- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Катар - Полска, натпревар кој може со 2 збора да се опише: голмани и судии. Кога имаш голманско дуо кое е тотално во аут, тешко е да се победи. Уште потешко кога во апсолутно секој покритичен момент Катарците добиваа солиден подарок од судиите. Сосема се согласувам дека треба да имаш квалитет за да можеш да ги искористиш подароците од судиите. Не спорам дека се солидни Катар. Ама апсолутно не се согласувам дека немаат влијание сите тие тенденциозни одлуки. Едноставно имаат огромна психолошка предност играчите на Катар кога знаат дека имаат "ветер во грб" од судиите. Едно е да си играш на рает ракомет, друго е во секоја акција да треба да се пазиш од било каква ситуација која може да ја протолкуваат како пробивање, чекори, 2 минути и слично и само таму да ти е паметот. Буквално исти фаули на едната страна 2 минути, на другата метри. Цело првенство за фаул на крило при влез се суди како 7 метри и 2 минути, само кај Катар секој 4 таков фаул е 2 минути, а другите им ги простуваат. Не е само до реалниот ефект на крај и краишта. Психички во поим ја убиваат екипата овие одлуки. Немаа потреба од толку екстремно многу помош како на претходните натпревари ама буквално со судиските одлуки ги скршија Полјаците. Од 2те истовремени исклучувања во првото полувреме, преку дуплиот престап на Марковиќ, до комичните "чекори" на Вишниевски. Едноставно нема екипа која може психички да го издржи тоа кога е комплетно еднострано. Освен можеби...
Франција - Шпанија - Е тоа ти се французите. Цела групна фаза тотално непрепознатливи, со полуаматерски ракомет и цели десет минути во повисока брзина (последните со Шведска). Ама дојдоа елиминациски, како друга екипа се. Едноставно во вакви завршни натпревари никој не им може. И тоа пред се заради Омејер. Во групната фаза меѓу најслабите голмани на првенството (ми се чини 28% имаше) не се замара, ама како и скоро секоја година ќе дојдат полуфинале/финале и по 20 топки од кои повеќе од пола зицери брани. Тотално ги откажа Шпанците, нема потреба ни да ги коментирам, добро почнаа ама се покажа дека како џабе да играа. Едноставно уште 2 дена да играа пак немаше да победат. Ги викаат голема четврока, ама да не се лажеме, Французите се класа над другите и кога губат најчесто самите себе се победуваат. Тешко некој да ги надигра.
Додатен фактор за финалето на Катар е и ждрепката. Едно е да ги минеш Австрија, Полска без Јашка, Лијевски и ефективно без голман и Германија која се испука во групната фаза, сосема друго е некои од големите екипи во топ форма во завршница на првенство. Според мене, колку и да им помагаат судиите нема што да бараат во финалето. Се ми се чини дека Франција за сите досегашни "победи" ќе им наплати па макар и со играч помалку цел натпревар го игра. Доволно беше да се погледнат 2те полуфиналиња за да се согледа разликата во класи...