Обложување на нет

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Пример кога вадиш 100 долари( или 100 евра) ќе можеш ли да ми кажеш колку во денари ти стига на сметка?
Каква сметка? Ги подигнуваш од банкомат. На 100 евра ќе изгубиш некаде околу 6 евра. Не се сеќавам точно колку беше фиксната провизија на повлекување на банкомат, одамна не сум повлекувал со Нетелер картичката.
 
Член од
30 август 2013
Мислења
51
Поени од реакции
3
Каква сметка? Ги подигнуваш од банкомат. На 100 евра ќе изгубиш некаде околу 6 евра. Не се сеќавам точно колку беше фиксната провизија на повлекување на банкомат, одамна не сум повлекувал со Нетелер картичката.
Да на банкомат, по грешка пишав. Значи не е баш мала провизијата, инаку за избегнување данок е супер :). Фала ти многу :D
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
има ли некој префрлано пари од бет 365 на дебитна картица ?
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
Подобра кладилница од бет365 нема, функционалност и дизајн на сајт безпрекорно,дизајнот е феноменален, наша во споредба со таа е како да ја изработил некој програмер за дипломска. Кога веќе работиш со Австријци и имате капитал барем плати програмери убаво да ја изработат во флеш. Катастрофа.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.619
Поени од реакции
5.135
колку само може да бидат ретардирани овие од 2win ја напраиле преширока страницана а долен слајдер за движење у хоризонтала не ставиле :facepalm: помалку инчен лаптоп или ноутбук не постојат за нив иначе, од десна страна тикетот неможе да си го види чоек, бре бре
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Денес си извадов преку скрил пари пак, преку неттелер досега само сум ставал, а не сум вадел. Ај ваљда се пијани од празнициве нема да проверат ујп :unsure:
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Онака ... чудесно !

СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА БАНКИ

ВЛАДАТА ЌЕ ТИ ГИ ЗНАЕ ПАРИТЕ ВО БАНКА

Банките ќе им даваат податоци за поединечни лица на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за банки, кои се на прво читање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, на седницата закажана за понеделник.

Со актуелниот Закон за банки, "документите, податоците и информациите кои се стекнати при вршење на банкарски и на други финансиски активности за поединечни лица и трансакции со поединечни лица, како и за депозитите на поединечни лица претставуваат банкарска тајна, која банката е должна да ја заштити и чува". Со измените на Законот, банкарската тајна ќе може да им се открие и на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и на Фондот за здравственото осигурување, "за потребите на вршење на работите од нивните надлежности и во согласност со прописите за заштита на личните податоци", стои во измената.
За да можат да добијат податоци за клиентите на банката, владините институции треба да склучат меморандум за соработка со банката, со кој се регулира начинот на достапност на податоците.
Владата, како предлагач на измените, образложува дека пред трите наведени институции се одвиваат постапки во кои физички лица се јавуваат како баратели за остварување на одредени права и оти податоците им се потребни за проверка на она што го навеле во барањето.
"За да ги остварат тие права, барателите треба да исполнат одредени услови кои можат да се потврдат со информациите и податоците со кои располагаат банките во Република Македонија. Поради тоа, потребно е да се изврши измена на Законот за банките", објаснува предлагачот.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките бил утврден на седница на Владата одржана на 29 декември лани.
Со важечкиот Закон за банки, информациите за поединечни лица кои ги поседува банката, смее да ги открие, без да бара притоа дозвола од лицето, на: Народна банка, Управа за јавни приходи, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Управа за финансиска полиција, Државен девизен инспекторат, Фонд за осигурување на депозити, Кредитен регистар на НБРМ и на извршители.
(А.С.)
Не се лaжете веќе сo клaдење нa нет, секoе мoжнo денaрче ќе гo дoзнaaт.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.056
Поени од реакции
6.663
Не се лaжете веќе сo клaдење нa нет, секoе мoжнo денaрче ќе гo дoзнaaт.
сакаш да кажиш дека нетелер,пејпал,скрил и другите ќе им даваат извештај на нашите министерства?? :icon_lol:
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
сакаш да кажиш дека нетелер,пејпал,скрил и другите ќе им даваат извештај на нашите министерства?? :icon_lol:
Само ти теши се. Со новиов закон, ујп и другите ќе ги имаат сите твои трансакции на тацна.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Само ти теши се. Со новиов закон, ујп и другите ќе ги имаат сите твои трансакции на тацна.
Парите пратени од фамилија, роднини итн не се оданочуваат, од нетелер ако ти стигаат пари може да речеш дека ти се пари пратени од роднини од странство пример.
Нетелер сигурно нема да дава сметка на владата од кај стигнале кај нив парите..
 
Член од
30 август 2013
Мислења
51
Поени од реакции
3
Ако ги зимаш парите преку Мастер Кард на Нетелер можеш комотно да заборавиш на пријавување, даноци, и сл. глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom