ ЖИВЕАТ НАДВОР ОД ДРЖАВАТА ПОВЕЌЕ ОД 1 (една) ГОДИНА! Ако брат ти живее во странство, а за време на пописот се затекне тука, попишувачите ќе го прашаат колку време живее во странство и ќе заведат во листовите. Според податоците во пасошот надлежните органи ќе знаат дали тој лаже или не. Доколку немаат точни информации ќе го повикаат на разговор, ќе побараат податоци од државата каде што престојувал и ќе се среди работата. Едноставно е!

Се рачуна оние луѓе кои живеат надвор една година, а не цело време. Затоа се прави паралелен попис на Балканов, за да нема мрдање.

Лицата кои се на привремен или траен престој во странство може да се вратат назад во секое време. Ќе си појдат уредно да си се пријават во полиција и потоа ќе си почнат уредно да си ги плаќаат давачките кон државата и така нема да има потреба ти да се секираш како државата ќе се справи со нив. Тие нема да бидат на наш терет, туку на свој терет. Колку ќе си платиш, толку ќе си имаш. секаде во свет е исто.

Втора и многу важна работа: државни службеници секогаш имало како попишувачи и како инструктори! Нив не им се даваат пари, туку им се дава платата од работа, мислам дека без прекувремени саати. Работата е што сега сите имаат интернет, па може да видат што се работи. Сега се` е „транспарентно.“ :icon_lol:

Луѓе, ај научете што е попис и за што служи. Прочитај те назад низ страниве! Писмени сте до толку.

Знам дека реков дека само ќе набљудувам, ама се изначитав сешто.
Еј што ме изненади. Е добро ама не ми одговори дали ако 150.000 нашинци вечерва дојдат во Македонија, имаат право да се попишат. Ако ти толку го разбираш пописот одговори ми кратко и јасно на ова прашање. Не сакам да ми кажуваш твои размислувања за ова. Очигледно го познаваш законот, го познаваш правото и затоа само кажи ми дали овие 150.000 граѓани може да се попишат.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.195
Поени од реакции
16.124
hahahaha- dali vidovte kakvi prashanja imaat vo prashalnikot za popis vo Srbija???
znachi pokraj onie voobichaeni prashanja - ime, ....
Novinu predstavljaju i pitanja koja se odnose na eventualne poteškoće u svakodnevnim aktivnostima, pa, između ostalog, i da li vam teško pada penjanje uz stepenice,:pos::pos: ali i ona vezana za probleme sa vidom, sluhom, pamćenjem i komunikacijom.:pos:
Upitnikom za domaćinstvo i stan, osim onih uobičajenih o površini i spratnosti, građani će biti pitani da li imaju nužnik i da li je on u okviru kupatila ili u posebnoj prostoriji.:pos:

Domaćini treba da znaju datum izgradnje objekta u kome žive, kao i od kakvog su materijala spoljni zidovi.
Не се секирај, и у нашите обрасци има исто такви прашања. Ако не си имал можност деновиве да те посетат попишувачи, застани ќе имаш можност и ти да одоговориш на такви прашања.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Јас не сум вработена! Сакаш да ми кажеш дека јас се излежувам дома секој ден и намерно не барам работа, оти ми е убаво вака?

Ај, контролирај се што зборуваш и кого навредуваш! Не можеш да кажеш дека сите кои се избрани да бидат попишувачи се неписмени и дека не знаат да ја завршат работата. Во ред е што сакаш да плукаш по се` и сешто и по сите, ама имај аргументи или барем елемнтарно познавање за работите. Ти си човек кој нема поим за што слуши пописот, ама затоа на цел форум му држиш лекции на тема: „Попис“.

Да знаеш дека фрустрацијата е опасна работа!

П.С. Кај беше бе од 2008 до сега? Пописов го чекаше? :pos:
Еј еј, ако си невработена не значи и дека треа да ја изгубиш смислата за хумор. Јас во мојот коментар ја напаѓам државата која не им дава на невработените да бидат поголем дел од пописот. Очигледно не си ја сватила мојата поента и затоа извини. На крајот од мојот коментар јас пишувам хахаха а тоа е за оние кои не читаат помеѓу редови :)
Уште еднаш извини но коментарот ми беше двосмислен т.е сакав да ви доловам како размислувале тие кои одлучуваа кој ќе го реализира пописот.
 
Види, јас овде не сум за тебе да ти се смеам на вицовите. Не мора детално да ми елаборираш, прави го тоа со усул.

Сериозно ти кажувам, луѓето кои се сега на терен треба да го спроведат договорот кој е донесен кога се создаваше владата. Истово ќе се случеше и доколку сојузот и дпа беа на местото на дпмне и на дуи. Договор си е договор!
Ние сме овде за да ги кажеме забелешките кои ги имаме во врска со пописов, затоа коментарот дека попишувачите се криви не држи вода. Се` едно дали се од јавна администрација или се од јавниот конкурс тие луѓе се фрлени во оган. Имаа многу мал период да се спремат за да излезат на терен. Многу е жално да се плука по нив, воопшто не се виновни за ситуацијава.
--- надополнето: Oct 2, 2011 7:06 PM ---
Еј што ме изненади. Е добро ама не ми одговори дали ако 150.000 нашинци вечерва дојдат во Македонија, имаат право да се попишат. Ако ти толку го разбираш пописот одговори ми кратко и јасно на ова прашање. Не сакам да ми кажуваш твои размислувања за ова. Очигледно го познаваш законот, го познаваш правото и затоа само кажи ми дали овие 150.000 граѓани може да се попишат.
Може да дојдат и да се попишат, НО ќе биде проверено кога влегле и кога излегле од државата и најважно ќе биде проверено на колкав период биле отсутни, а тоа би можело да значи и дека се попишале во друга држава. :icon_lol:

Не е проблем ако луѓето дојдат лично да се потпишат, па макар и милион. Проблемот се фотокопиите кои се приложуваат за отсутните граѓани. Во врска со пописов настапуваш наивно, позадината која ја имаат бројките ќе биде искористена за сосема друга цел, штетна за Македонија.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
па HITCH тоа ја го тупам цело време дека , ми вика се плашиш од албанизација ништо не е а у абе како да не се плашам сакаат државата да ни ја ЛАПНАТ буквално
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Ние сме овде за да ги кажеме забелешките кои ги имаме во врска со пописов, затоа коментарот дека попишувачите се криви не држи вода. Се` едно дали се од јавна администрација или се од јавниот конкурс тие луѓе се фрлени во оган. Имаа многу мал период да се спремат за да излезат на терен. Многу е жално да се плука по нив, воопшто не се виновни за ситуацијава.
токму така, но мнозина тоа не можат или не сакаат да го разберат. Ова
Попишувач нападнал инструктор во Тетово.
е само еден од икс случаите.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Еј што ме изненади. Е добро ама не ми одговори дали ако 150.000 нашинци вечерва дојдат во Македонија, имаат право да се попишат. Ако ти толку го разбираш пописот одговори ми кратко и јасно на ова прашање. Не сакам да ми кажуваш твои размислувања за ова. Очигледно го познаваш законот, го познаваш правото и затоа само кажи ми дали овие 150.000 граѓани може да се попишат.
Абе брату тебе изгледа не ти е јасно оти тие глупости завршија.Тоа беше порано кога 150 000косовари беа тука за пописи,за избори и обратно.Штета што летово ми беа дојдени сите роднини и другари од странство а јас не му ги копирав личните документи за идентификација.Или кој знае можеби требаше владата да обучи луѓе од државната администрација да ги попишат и печалбарите по земјите низ Европа Америка Австралија.....
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Артан Груби награден од Владата за инцидентот на Кале:

„Воедно, како што соопшти владината прес служба, Владата ги именуваше Бујар Османи, Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби за нови членови на Државната пописна комисија.“
http://kurir.mk/makedonija/vesti/44130-Vladata-go-kompletira-sostavot-na-DPK-popisot-utre-pocnuva
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom