Осаменост

Дискусија во форумот 'Философија и психологија' започната од Cool Hand Luke, 14 март 2008.

  1. Cool Hand Luke

    Cool Hand Luke Гостин

    Не осаменост кога човек е поради сила на околностите осамен, туку луѓе што се осамени во самите себеси и кога се во друштво. Луѓе што често можат да се видат како сами скитаат. Психолозите укажуваат на лошо детство, родители, трауми, поради кои психата на личноста се повлекла во себеси да се одбрани. Осаменоста може да крие незрел, но и супериорен човек, кој свесно не сака да се вклопи во друштво а може. Постојат и егоманични осаменици, наизглед најживи и најекстровертни а всушност имаат само добра маска со која се кријат, од страв се разбира, и многу често ги малтретираат своите повлечени “собраќа“ со иста цел како претходниот случај, типично медиокритетски.
    Да не знаете некое вакво “фрикче“? Да не сте и самите таков? :) Тогаш би можеле да се дружиме, само ќе си молчиме и ќе се смешкаме и смееме до утре сабајле :)

    П.С. Важно е за секоја личност барем дел од животот да го помине во осаменост, важно за самозапознавање, како и за запознавање на светот.
    Светот и животот можеш вистински да ги запознаеш и искусиш
    само сам, - Херман Хесе ли беше?
    На The Black Swan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaMercury

    AnaMercury Love is only a feeling...

    Член од:
    30 декември 2007
    Мислења:
    1.097
    Допаѓања:
    186
    Секое човечко суштество има моменти на осаменост, кај некои личности овие моменти траат пократко а кај некои подолг период, зависи што е причината. Во вакви моменти чувството најдобро ке се објасни со реченицата "никој не ме разбира, никој не знае како се чувствувам". Важно е да знаеш како да ги надминеш овие моменти , што е причината и како да се реши проблемот.
  3. _^ZoKoO^_

    _^ZoKoO^_

    Член од:
    22 јули 2007
    Мислења:
    53
    Допаѓања:
    4
    osamenosta e nesto koe ne moze da se podeli so nikoj a koga nesto delime sami so sebe e tesko i ponekogas bolno bedno surovo.......
    На Јин му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Buterfly

    Buterfly *Just Fabulous*

    Член од:
    4 јули 2006
    Мислења:
    4.623
    Допаѓања:
    109
    Сите ние имаме периоди на осаменост принудено или не, сакајќи или не. Осаменоста од една страна доведува до лоша социјализација со останатите луѓе, и тогаш сфаќа личноста дека е сама, дека погрешила нешто на некого. Не мора да си во друштво за да се чувствуваш пријатно, може да има и 100 луѓе и со тебе и околу тебе а ти пак да си осамен ако не е вистинската особа до тебе или ако си замислен. Сум се чувствувала осамено и ќе се чувствувам, знам. Но мојата осаменост се должи на прекумерена забава, дружење и недоволно време за себе. Е кога сето тоа ќе ми е преку глава се затворам во себе и сакам да бидам сама за да се испрашам себе си за некои работи и со тоа се запознавам уште повеќе. Колку човекот се знае себе си каков е толку подобро за него. Осаменоста не се изедначува со депресија но може да премине накај неа доколку осаменоста не до дојде до степен да биде прекината, односно личноста да не се привикне на своето друштво со своето јас и никој друг. Многу зависат траумите од минатото и детството, како и околината како влијае на личноста, како ја доживуваат и како личноста нив. Сакам на периоди да сум сама, да размислувам за работи за кои не сум имала време порано, да се посветам на себе си, ама тоа трае неколку дена, зашто се зависи до карактерот, ако си дружељубив нема да можеш да издржиш сам или ако си повлечен тогаш би сакал да си сам зашто ќе ти е страв како ќе те прифати средината. Претераната осаменост предизвикува хаос во главата и самиот човек си створил да биде осамен и самиот тој мора да излезе од неа.
  5. Ag0rA

    Ag0rA NEBO666

    Член од:
    29 февруари 2008
    Мислења:
    1.667
    Допаѓања:
    55
    Хмм...јас во некои моменти, и кога околу мене имало многу луѓе, сум се чувствувал осамен, ова се случувало кога луѓето околу мене, друштвото, разговарале за теми кои што мене не ме интересирале, или ми изгледале како „глупи“...
    Постоеле моменти и во кои сум бил сам подолго време, како на пример една недела, но не сум се чувстувал осамен, тоа најчесто се случува кога сум пред компјутер, кога читам нешто,а сум мноогу задлабочен во тоа што го читам или гледам на монитор, едноставно, тогаш за мене постојат само мојот ум и она што го разгледувам, понекогаш толку сум се задлабочувал во проблеми, што сум заборавал дека сум дома и седам пред компјутер...

    Мислам дека тоа што некогаш ни е досадно, може да предизвика да се чувствува осаменост,дури и кога околу нас има многу луѓе,
    се согласувате со мене?
  6. Crazy in Love

    Crazy in Love Guts over fear.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    22.711
    Допаѓања:
    21.236
    Да,да се согласувам.
    Некогаш може да бидеш сам во соба полна со луѓе.Често ми се има случувано тоа.Едноставно да се осеќам како падната од Марс,како да не припаѓам никаде,толку осамено,отфрлено,без разлика што многу добро сум стоела со тие луѓе.
    Осаменоста е заебана работа искрено кажано.
    Многу се нервирам кога го имам тоа проклето чувство на осаменост,како да едноставно не постојам,невидливост,чувство дека сум сама дека немам никој покрај мене и дека сум заборавена.
    Не е дека сакам да се изолирам или нешто,баш напротив сум дружељубива личност,во друштво сум постојано насмеана и весела,но има моменти кога не можам да си помогнам да не се осеќам толку....само.
    Инаку има вистина дека влече тоа од некои лоши работи од минатото.Барем јас си го имам почувствувано на своја кожа.Еве и до ден денес неможам да се опоравам.
    Пред некои 6 - 7 години имав некои непријатни искуства во мојот живот,кои придонесоа до ден денес да немам самодоверба и во еден одреден период да почнувам да се изолирам и да се повлекувам во себе,што не чинеше,нормално.
    И без разлика што имам околу мене луѓе кои ме сакаат и почитуваат,длабоко во мене,се осеќам како да немам никој,како да сум сама и осамена.А нема тоа благе везе со вистината.Но,ете некои рани,не можат да се заборават.

    Имам на темава да пишувам до утре,ама нема.:)
    Се отворив,дури и премногу.
  7. back_rest

    back_rest ex mod coder

    Член од:
    19 јули 2006
    Мислења:
    1.592
    Допаѓања:
    99
  8. ada

    ada Модератор! ок?

    Член од:
    21 август 2006
    Мислења:
    5.710
    Допаѓања:
    537
    Во онаа до која даваш линк се збори повеќе за потреба од осаменост или независност во партнерски односи(затоа и авторката ја ставила во подфорумот љубов и секс).

    Додека, конкретнава тема, говори за осаменоста како психолошки момент кај индивидуата, односно го разгледува проблемот на интровертност и екстровертност, причините за тоа, што се крие позади нив и сл.

    Да не тупам, темите не се воопшто исти:smir:
  9. Сатори

    Сатори Гостин

    ~*~

    Токму така, не се! :)

    На темата:
    Јас сум токму тој тип, секогаш со премногу луѓе околу себе, секогаш сама.Мислам дека посебно во последниве неколку месеци, треба да ги крадам моментите во кои што само тишината и осаменоста ми даваат да дишам како што треба.

    Осаменоста како појава не секогаш е поврзана со отвореноста на персоната, едноставно повеќе е амброзија него нешто друго.Најголемата сила и задоволство ги имаме кога можеме да ја поднесеме стимулацијата на сами себе.Токму во тоа се состои и моќта на нас како персони.
    Според мене е неопходна, исто како социјализацијата.
  10. Anck-Su-Namun

    Anck-Su-Namun Гостин

    Лејди Сатори: Според мене е неопходна, исто како социјализацијата.


    Се согласувам со ова


    Нема човек што во некоја ситуација не се почувствувал осамен (барем според мене) или доколку некому му се нема случено, ќе му се случи кога тогаш. Тоа е една фаза (или повеќе фази) во која свесно или несвесно се запаѓа со цел да се преиспитаме до кај сме,како сме...
    Тие што западнале во таа фаза знаат за што зборам. Сигурно сте се запрашале што правам јас со мојот живот? Нели? И потоа сте размислиле на таа тема и потоа полека сте почнале да излегувате од таа фаза и сте почнале да превземате нешто за да си го подобрите животот (т.е. тогашната ситуација).

    Мене ми се има случено да се чувствувам осамена на одредени периоди и ми поминало, што значи и не е толку страшно.
    Сум се прашувала: Што правам јас сега тука? Која е мојата функција во сево ова? И сум дошла до некои одговори на моите прашања и сум превзела некои мерки за да си ги решам проблемите.

    Но, сепак немора секогаш да превземате се во свои раце некогаш треба да си ги оставите работите да си течат и самите ќе се доведат во ред. Исто од искуство ви кажувам. :smir:
  11. nihilista

    nihilista

    Член од:
    21 август 2008
    Мислења:
    6.475
    Допаѓања:
    1.268
    ne sum osamen, a cesto sum sam. so mene se moite domasni milenici, slusam muzika, si citam na mira, gledam filmovi.Mnogu luge rekle deka kolku poveke covek vredi poveke odbira samotija nego drustvo, posto vo drustvo e guzva, sekoj ja tera vodata na svoja vodenica, nema nikakov dialog nego se nesto dupacki, koj ke bide najglasen toj e sekogas odobren.Jas ne sum osamen koga sum sam, osamen sum koga sum so drugite, koga gledam kolku treba da se zrtvuvam za da gi podnesuvam.
    На shadow_rr, THE_CHOSEN_ONE и Strider им се допаѓа ова.
  12. Winston

    Winston

    Член од:
    30 јуни 2008
    Мислења:
    2.814
    Допаѓања:
    96
    Fuck , ich ne mi teknalo da si kupam kuche :kesa:

    Najteska e ovaa osamenost so luge a bez niv. Ama pa da ga jebem od osamenost moze covek najcesto da poludi . Mnogu e tazna osamenosta , izvor na sila e nekakva ali e i begstvo od zivotot da ga jebem ni vamu ni tamu ...ne znam ipak bolje da sum so prljava kurva od predgradieto nego da sum osamen ...ete kolku mrzam osamenost.
  13. Тамарче

    Тамарче Ако одам во Битола..

    Член од:
    11 јули 2007
    Мислења:
    3.243
    Допаѓања:
    219
    Прочитај погоре.
    Можиш да бидиш опкружен со многу луѓе, меѓутоа да бидиш најосамената личност на целиот свет. Токму и целта на темата е тоа.

    Херман Хесе вели така?..
    Јас не се согласувам.
    За да се осознаеш самиот себеси не треба осаменост. Осаменоста ќе те затвори, ќе те депримира, ќе те налути, ќе те изнервира..
    За да се осознаеш самиот себеси е потребно да бидеш меѓу луѓе, да видиш како ти ќе изреагираш на болка, радост, тага, среќа.
    И многу е лошо кога човек ќе создаде еден ваков „одбранбен“ механизам.. Нема да дозволи никој да влезе во неговото „стаклено ѕвоно“, тотално ќе се изолира од светот, и ќе нема никаква социјализација.
    Ваков човек не може да опстои во општеството. Бар не според мене.
    На СаШеНкО му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GoD.HateUSaLL

    GoD.HateUSaLL Фар акрос д диштанс

    Член од:
    30 март 2008
    Мислења:
    7.366
    Допаѓања:
    5.063
    Delime skroz isto mislenje.

    I jasno mi e deka mozes da bidesh so mnogu luge i pak da si osamen.Ali..ne og mislev toa taka.Ljugeto toa go koristat vo bukvalna,fizicka smisla,e toa ne go razbiram. "Osameni sme" hmm,nemozat da bidat osameni zaso se u mnozina,gi ima poveke! [znaci,da poftoram,ne praime muabet shoto cuvstvuvaat vo sebe,mozebi nekoj od niv se cuvstvuva osamen,ok,vo red,ali praam muabet kako lugeto mozat da go koristat toj izraz vo fizicka-bukvalna smisla]
  15. nihilista

    nihilista

    Член од:
    21 август 2008
    Мислења:
    6.475
    Допаѓања:
    1.268
    osamenio sme, zatoa sto i pokraj toa sto ne ima mnogu ne se mirisame megu sebe i ne se druzime nego sekoj se zatvara u sebe i pojke so domasni milenici ili ako i treba ebac ke si plati a nikoj nejke da trpi nekoj da mu soli pamet, i zatoa sekoj za sebe si e dobar i nikoj za drug, i zatoa sme osameni i otugeni i ne se druzime i se delime po iracionalni osnovi, generaciski, nacionalni, verski, klasni, kao ja ne pricam so kopuci a ustvari i tie bogatite se kopuci koa ke vidis sranje.

Сподели преку: