Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.280
Поени од реакции
5.008
Прегледај го приврзокот 263731
Автоматски споено мислење:

Не мрда,цел ден ми го зема
Гледам има корозија на самиот излез од рамот најверојатно е од металното колче.Прсни му одозгора да навлезе внатре а пробај и со масло мора да пушти.Олабави го штрафот целосно на стегачот.Испод федерите на седиштето е метал па почни со чекан и мали удари би требало да пушти.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
9
Поени од реакции
4
Бугарите не произведуваат точаци туку само фарбаат готови рамки произведени во Кина и монтираат делови на нив исто како што прават и сите останати фирми.

Trek рамката се произведува во погоните на Giant како и 99% од останатите фирми кога треба да склопат велосипед со алуминиумски рам.Разлика има само во видот на алуминиумот дали е полесен или потежок и во дизајнот на геометријата.А што се однесува до тој Трек што го возиш со таа тежина би требало да е со карбонска рамка која е доста полесна башка и на неа сигурно има осовини со индустриски лагери кои имаат помало триење од стандардните осовини и со тоа велосипедот бара помала сила за одржување на поголема брзина.
Како не прават, тие што возат downhill сигурно слушнале за РАМ бајкс.



Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.280
Поени од реакции
5.008
Како не прават, тие што возат downhill сигурно слушнале за РАМ бајкс.



Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
И Ram исто како и Drag,Cross,Interbike,Sprint,Shockblaze и Ferrini само склопуваат делови и фарбаат готови купени рамки од Кина.Ниедна бугарска фирма не заварува свои рамки како што тоа го прават полската фирма Romet и германската Focus.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Здраво, имам MTB GT Avalanche(со V-brake кочници, без дискови), можно ли е на велосипед без никакви дискови да се стават Хидраулични и ако може колку би коштало тоа ?
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
100
Поени од реакции
15
Здраво, имам MTB GT Avalanche(со V-brake кочници, без дискови), можно ли е на велосипед без никакви дискови да се стават Хидраулични и ако може колку би коштало тоа ?
MTB-convert-rim-to-disc-brakes.jpg
Ако го имаш ова на рамот тоа се mount за дискови , значи може ако нема , неможе.
За колку би коштало мислам од 50 евра па нагоре , зависи кој модел
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.280
Поени од реакции
5.008
Здраво, имам MTB GT Avalanche(со V-brake кочници, без дискови), можно ли е на велосипед без никакви дискови да се стават Хидраулични и ако може колку би коштало тоа ?
Да сум на твое место ако се V brake од поквалитетните не би ги менувал со хидраулични.Јас имам експериментирано на обичен алуминиумски од 7500 денари што го тркалам низ град метални лежишта за пакни но во нив имам вметнато чиста гума од ѓон на кондура или евентуално предниот долен дел кај што лежи стапалото и на дожд многу подобро кочи него ли на суво а бандаж никогаш нема да оштетиш а со тоа да мораш да го промениш.Е сега знае да извади звук како магаре кое рика али ефикасно кочи.Можеш една проба на Водно или Скопска црна гора да направиш чисто информативно.Чим се потроши гумата а многу споро се троши сечеш со скалпер друго парче и го набиваш во лежиштето.Се работи за овие пакни:https://www.aliexpress.com/item/32658273796.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.408540ae7TN7d6&algo_pvid=b26fa621-4928-4c67-b79b-4155a778269f&algo_expid=b26fa621-4928-4c67-b79b-4155a778269f-27&btsid=0ab6f82c15984694987803137e4cc5&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_,searchweb201603_
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
796
Поени од реакции
272
Каде има најдобри цени за гуми? Ми требаат 27.5 x 2.10
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.038
Кaде имa нaјгoлем избoр нa седиштa и кaде би мoжелo дa имa moon седиште?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.127
Поени од реакции
16.185
Отприлика на колку време, односно километри се става на ланецот уље? И какво, од каде да земам, да биде best buy.
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Отприлика на колку време, односно километри се става на ланецот уље? И какво, од каде да земам, да биде best buy.
Зависи....јас после секое возење го перам квалитетно точакот ама возам само off-road и го подмачкувам, дека на одредено време само ако додаваш лубрикант не ни сакам да знам во каква состојба ке е ланецот.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Зависи....јас после секое возење го перам квалитетно точакот ама возам само off-road и го подмачкувам, дека на одредено време само ако додаваш лубрикант не ни сакам да знам во каква состојба ке е ланецот.
Со шо го переш ланецот? Со оние специјалните справички или со четка за заби? :) Дај tips and tricks :) јас не возам офроуд ама ме искараа дека ми го переле у перална точакот.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Со шо го переш ланецот? Со оние специјалните справички или со четка за заби? :) Дај tips and tricks :) јас не возам офроуд ама ме искараа дека ми го переле у перална точакот.
Било каков стар сунѓер или четка ќе ти завршит работа, најмногу ѓубре се збират назад кај машинката на jockey wheels, на нашки не ми теквит како се викаја. Мојш да користиш најобично средство за одмастување чак и со најобичен сјај ќе завршиш работа, после то нека се исуши малку и пребришвење со сува крпа, па подмачквиш.
Инаку ак е со спојка, го ваѓаш и се чистит цут се прајт ко од фабрика, јас така практикувам.
 
Член од
10 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
3
Гледав на сајтот на "Canyon", вршат испорака во Македонија. 200 долари е шипингот преку упс. Се работи за ендуро бајк. Има некој искуство со ваков вид нарачка?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.280
Поени од реакции
5.008
Гледав на сајтот на "Canyon", вршат испорака во Македонија. 200 долари е шипингот преку упс. Се работи за ендуро бајк. Има некој искуство со ваков вид нарачка?
Плус шпедиции,царина,давачки и ќе размислиш дали ќе ти се исплати.Поарно оди прашај си на царина колку ќе ти испаднат вкупните трошоци па после одлучи дали ќе купиш или не.Далеку подобра варијанта ти е ако имаш човек во Бугарија или некој со бугарски пасош да го пуштиш на негова адреса во Бугарија и нема да платиш никакви давачки освен стандардниот ДДВ на ЕУ и после со возило на кров да ти го донесе тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom