Ова што се случува во Њујорк деновиве, што се однесува до Грците-очекуван потег. Се опуштија во филмот дека не им се брза, имаат „јака“ позиција како членка на ЕУ, и ги отворија картите комплетно.Значи, Грција нема проблем со името, има проблем со народот, а „преговорите“ се фактички буквално убиство на еден народ и неговата историја. Затоа и Нимиц го фатило паника, оти сфати дека ја има улогата на главен сведок во убиството.
Добра работа е што Јолевски застанал зад нашата црвена линија - име кое ќе го дискутираме само за меѓусебни контакти со Грците, и тука е крај.
Е сега , гледам многу претпоставки, што ќе биде после 7 Декември? Па иде нов ден, ништо поразличен од другите. Тоа го мислам заради следната претпоставка:
ЕУ има зацртана агенда за стабилизирање на европскиот регион, со вклучување на остатокот (западен Балкан) во своите редови. Не дека иполнуваме којзнае какви критериуми- едноставно , политичка одлука. И датум за преговори треба да дадат, и преговори треба да има, за да се комплетира агендата. Грците и сами се свесни (и кај нив се труби на големо) дека вето овој пат нема да биде победа, би имало контраефект. Затоа ЕУ, и помогна на Грција со то што постојано притиска кај нас да најдеме решение за спорот до 7 Декември. Втор проблем за Грција е што се брза до крајот на 2009 да стапат на сила одредбите на Лисабонскиот договор, а со тоа и неможноста Грција да блокира почеток на преговори. Блокада може да направи за ратификација за влез во ЕУ после преговорите, ама до тогаш има време....
Значи, ние не сме во толку црна позиција како што многумина апокалиптично милуваат да зборат. Единствено, жално е што гледам дека на некои, де не речам многу, им е свеедно, име би смениле за виртуелна среќа дека сме член на некое друштво ( ако воопшто некогаш станеме членови, дури и со сменто име и идентитет).
А што бидна со еден збор што во Македонија фатил пајажини и прашини , и може да се најде само уште во некои стари книги , а се пишува- ДОСТОИНСТВО?