Нов Пазар3

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Пазар 3 можда е најпосетена веб страна у Македонија. Треба да поработат повеќе на спонзори, до пред извесно време немаше никаков спонзор.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....многу фино сценарио....сакаш да пуштиш оглас...одиш до пошта (банка) ....губиш саат време...му уплаќаш 30 денари на чичкото од Пазар3 и одиш дома да го искуцаш огласот....алооооооооооооооооо.....ова функционираше во ерата на Огласник М (прединтернет ера)

Пазар3 RIP
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
На официјалната страна http://www.pazar3.mk/ нема ништо за плаќање.
А сајтот
http://reklami.com.mk/ го добив одамна како линк од маил адреса поврзана со Пазар3 по што претпоставувам дека е уште еден сајт од тимот на Пазар3

А што адреса е ова (не ме бива за адреси и такви ситници), првпат гледам таква адреса http://www.incoding.biz:12006/ Нема ниеден оглас
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Се си мислев некоја ЧКЉ адреса на Пазар3 за да се види текстот за наплата...ама чудно ми е и што велиш матно-едино видов мебел Чучер Сандево, слика од една фирма за плакари.
Ради тоа и ме интересира дали адресата од првиот пост е валиден извор на овие информации за можна наплата или е фејк.

Мада, човек огласува доста скапи ствари коли, компјутери, тв, куќи. Еднашка ако плати 50-100 денари ништо лошо, секој гледа да заработи. Плус имаше и доста злоупотреби со огласиве.
Цената се движи од 50 - 90 МКД +18%ДДВ и зависи од Категоријата Плаќањето се врши преку телефон. Огласот се прегледува во согласност со Пазар3 Правилата и е активен 2 месеци.
Дали веќе опцијата е активна и каква е постапката на плаќање по телефон? Јас му се јавувам или тие мене?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Пазар 3 можда е најпосетена веб страна у Македонија. Треба да поработат повеќе на спонзори, до пред извесно време немаше никаков спонзор.
можеби БИЛА- но со оваа алчност на сопственикот - е веќе минато
убаво кажа arakenx

Пазар3 RIP
 
Член од
30 март 2006
Мислења
26
Поени од реакции
3
Се си мислев некоја ЧКЉ адреса на Пазар3 за да се види текстот за наплата...ама чудно ми е и што велиш матно-едино видов мебел Чучер Сандево, слика од една фирма за плакари.
Ради тоа и ме интересира дали адресата од првиот пост е валиден извор на овие информации за можна наплата или е фејк.
Адресата е за девелпмент на новиот сајт, руска фирма го прави сајтот, еве ви линк по втор пат (вториот проект): http://www.incoding.biz/Projects Тоа што го гледате, би требало да се префрли на стариот домен на Пазар3, а огласите што ги гледате се тест огласи, Пазар3 ги става за да се тестира функционалноста, ништо повеќе. Ќе видиме утре што ќе биде :)

Јас му се јавувам или тие мене?
Тие тебе, сигурно, и коа ќе завршиш со часкање, ќе имаш 50 или 90 денари поише на сметката (+18% ддв.) :pos2:
 

punkbooster

Black Rose Dying
Член од
10 декември 2009
Мислења
845
Поени од реакции
29
Браво бе 90 денари на ТЕЛЕФОН Плаќање браво виси 30 минути со телефонот хахахаха и + само за 2 месеци абре напрај го една СМС еден оглас па макар и 10 денари нека е СМС-от ова е претеризам.... Во ова време незнам дали некој би му дал 90 денари.............:drk: :drk: :drk: :drk:
 

G-Ms|

I'm Popeye the sailor man
Член од
2 ноември 2009
Мислења
60
Поени од реакции
3
Абе ќе види дека небива така и пак ќе го врати стариот систем.
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Нрверувам дека воопшто ќе почне да се наплаќа....незнам дали е паметно или не ова но сигурен сум дека во Македонија нема да просперира така...
 
Член од
30 март 2006
Мислења
26
Поени од реакции
3
Абе ќе види дека небива така и пак ќе го врати стариот систем.
А бе да, ама да не му биде касно после. Да проба некој да те направи мајмун за да ти ги земе парите, и после од кога ќе сконта дека не му функционира финтата, пу-пу не важи новото, ај пак на старото, за да му се вратиш, не знам баш :nenene: Али ај, ќе видиме...
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
15
Поени од реакции
1
Што се однесува до "поддржувачите" на идејата за наплата, да претпоставиме ваква ситуација: почнува наплаќањето, 90% од огласите исчезнуваат, 90% од огласувачите повеќе не огласуваат... Што тогаш? Дали вие како корисник што бара да купи нешто, ќе одите на Пазар3 да најдете тоа што барате? Не би рекол. Која е поентата да посетам сајт којшто има многу помалку понуди (огласи) од некој друг сајт којшто има 10 пати повеќе понуди? Пазар3 е познат, да, ама исто така како што стана познат, може и да биде заборавен. Луѓето не го посетуваат Пазар3 затоа што се вика Пазар3, туку затоа што има еден куп огласи. Бројот на огласи го прават познат. Од друга страна пак, ако сајтот нема посети, која е поентата да поставам оглас како понудувач? И згора на тоа да платам. Нема никаква поента ништо од ова, само затоа што Пазар3 некогаш бил познат. Типот си игра со оган, а вие ако мислите дека тоа му е паметна идеја, можеби сте во право, не викам не, ама за да видиме што ќе биде крајниот резултат, ќе треба да почекаме.
се согласувам со тебе, и моето мислење е дека не треба да се наплаќа.

Мора да се наплаќа. Ако не за профит, за тргање на несериозните понуди/огласи.
какви се тие огласи?
 
Член од
30 март 2006
Мислења
26
Поени од реакции
3
какви се тие огласи?
Искрено, ни јас не контам какви се тие огласи. Некои викаат дека ќе ставиш оглас, чисто од што немаш попаметна работа, да видиш колку ти вреди мобилниот, на пример, колку одзив ќе имаш. Која е поентата да ставам без врска оглас и некој да ми зврцка во ниедно време, затоа што сум сакал само да проверам нешто? Врска нема, али ај...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Давање огласи за мајтап кон некого се случуваат постојано и секаде каде се бесплатни. Конкретно за Пазар3 сум сведок на такви 2 огласи, но после интервенција (т.е. неколку интервенции) кај надлежните од Пазар3, истите се повлечени. Сепак, среќа е да успее да се повлече оглас после маил интервенција затоа што надлежните не се сигурни дали тој што интервенира не се зеза...
накратко, такви огласи постојат (како и ФБ фејк профили), затоа е добро да се плати. 50-100 денари (евро-евроипол) за кола од 2-3 илјади евра или ПЦ од 150-200 евра не е воопшто многу.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ако се најде некој паметен кој би ја искористил ситуацијата и би направил сличен сајт кадешто огласите ќе бидат безплатни - пазар3 ќе може да се слика... за пасош.
Немој жити се, јаката идеја за бизнис-огласчиња...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom