Осум години од загинувањето на македонските војници кај Карпалак

Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Нет пресс напиша:
Осум години од загинувањето на македонските војници кај месноста Карпалак. На овој ден 2001 година десет македонски војници, припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп, ги загубија животите.
По тој повод владина делегација на чело со вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, заменикот министер за одбрана, Емил Димитриев и заменикот министер за информатичко општество, Мирјана Секуловска, денеска ќе присуствуваат на одбележувањето на осумгодишнината од трагичното загинување кај месноста Карпалак на десетте македонски војници, припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.
Според агендата е предвидено делегацијата да положи свежо цвеќе и на споменикот на бранителите во центарот на Прилеп.
И воена делегација предводена од генерал-мајор Зоран Димов кај Карпалак ќе положи венец со свежо цвеќе во чест на воените обврзници кои во 2001 година загинаа и пред споменикот во касарната “Мирче Ацев“ во Прилеп, се наведува во соопштението од Генералштаб на АРМ.

Дневник напиша:
За бранителите споменик од 40 метри
Во знак на почит кон загинатите десет прилепски бранители кај Карпалак на 8 август во 2001 година, локалната самоуправа во Прилеп го актуелизира подигнувањето споменик-разгледник, висок 40 метри. Се' уште не е утврдена локацијата за него... Локалните власти велат дека ги анкетираат граѓаните за избор на најповолно место, а веќе е готов проектот, изработен од ЈП за проектирање и урбанистичко планирање.

Директорот Бранко Нешкоски вели дека разгледникот или панорамикот ќе ја симболизира пожртвуваноста на прилепските бранители преку десет ласерски рефлектори, насочени кон небото.

- Објектот ќе биде огромна челична конструкција, висока 40 метри и ќе има три платформи. Првата на 25 метри, втората на 30 метри и третата на 40 метри. Последната ќе претставува своевидна панорама на цела Пелагонија. Првите две платформи ќе имаат комерцијална намена, со ресторани, продавници за сувенири, галерии и други слични објекти. Ќе бидат поставени и телескопи. До платформите ќе се стигнува со транспарентен лифт - вели Нешкоски.
Јас само можам вака постхумно да им се заблагодарам што воопшто немале дилема дали да се жртвуваат за Македонија. Да им кажам Благодарам што во најтешките моменти за државата храбро тргнаа да се борат за она што е наше. Сигурен сум дека народот никогаш нема да им го заборави тоа и уште многу години ќе се сеќаваме на херојскиот подвиг што го направија за Македонија.

Да загинеш за слободата и мирот на сопствената држава е огромна работа.

Слава им!


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Уште да го направат споменикот, само слабо некако се полни општинската каса :toe:.
 
С

Спенсер

Гостин
Вечна им слава!!! недолжни... наместени беа али тоа е...
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
СЛАВА ИМ вечно во нашите мемории и срца
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Вечна им слава... никогаш во заборав.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Вечна им слава, никогаш да не ги заборавиме.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
слава и почит до загинатите нека им е лесна земјата.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Слава им... секогаш ке бидат со нас.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
ВЕЧНА СЛАВА
ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ШТО ГИ ДАДОА ЖИВОТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
НИКАОГАШ НЕМА ДА ВЕ ЗАБОРАВИМЕ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom