Охрид

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.040
Ојде курбан градот, немат назад. Ќе ти сликам некојпат една зграда шо се градит на туристичка, пред кружнион тек за Билјанини извори. Никната е на место кај шо не собират ни помал маркет. Единствено автентично ни е новото минаре над сред чаршија :unsure:
Станов од сопругата се наоѓа после Арена па лево.Кога возевме натаму поминувавме безброј дуќанчиња,од автомеханичари до аптеки,сега и аптеката и тие неколку маркетчиња ги затвориле,па и Св.Димитрија у самата зграда е затворена останала само некоја такси компанија да работи.Ке дојде време ке нема луѓе у зградите
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.697
Поени од реакции
898
Станов од сопругата се наоѓа после Арена па лево.Кога возевме натаму поминувавме безброј дуќанчиња,од автомеханичари до аптеки,сега и аптеката и тие неколку маркетчиња ги затвориле,па и Св.Димитрија у самата зграда е затворена останала само некоја такси компанија да работи.Ке дојде време ке нема луѓе у зградите
Наќо , во најголем дел од зградите нема луѓе , или па се исполнети со само 30 % од становите ( луѓе кои живеат во становите ) ... катастрофа е направен Охрид последниве десетина години (пред се урбанистички )
.
 
A

Avenger99

Гостин
Освен можда во Скопје, сегде е иста слика по градојве во државава.
Пошто работам втора и трета смена денојве, гужва имат само пред Феникс за бурек на полноќ, и на Лукоил на 7-ми ноември.
За помалите градој од типот на Ресен, Берово итн, не ми се ни прајт муабет колку се отепани.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.713
Поени од реакции
6.901
Сега водана во езероно да надојде, да има шо да се сркет догодина
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.040
Бургер масивен кај да се јаде? Јас сум по пицата ама другиве ме отепаа за бургери.Кај да се појде у Охридов за бургер пишујте
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Бургер масивен кај да се јаде? Јас сум по пицата ама другиве ме отепаа за бургери.Кај да се појде у Охридов за бургер пишујте
Во Фајв Пабон наспроти судон имаш масивен бургер на три спрата со си сланини со си чедари со си 430 чуда, а воглавно и другите бургери му се саглам.
Најквалитетни се дефинитивно во Бургер Стејшан (во Чаршијана наспроти МајТајм или кај Спорт Лајф како сакаш немојш да го футниш), овдека не штедат на квалитет на месо, ваму е екстра, ама не очекви дек е кизнајт колку голем, јас го тепам само говедскион зш сум гојдо (260 денари е) саглам напраен.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.040
Во Фајв Пабон наспроти судон имаш масивен бургер на три спрата со си сланини со си чедари со си 430 чуда, а воглавно и другите бургери му се саглам.
Најквалитетни се дефинитивно во Бургер Стејшан (во Чаршијана наспроти МајТајм или кај Спорт Лајф како сакаш немојш да го футниш), овдека не штедат на квалитет на месо, ваму е екстра, ама не очекви дек е кизнајт колку голем, јас го тепам само говедскион зш сум гојдо (260 денари е) саглам напраен.
Бургер стејшн не работат,Фајв Паб е уствари Ајриш Паб?
Автоматски споено мислење:

Апдејт-работи бургер стејшн ама од 12 до 18
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Бургер стејшн не работат,Фајв Паб е уствари Ајриш Паб?
Автоматски споено мислење:

Апдејт-работи бургер стејшн ама од 12 до 18
Ајриш Паб Фајв да, наспроти судон или одма до ИТ Кафе и Форнетине.
Другине Ајриш Паб Даблин и Тино Паб ти се покрај езеро, но за бургер дефинитивно не би ти го препорачал Даблин, Тино ми е онака просечен.
А Вила Јанкулоски ти е од центар кружноно (негде на 600-700 метри) движиш нагоре после Крстџамија до кај Христо Узунов школоно, одма пред другата џамија вртиш лево во улицата и на 20тина метри од лева страна ти е то.
 
A

Avenger99

Гостин
Исто и Горичан, ама само за нарачка, пошто немат место за седење. Спроти маркет Миса, во трафика. 90 денари е Хамбургер, или бар толку беше последно ко јадев.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.040
Ајриш Паб Фајв,на три спрата со три плескавици,со мувласоно сирење и сланина.Ова е врх врхова :cuc:
Се извинувам што излегов од темата.
Значи ВРХ ВРХОВА!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom