Општествени или природни науки?

Општествени или природни науки?

  • Вкупно гласачи
    63

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
:nesvest:
Ако математиката е природна наука, зошто тогаш факултетот се вика Природно-математички? Зашто не факултет на природни науки.
Природни науки се овие. Ако не ја рачунаш Википедија како валиден извор, покажи ми ти валиден извор што тврди дека математиката е природна наука.
Крајната апстракција на сите природни науки се сведува на математиката која ги истражува и прикажува апстрактните природни зависности. Во природата секогаш 2 плус 2 е 4, во општествените науке може да биде и 5 а може и 3, тоа зависи кој како му одговара. Математиката како што спомнав секогаш ги прикажува зависностите во природата а не општеството. Освен тоа математиката како основа на сите природни науки неможе а да не биде природна наука, бидејќи тогаш другите не би се нарекувале природни.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Крајната апстракција на сите природни науки се сведува на математиката која ги истражува и прикажува апстрактните природни зависности. Во природата секогаш 2 плус 2 е 5
Абе ти тие глупости на други да ги продаваш. Јас со математиката сум се дружел дооого време. Ја знам убаво.
Има научен метод во математика? Не
Произведува ли математиката научна вистина? Не.
Тоа што ти го кажа е дека ЛОГИКАТА е неиздвоив дел на секоја наука, и притоа многу често се користи и математиката.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе ти тие глупости на други да ги продаваш. Јас со математиката сум се дружел дооого време. Ја знам убаво.
Има научен метод во математика? Не
Произведува ли математиката научна вистина? Не.

Тоа што ти го кажа е дека ЛОГИКАТА е неиздвоив дел на секоја наука, и притоа многу често се користи и математиката.
Одговорот и на двете прашања е да, бидејќи математиката да не даваше научна вистина, немаше ни природните науки да бидат вистинити.

Али да не го должиме многу се гледа зошто те примиле на правен, имено искрено се обидуваш да убедиш некого во нешто што не е така. Ќе биде од тебе добар адвокат.
Мал совет, не мешај општествени погледи во природни константни науки.
И уште една за тебе непозната информација, во научниот свет Wikipedia не смета во никој случај за релевантен извор на информации, дури и за време на студиите студентите добиваат пенали ако дадат цитата од Wikipedia во своите извештаи и протоколи.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Одговорот и на двете прашања е да, бидејќи математиката да не даваше научна вистина, немаше ни природните науки да бидат вистинити.

Али да не го должиме многу се гледа зошто те примиле на правен, имено искрено се обидуваш да убедиш некого во нешто што не е така. Ќе биде од тебе добар адвокат.
Мал совет, не мешај општествени погледи во природни константни науки.
Да, знам.

Сега кажи ми каде точно најде научен метод во решавање равенки??? Или еве, било каде во математиката. Пресметување плоштина на кружница, или периметар. Матрици, изводи... you name it.

"Scientific method refers to a body of techniques for investigating phenomena, acquiring new knowledge, or correcting and integrating previous knowledge. To be termed scientific, a method of inquiry must be based on gathering observable, empirical and measurable evidence subject to specific principles of reasoning."
Веројатно на ова мислиш кога збориш. Математиката е базирана на логика, а исто и природните науки.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Да, знам.

Сега кажи ми каде точно најде научен метод во решавање равенки??? Или еве, било каде во математиката. Пресметување плоштина на кружница, или периметар. Матрици, изводи... you name it.

"Scientific method refers to a body of techniques for investigating phenomena, acquiring new knowledge, or correcting and integrating previous knowledge. To be termed scientific, a method of inquiry must be based on gathering observable, empirical and measurable evidence subject to specific principles of reasoning."
Веројатно на ова мислиш кога збориш. Математиката е базирана на логика, а исто и природните науки.
Многу лесно се тестира пресметување на периметар на кружница, всушност и точно по експериментален пат е пределн и бројот пи. Едноставно се зема едно јаже се прави кружница, се мери дијаметарот, па се мери должината на јажето и од коефициентот се добива бројот пи, и за да се тестира дека овој коефициент се зема друго јаже со друга должина и со помош на истиот коефициент се пресметува дијаметарот, и после се прави круг со та јаже, се мери дијаметарот и се споредува предвидената и измерената должина на кружницата. Ако се поклопуваат тогаш хипотезата е потвртдена дека дадениот коефициент односно бројот пи е универзален за сите кружни површини и тела.
Инаку развојот на математичките теории е далеку понапред и подалеку од реалните потреби за нивото на кое се наоѓаат другите природни науки кои ги приментуваат тие математички теории и преку нивни практични примери ги потврдуваат или ги отфрлаат. Освен тоа ако ен си знаел секога на секое ново предложено решение за некој математички проблем постојат тестови за да се види колку може да се потврди дека тоа е точното решение.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Што е 2+2?????
две жаби плус две баби
матиката е индиферентна кој својот предмет
што се тоа бројки???
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ајде, for the sake of argument, да претпоставиме дека математиката е природна наука. Како тогаш истата таа математика се користи и во општествените науки. Во економиката е користена и те како. Значи дека служи и за разоткривање општествени феномени што е во исклучив домен на општествените науки. Тоа е директна негација на твоето тврдење дека е природна наука.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Што е 2+2?????
две жаби плус две баби
матиката е индиферентна кој својот предмет
што се тоа бројки???
Математиката е крајниот степен на апстракција и давање универзалност на телата и процесите кои се одвиваат во материјалниот свет. Во идеалниот (се мисли каде што се идеите) свет математиката не е апликативна и неможе да се користи за апстракција.

Ајде, for the sake of argument, да претпоставиме дека математиката е природна наука. Како тогаш истата таа математика се користи и во општествените науки. Во економиката е користена и те како. Значи дека служи и за разоткривање општествени феномени што е во исклучив домен на општествените науки. Тоа е директна негација на твоето тврдење дека е природна наука.
Затоа што во основа општествените науки потекнуваат од природните науки. Имено има една одредена насока на покомплексни и поапстрактни науки. И има една точка каде што коплексноста е толку голема што принципите на истражување во природните науки не се практично апликативни пред се поради преголемиот број на можности кои треба да се испитуваат кои произлегуваат од комплексноста.
Инаку тој градиентот на комплексност иде вака почнувајќи од наједноставната наука: математика, физика, физичка хемија, неорганска хемија, органска хемија, молекуларна биологија, екологија, социологија итн.
Границата помеѓу природните и општествените науки се наоѓа помеѓу екологијата и социологијата.
Нормално тука има и многу други под области кои не ги наведов ама се наоѓаат измеѓу овие најгрубо дадените од моја страна научни области.
Само колку за да го разбереш ова подобро еве практичен пример. На воведното предавање на моите студии по билогија деканот вака започна: Вие како идни биолози ќе треба дасе здобиете со најекстензивно познавање на природните науки од сите други бидејќи математичарите треба да учат само математика, физичарите треба физика и математика, хемичарите математика, физика и хемија, а вие ќе треба да учите и математика, физика, хемија и биологија.„
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
ахххх... више старно ме мрзи да се препирам овде со тебе.
ама ај.

Да кажеш дека општествените науки потекнуваат од природните... е смешно (во најмала рака).
Постои нешто што се вика општествени науки кое егзистира независно од природните науки. Јас демонстрирав дека математиката се користи и во нив, а ти одговори дека тоа е зашто општествените науки всушност се подвид на природните.
Тоа е едноставно неточно.

Понатака, да се служиш со аргументи од типот мојот декан рече ова-она е глупав начин да убедиш некого. Тоа како децата што се убедуваат: татко ми рече „ова-она“ па оттука е точно.
Ако играме така ти објасни зошто факултетот го викаат природно-математички. Сигурно некој попаметен од деканот твој му го дал тоа име.
 
Прво јас примерот со деканот го дадов само колку попластично да ти го ти ја принесам проблемтаиката, а тоа што го кажа деканот јас го сфатив нешто подоцна за време на студиите.
Освен тоа фактот дека физичарите учат математика, хемичарите физика и математика а биолозите математика, физика и хемија, е неоспорен факт.
Второ име на факултет или што и да е не е никаков аргумент за во која врска стојата научните области помеѓу себе исто како што не е аргумент дека Трпе е трпелив или дека Мирко е мирен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom