Охрид

Член од
22 декември 2018
Мислења
367
Поени од реакции
512
Си се собрале на функција 10 тина луѓе што се на клучни функции што се задолжени за Автопатот и не прават муабет како да ги решат проблемите од каде да донесат луѓе што ќе го изградат, тие си прават муабет кој колку ќе украде и кој каде ќе си купи стан. Кој Париз, Берлин, Минхен, Монако, Атина... кој каде ќе шета со жената, е тоа ги интересира нив, личен себичен интерес со туѓи пари.. И џабе правиме муабет цело време за истото Автопатот па Автопатот..
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.435
Си се собрале на функција 10 тина луѓе што се на клучни функции што се задолжени за Автопатот и не прават муабет како да ги решат проблемите од каде да донесат луѓе што ќе го изградат, тие си прават муабет кој колку ќе украде и кој каде ќе си купи стан. Кој Париз, Берлин, Минхен, Монако, Атина... кој каде ќе шета со жената, е тоа ги интересира нив, личен себичен интерес со туѓи пари.. И џабе правиме муабет цело време за истото Автопатот па Автопатот..
Автопатот ко таков не е толку проблем, паре нису проблем јер паре немамо нели, колку што е состојбата на сегашниот пат, кој 10+ години функционира како некое привремено решение, со непостоечка сигнализација, никакво осветлување, еден куп дупки, префрлања од една во друга лента, импровизирани кружни со по едно колце на средина итн.
Автопатот што е до мене нека го градат и нека крадат уште 100 години, патиштата кои се моментално во “заменска” функција се оставени на милост и немилост, а со тоа и илјадници граѓани кои секојдневно ги поминуваат.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
549
Поени од реакции
289
Dali nekoj znae kolku e povratna karta so Galab Ohrid do Belgrad i nazad?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.985
Поени од реакции
10.660
Автопатот ко таков не е толку проблем, паре нису проблем јер паре немамо нели, колку што е состојбата на сегашниот пат, кој 10+ години функционира како некое привремено решение, со непостоечка сигнализација, никакво осветлување, еден куп дупки, префрлања од една во друга лента, импровизирани кружни со по едно колце на средина итн.
Автопатот што е до мене нека го градат и нека крадат уште 100 години, патиштата кои се моментално во “заменска” функција се оставени на милост и немилост, а со тоа и илјадници граѓани кои секојдневно ги поминуваат.
Ради ова изгубив желба да одам накај Охрид, мачно е за возење плус тука да се додадат и ретардите што престигнуваат цели колони и те ставаат во ризик е шлагот на тортата
Иначе кога веќе правите муабет за риби каде има белвици со сигурност? Имам слушнато дека и со нив прават дубари подметнувале пастрмчиња мали као некој пто не се разбира многу не можел да примети :D
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.929
Поени од реакции
9.536

Обично не ги разбираја која е шо риба оние шо стално јаделе белвици дип кленојне имет многу коски иначе и то ќе им подметниш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.842
Поени од реакции
35.244
...неубај работи се случиле и во Охрид:

Screenshot 01-27-2024 20.48.35.png Screenshot 01-27-2024 20.49.40.png

„Осум години по убиството на 26-годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот-српскиот турист Бојан Угреновиќ од Краљево сè уште е на слобода.

Screenshot 01-27-2024 20.50.44.png

Поради повторени судења, одлагања на судската расправа, во два наврати преполовување на казната од страна на Битолска апелација, изминало законскиот рок за притвор, па така Угреновиќ во јули 2017 година бил пуштен да се брани од слобода, од тогаш му се изгубила секаква трага. Меѓународна потерница била распишана три години подоцна. “

...мајката на убиениот Димитар моли:
„Го замолувам Судскиот совет на мојата татковина да ја преиспита работата за убиството на мојот син Димитар Матилоски. Адвокатот на убиецот Дончо Наков успеа да го ослободи убиецот, а сите останати не успеаја убиецот да го стават во затвор“, вели Матилоска. “

... треба да се промени законот за вакви пресуди и да се додаде член да штом така суди некој судија (судијка) со можност на непроценување на ситуација на едно убиство и да го ослободи убиецот да се брани од слобода, а истиот бега, треба да одговара и да се има опција за казнени мерки за непроценување на ситуацијата, па утре ќе размислат дали некој судија на некој судски процес ќе ја повторат истата грешка на непроценување без разлика од каква природа намерна или ненамерна.

...вака судиите со нивни пресуди придонесуваат на дополнителната болка на оштетените, но сепак се случило разрешување после 37 години работен стаж на судивката, дали таа била вистинскиот кривец :

„Разрешувањето на судијката Весна Кичеец, ги отвориле старите рани на семејството Матилоски кои четири години неуморно ја барале правдата низ судските лавиринти за убиството на нивниот син и брат Димитар кој бил претепан до смрт на новогодишната ноќ 2016 та година во центарот на Охрид од српскиот турист Бојан Угреновиќ.

Сестрата на Димитар, Цветанка вели, случајот со мојот брат од почеток бил премногу развлечен.Таа прашува и зошто се уште не е распишана меѓународна потерница по убиецот кој и понатаму бил на слобода!?
Основниот суд Охрид, од каде потврдиле дека побарале меѓународна потерница во 2021 година, но не добиле одговор зошто тоа го направиле дури четири години подоцна?

Поради тоа што ја развлекла постапката до истек на законскиот максимум за притвор и практично го пуштила српскиот државјанин да се брани од слобода по што тој избегал од државава, Судскиот совет донел одлука за разрешување на судијката.

Судијката Кичеец била длабоко вознемирена поради разрешувањето и најавила жалба до Врховниот суд и таа се пожалила:

„Навистина не знам каде е мојата вина, ценете сами, меѓутоа тоа е што е, мора да се прифати. Првата моја одлука за Угреновиќ е донесена само по месец и половина од добивање во работа на предметот по признание на вина и му беше изречена казна од 16 години.За Апелација Битола казната беше висока, ја укинаа пресудата и покрај тоа што остануваа уште помалку од 4 месеци до максималниот рок за притвор.Повторно ја донесов истата одлука, Апелација ја преиначи на 8 години, Врховен ја преиначи нивната и повторно изрече 16 години. Секако дека ќе се жалам,искрено не можам да поверувам во информацијата“

Според истиот Извештај, Судскиот совет примил 140 барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд во 2020 година. Од јуни 2020 година, Судскиот совет разрешил седум судии, меѓу кои и поранешен претседател на Врховниот суд.

bojan-ugrenovic-mihajlo-pantovic-foto-facebook-1452025801-818687.jpg

Судско-медицинското вештачење што било направено во Битола, имало многу нелогичности, многу докази воопшто не биле третирани и затоа семејство направиле приватни судско-медицински вештачења, дали некој од медицинските лица од Судска медицина одговарале за можните нелогичности?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom