Образованието и Хуманоста

S

smart ass

Гостин
Република Македонија година 2009-та нашата транзиција повеќе е налик црна дупка од која нема излез.

Но после распадот на СФРЈ посебно после 93 почнаа многу луѓето да го ценат високото образование па можеби и преценуваат
. Денеска сме во општество базирано и раздвижувано на основ на егоизам-дали образованието ствара егоисти?? дали на економски ќе направат економист или Егоист со речениците се е економија се е пари???

дали на машински ќе направат перфекционисти и добри инжењери,во САД и јапонија,Германија за диплома се бара иновација било за заштеда на енергија било Х иновација а кај нас сеуште е бла бла...но сепак имаме таленти...

но поентата не ми е тоа туку еве сите сме сведоци како вообичаено а посебно па тие оговарачки групи ќе речат за некој/а еве гледај го/ја звршил факултет стана човек сега работи зима Х плата се ожени бла бла....

а па братучед му кај се погоди тотален промашај само една година шеташе трошеше па уште и други му се виновни.

за жал имам приметено дека денеска светлината низ призма има друга посебна бранова должина која се вика индивидуа соо диплома и истата вообичаено е да општеството ја цени повеќе отколку некој со средно образование.

но дали дипломата без разлика од кој факултет е и која професија навистина ствара човек или можеби не?

дали истата порано успевала барем да направи човек или не?

жално ми е што на луѓето зборот факултет и дипломирање им асоцира и визуелизира во мозочето пари а не ЗНАЕЊЕ

и јас бев сведок еве еден мој пријател дозна дека негов другар не го примиле на факултет па само колку слатко се изнасмеа-кое лицемерие,што мислите дали перцепцијата кај просечен граѓанин за факултет асоцира на подобар живот и подобра материјална состојба??

каде е овде човечноста.

јас лично не правам разлика ниту меѓу едните ниту меѓу другите туку заклучувам врз основа на нивните постапки и навистина имам приметено луѓе без високо образование а со солидно знаење што се вели општа култура додека пак имаме случаи на дипломци кои штотуку земаа диплома од филолошки не знаат да направат технички опис:tapp::tapp::tapp:

зошто повеќето луѓе со завршено високо образование го сметаат тоа за успех...дали навистина е успех парчето хартија наречено диплома??

или пак можеби знаењето кое можеби после 15 години ќе даде резултат кога веќе истиот документ нема да ви биде важен??

што мислите вие?

дали треба човек да се гордее со факултетот или пак со знаењето и дали има право да се смета себеси за level up за разлика од индивидуите коим имаат средно образование...

поточно дали факултетот ќе ве направи човек-но имам обврска конкретно да дообјаснам кога велам човек мислам истиот да има одредени етичко-морални вредности кои ќе му овозможат на истиот правилно да перцепира.

дали личностите без факултет можеби и уопште ги немаат овие вредности или пак кај нив се поизастапени?

плиз комент

дали факултетот ќе ве направи почовечен/на???
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па во никој случај никого нема да направи почовечен никаква диплома.Дури би можело да се тврди спротивното...
Парчето хартија како такво е поврзано и со егото во голема мера...на несигурните личности им дава некое значење...титула др. мр. проф. акад. и слично...а зад таа титула...ништо.
Не може да се генерализира, секако многу креативни личности имаат дипломи и работат тоа што го работат,во поголем дел се оние кои имаат само диплома...а креативни се или човечни колку канта со сирење...
Низ историјата и сега многу манијаци имале титули од престижни универзитети - Др.Менгеле,Др.Кеворкиан,Др.Басон,Др.Пател...а многу генијални луѓе немале никаква титула ниту биле формално образувани...

Кај нас во мкд, како и многу друго и перцепцијата е изместена така да не е чудно што луѓето ги перцепираат оние со диплома - како позначајни!?

А диплома како диплома...некои учат и се мачат 5-10 години за неа,некои плаќаат и носат...а некои купуваат таква на нет...живели брача украјинци:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom