Опсесивно - компулсивно нарушување

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Па не секогаш, кога сум во друштво не го правам ова, а кога одам некаде сама обавезно практикувам едно од горенаведените ритуалчиња. :)
Пробај да читаш книга кога се возиш со воз ... а, ако пешачиш размислувај на убави работи

И не се секирај ќе ти помине - мислам
 
П

Пепси_

Гостин
Нон стоп со десната рака се чепкам за десниот џеб дали ми е тука мибилниот и секогаш мобилниот го ставам во десниот џеб а парите (ако носам) во левиот секогаш не битно кое време и каде сум. :toe:
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Најголем дел од постовите не се опсесивно-компулсивно нарушување. Вакво нарушување не е тоа што проверуваш 2 пати дали имаш заклучено, што произлегува од расеаност и преоптовареност на мозокот. Опсесивно-компулсивно нарушување имаме кога знаеме дека сме заклучиле 100% сме сигурни ама пак проверуваме. А и зошто да се лечи. Многу страшно изгледа ако го претставиш како болест. Од тоа не се умира. Ако не ни смета можи и со него да си живееме. Јас имам вакво чудо. Секогаш проверувам по 100 пати по џебови дали се тука парите и телефонот додека пешачам. иако знам дека сум проверил пред 5 минути, а нема шанси да паднат, пак проверувам. Позитивна страна, нипто немам изгубено :) . И не ми паѓа напамет да барам помош за „болеста“.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Според твојов пост и јас спаѓам во групава. Чудно, никогаш не сум помислила дека се тоа симптоми на опсесивно-компулсивно однесување..:)
 
Член од
1 април 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Точно е дека од тоа не се умира, но е многу напорно и тешко да живееш со тоа пореметување. Да направиш една работа а да неможеж со сигурност да потврдиш дека си ја направил, па мораш да одиш да провериш, и кога ќе провериш, пак не си сигурен, гледаш како да негледаш, неможе да ти влезе во глава, па пак проверуваш, и така неколку пати , а свесен си дека тоа што го правиш не е во ред, дека мораш да престанеш, но неможеш лесно да се отргнеш од тој маѓепсан круг, затоа што и ако речеш - доста е што сака нека биде не проверувам веќе, во главата ти надоаѓаат нови застрашувачки мисли дека баш поради тоа што не си проверил на пример дали е исклучен шпоретот може да се случи пожар, а тоа пак те враќа назад и уште еднаш да проверуваш, па пак уште еднаш, така да на моменти ти се чини дека полудуваш.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Опсесија- навракачки мисли (најчесто непосакувани)
Комппулсија- манифестација на опсесијата преку некој АКТ со цел ослободување од опсесијата

Нарушувањето е малку посложено од ова што е напишано во постот. Јас го имам поминато како мал, ме држеше некаде од 7-8 до 12-13 годишнa возраст. Доста тежок период, секој ден беше преживување, а не детство (малку емотивно, али навистина е позаебано од броењето и повторувањето кое го споменувате). Во тој период не бев свесен што ми се случува, за ова дознав на 18-19 години.

Ке наведам неколку извадоци од Википедија со кој многу се поистоветувам и ке напишам по еден збор два за нив. Инаку текстот на википедија е многу добар, детален. Оние кои се интересираат повеке нека го прочитаат.

Repetitive behaviors aimed at reducing the associated anxiety.OCD sufferers generally recognize their obsessions and compulsions as irrational, and may become further distressed by this realization. : Свесен си дека твоето делување е ирационално, но полесно ти е да делуваш компулзивно и да ја отргнеш опсесијата... НО тоа е само за кратко зошто опсесиите се безбројни, твојот мозок може од секоја мисла и од секоја ситуација да направи опсесија. Компулсијата која е поврзана со таа опсесија сам си ја ствараш, и најчесто таа е ирационална (со текот на времето таа станува се поирационална), самото тоа што ти бараш уште поирационални компулсии всушност е опсесивност :) Tака се поврзани опсесијата и компулсијата.

Symptoms of the disorder include excessive washing or cleaning; repeated checking; extreme hoarding; preoccupation with sexual, violent or religious thoughts; relationship-related obsessions; aversion to particular numbers; and nervous rituals, such as opening and closing a door a certain number of times before entering or leaving a room.: Некои од симптомите се овие. Најмногу штета имам претрпено од миењето на раце, т.е стравот од бактериите. Не можеш да допреш ништо, после секое допирање следува миење. Кога ги открив тие антибактериски гелови тоа беше свет ден... ги носев насекаде со мене. Но секако кожата се оштетува од сета таа хемија и денес имам проблеми со кожата на рацете (тоа што остана од неа).

Despite the irrational behaviour, OCD is sometimes associated with above-average intelligence: Незнам дали ова е мојот случај, но го потенцирам ова за да се избегне конфузијата да не се сметаат оние со ОЦД за ретардирани. Пак ке повторам, тие се свесни за ирационалноста на постапките но полесно би се справиле со социјалното потсмевање отклку со сопствениот мозок :)

Life cannot proceed as normal while the imbalance remains : Реченицата кажува многу. Како што реков на почетокот, секој ден ми беше преживување, а не уживање од најубавите детски денови.

Се надевам дека некој кој моментално се бори со ова го прочита овој текст и ке му помогне на некој начин.Пресрекен сум што незнам на кој начин го надминав ова. Опсесивни периоди ми се случуваат но успевам да ги контролирам компулсиите, а во последно време и опсесиите-тоа си го препишувам како огромен успех.

Единствен лек според мене е самото сфакање дека всушност вие го имате овој проблем. Прочитајте литература која е поврзана со ова и со самото разбирање на проблемот, ке најдете начин да се изборите.

Желба ми е еден ден да организирам нешто како support group, да ја кренам свеста на балканот, посебно на родителите за ОЦД. Сега сум уште ептен млад, фокусиран сум на други работи, но еден ден секако.

Тоа е само ептен на кратко, амплитудата на проблемот е енормно поголема.
 
D

Daedalus

Гостин
Despite the irrational behaviour, OCD is sometimes associated with above-average intelligence: Незнам дали ова е мојот случај, но го потенцирам ова за да се избегне конфузијата да не се сметаат оние со ОЦД за ретардирани. Пак ке повторам, тие се свесни за ирационалноста на постапките но полесно би се справиле со социјалното потсмевање отклку со сопствениот мозок :)
Не постои никаква корелација помеѓу опсесивно компулсивното растројство и интелигенцијата.

Единствен лек според мене е самото сфакање дека всушност вие го имате овој проблем. Прочитајте литература која е поврзана со ова и со самото разбирање на проблемот, ке најдете начин да се изборите.
Не постои сеуште познат лек за опсесивно компулсивното растројство. Додека ова пореметување е најверојатно од генетски карактер, терапиите како когнитивно бихевиористичкиот пристап ги наведува како валидни не помагаaт за лечење на самата болест.
За разлика од пореметувањата кои психологијата секојдневно ги измислува и се "лечливи", ова растројство може да биде само третирано. Со доволно знаење и критичко размислување можеш да се справиш со опсесија околу специфично нешто и да не добиваш панични напади кога некој стимул ќе ти тригерува потреба да го праиш ОЦД ритуалот. Но предиспозициите да развиваш опсесии секогаш ќе постојат поради дисфункционалноста на мозокот.
Се очекува од неуробиологијата наскоро да дојде до решение за овој вид на заболување. Дали тоа ќе биде со еугениа или решение од друг вид ни преостанува да видиме.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Не постои никаква корелација помеѓу опсесивно компулсивното растројство и интелигенцијата.
Да, го напишав ова за да не се оди во друга крајност. Да не се сметаат оние со ОЦД за заостанати... зошто да бидеме искрени делуваат малку.

Не постои сеуште познат лек за опсесивно компулсивното растројство...
Целосно лекување, не постои. Постои менаџирање на растројството. Инаку тоа што го наведов за разбирањето на суштината на ОЦД е критично... Пак ке кажам СПОРЕД МЕНЕ.. врз база на лично искуство, тоа е тоа што ме одделува денес од растројството, инаку мозокот ми е ист :)

Медицински помагала не сум запознаен баш, знам дека анти-депресантите (серотонински) помагаат до некоја мера.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Опсесивно компулсивно нарушување.
Ако мислиш дека го имаш - го немаш.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Ако мислиш дека го имаш - го немаш
До некаде е точно, зошто некои луѓе го поистоветуваат со повторувањето на некои работи кои ги прават единствено од страв да не им го украдат дома компјутерот или да не им изгори куќата.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Дали миење раце по милион пати е симптом на COD?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Пред да излезам некаде по 5-6 пати проверувам дали усм изгасил греалка и шпорет.
Секоја вечер ја гасма греалката од штекер иако е изгасната од копче
На секој 5-6 минути се фаќам за десен чеб на панталоните(мобилниот)лев чеб на панталони(др мобилен),и десен чеб на јакна(цигарите).Буквално секогаш така ги носам.
Кога идам до шупа се враќам по 2 пати да проверам дали сум заклучил.

Тежок случај сум а? :(
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Дали миење раце по милион пати е симптом на COD?
Да, симптом е.. но не мора да значи. Дали го имаш тој страв од бактерии постојано и не можеш да допреш ништо, доколку допреш нешто мора да ги измиеш рацете за животот да продолжи како што треба? :)
Пред да излезам некаде по 5-6 пати проверувам дали усм изгасил греалка и шпорет.
Секоја вечер ја гасма греалката од штекер иако е изгасната од копче
На секој 5-6 минути се фаќам за десен чеб на панталоните(мобилниот)лев чеб на панталони(др мобилен),и десен чеб на јакна(цигарите).Буквално секогаш така ги носам.
Кога идам до шупа се враќам по 2 пати да проверам дали сум заклучил.

Тежок случај сум а? :(
Не, мислам дека си нормален случај :) Просто некој е попретпазлив, а некој не. Но секако и тоа не е лесно :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom