Околу полагањето за возачка

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе ај глеам и во оваа тема да пишам. Дали некој ги знае промениве во правилана. Сега со новиов закон имало промени во некои правила и викаат се паѓале на тест. Ај кој ги знае и ги пише ќе сум му благодарен.
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
јас ги земав часовите и за некое време ке уплатам за полагање.Ама прво сакам да ги најдам тестовите да ги научам па да идам да полагам, Зашо +2000 не ми се даваат.
Ми кажаа дека е сменето правилото за паркирање и запирање.До 3 минути е запирање а повеќе од 3 минути е паркирање.(а пред тоа беше 15 минути.)
-Исто така имало и прашања за кружен ток и за возење на куче во кола.каде требало да седи дали требало да носи маска итн.
Ај да се надеваме дека нема да не буткаат и дека ке положиме
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
181
Поени од реакции
6
Беше до 5мин запирање,повеќе од 5 паркирање.А тоа 15 зависи дали си во возилото или надвор од него:salut:
 
Член од
27 август 2008
Мислења
18
Поени од реакции
0
Беше до 5мин запирање,повеќе од 5 паркирање.А тоа 15 зависи дали си во возилото или надвор од него:salut:
3 мин запирање со 13 мин. паркирање.на некој тестови место раскрсницата вон ниво има кружен тек.знаците мора сите да се знаат и на кој група припаѓаат.дали смее да се вози луѓе во приколка на мотокултиватор,должина на пат.мот.возило со камп приколка,најголема дозволена висина на возилата,возило под придружба има едно црвено едно сино светло иииииииииииииии доста ви е сега за сега.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Полагав во НОВА и се беше без проблем доволно спремен ама ме бутнаа на градска за глупости.Полагав пред комисија на автошкола Скоп-Стоп арно ама инструкторката што ме обучаваше знаеше што е работава и дека ќе ми бараат пари да полагам одма си чекав 15 дена возев градска ме малтретираа 40 минути и видоа дека нема разлог да ме бутнат и ми честитаа за положена возачка.
 
Член од
8 јануари 2008
Мислења
142
Поени од реакции
10
дајте бе линк за најновиве тестови кој ги има xD
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
А дали има во МК авто школа која врши обука за возење на автобус ?
:helou: :salut:
 

nikaТa

Mr.Lover Lover
Член од
16 април 2010
Мислења
524
Поени од реакции
60
Може ли некој да даде линк за тестовите и знаците ? :)
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Јас полагав во Кекец, таму инструкторот не те пушта на полагање додека не види дека си спремен. Плаќаш еднаш и обавезно положуваш.

Сега слушнав од колешка дека ја бутнале 3 пати на градска (незнам која авто школа) сепак тоа е неуспех на авто школата и инструкторот. АКо тој смета дека таа не е подготвена за да вклучи во собраќајот, тогаш може да и земе пари за дополнителни пари за часови и слично, а не за полагање. Банално е тоа.
Не е точно, паѓаат кандидати и од Кекец... еве јас лично познавам неколку што паѓаа повеќе пати. Проблемот не е во автошколите, туку во тоа што АМСМ се монопол, на луѓето им се исплаќа да паѓаат кандидатите, едноставно на тој начин собираат повеќе пари... а дека на градска ако сакаат ќе те бутнат - ќе те бутнат.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
За автобус е Д категорија, а за комбе до 16 седишта е Д1 категорија ?
:salut::helou:
 

Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32
Има некој книга за полагање, ве молам ако има да постирате некој линк.. ми треба оти полагам во блиска иднина.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.256
Поени од реакции
2.248
Има некој книга за полагање, ве молам ако има да постирате некој линк.. ми треба оти полагам во блиска иднина.
Каква книга сакаш. Јас ги имам тестовите само, празни, сам/а да си ги решаваш. Ако тоа ти треба пиши!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom