Конечно и во Македонија некој да одговори на барањата на обожавателите. Поради огромниот интерес изразен преку коментари на клиповите од првиот анплагд (акустичен) концерт прикачен на Јутјуб, Нокаут највува втор ваков концерт на 7-ми септември во клубот Колосеум!
Веста екслузивно беше објавена од самите Нокаут во облик на страница за обожаватели на Фејсбук вчера (сабота, 20.08.2011). Нокаут, на истата страница, најавија дека специјално за нивните обожаватели ќе се појават во следниов состав:
1. Никола Перевски Пере - Вокал
2. Владимир Крстевски Франц - Гитара
3. Горјан Петровски - Гитара
4. Луај Реџепов - Гитара
5. Виктор Николовски – Бас гитара
6. Борче Кузмановски - Клавијатури
7. Бојан Перевски - Перкусии и пратечки вокал
8. Благоја Антовски - Тапани
9. Горан Кавраков - Сакс
Како гости на вториот акустичен концерт, исто како и на првиот, се најавени и Игор Џамбазов, Мио од Д.Н.О. и Фиц од Студени Нозе. Честитки за дечките, ова е дефинитивно настан кој никој од нас нема да сака да го пропушти!
Извор: RadioMK.com