Ново откритие на нуркачите во охридското езеро

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Нашле чамец на праисториски човек?
Пред две години, во близина на Свети Наум, охридските нуркачи Никола Паскали и Александар Булески пронашле чамец на езерското дно, за кој се претпоставува дека потекнува од неолитот. Чамецот, кој го нарекуваат моноксил, во еден дел изработен од дрво, се наоѓа на длабочина од четири метри и е единствениот ваков објект откриен во водите на Охридското Езеро. Двајцата нуркачи и другари имаат интересна приказна за тоа како успеале да го откријат овој редок чамец.
"Во Свети Наум живее Миле Крстаноски, кој уште како дете слушал дека во овој дел од езерото има потонат чамец од дрво. И тој самиот, бидејќи тогаш луѓето што живеат во селото немале опрема за подводно нуркање, нурнал на сопствен ризик, на длабочина од четири метри, за да го види пловниот објект. Тој ни ја кажа локацијата и ние решивме да видиме дали има вистина во неговата приказна", вели Никола Паскали.
Подводниот чамец без опрема најпрво го видел Александар Булески.
"Најпрво влегов на дното на езерото, на посоченото место, без опрема, само со маска за нуркање. За среќа, не ми требаше многу време да го најдам чамецот, бидејќи локацијата што ни ја кажа Крстаноски беше мошне точна. Со слободно нуркање без опрема, не може да се остане многу под вода, па затоа решивме двајцата да го разгледаме чамецот со нуркачка опрема", вели Булески.

Двајцата нуркачи биле воодушевени откако детаљно го разгледале чамецот. Тој сe уште бил цел, иако е обраснат со водна трева. Изгледал прилично цврст и компактен.
"Не се одлучивме да го помрднеме, затоа што стравуваме дека може да се оштети, да се распадне. Решивме да го оставиме на местото каде што го најдовме, а за тоа ги известивме директорката на Заводот и музеј во Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Од нив добивме поддршка за нашиот однос кон пловниот објект, со напомена дека треба да се испита од кое време датира. Ветија дека кога ќе има средства за таа намена, ќе се извршат испитувања", кажува Никола Паскали и додава дека староста на чамецот може да се испита со посебна хемиска анализа, која не се прави кај нас во државава.
"Во близина на местото каде што е потонат чамецот има дрва со дебели стебла, но не можеме да кажеме, без да се направат испитувања, дали чамецот е направен од нив. За нас, ова е доказ дека на овие простори се живеело и се пловело по езерото и во праисторијата. Дали и најавените испитувања ќе го потврдат тоа, ќе видиме", порачува Булески.
За чамецот дознаа и други нуркачи, па тоа место стана предизвик за нуркање.

Драган Чубриќ vest
ohridON
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Сеа Паско Кузман ќе ја оправи :D
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.107
Поени од реакции
3.956
Колку му треба на еден трупец да се рападне во вода?
И мене тоа ме чуди, ако е од дрво, како не се распаднал до сега под вода, ако е стварно до толку стар? А ако не е од дрво тогаш не ми е јасно од што ли праеле чамци праисториските луѓе тогаш...
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
220
Поени од реакции
24
Зошто вест од пред 2 години сега да се објавува ?
--- надополнето: 31 март 2012 во 12:06 ---
Чекајте сега, нашите „мили соседи“ - Б’лгари да пуштат некој историчар од БАН па да потврди дека е б’лгарски . Нели сега има некоја теорија дека биле на Балканов пред сите други племиња ?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Колку му треба на еден трупец да се рападне во вода?
Многу, особено ако се земе во предвид фактот што чамецот е тотално заштитен т.е конзервиран под водата без влијание на кислородот и водухот кои би го разградиле дрвото.
И мене тоа ме чуди, ако е од дрво, како не се распаднал до сега под вода, ако е стварно до толку стар? А ако не е од дрво тогаш не ми е јасно од што ли праеле чамци праисториските луѓе тогаш...
За споредба... цела венеција стои на дрвени потпори... кои не се распаѓаат од причина што целосно се покриени во вода.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Интересно, не сум го знаел ова, иако е стара вест од пред 2 години.
Инаку точно е тоа дека му треба мнооогу време на дрвото да скапе, ако нема влијание на кислород, воздух.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.823
Поени од реакции
2.914
тоа што не се распаднало ,можеби е во тоа време намачкале нешто примитивно што личи како смола што потекнува од дрвото.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Многу сте мутави- како може да се распадне, ако никој не го пипкал? Самата компресија на водата го држи цел и не му дозволува да се распадне. Сигурно има некој хемиски состав на него што го одржува во таа состојба подолго време, а е од органски потекло, што би можеле и самите алги да го направат тоа со пуштање на минимални корени во истиот, кој служат како сврзно тело. Наједноставно. Може да се распадне ако се извади од вода без претходна подготовка, а откако ќе се извади, една добра конзервација и ќе го имаме цел.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Колку му треба на еден трупец да се рападне во вода?
Ако е плитко доволно да фаќа сонцето му требаат 10-20 години да се распадне..а доколку е целосно подвода и нема други влијанија освен подвода..нема шанси да се распадне..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Многу сте мутави- како може да се распадне, ако никој не го пипкал? Самата компресија на водата го држи цел и не му дозволува да се распадне. Сигурно има некој хемиски состав на него што го одржува во таа состојба подолго време, а е од органски потекло, што би можеле и самите алги да го направат тоа со пуштање на минимални корени во истиот, кој служат како сврзно тело. Наједноставно. Може да се распадне ако се извади од вода без претходна подготовка, а откако ќе се извади, една добра конзервација и ќе го имаме цел.
Во Ресен во зградата на Сарајот или Сарајот како сакаш, има 5 вакви моноксили кои излегоа од езерото кога се повлече доста пред 15 години, сочувани се доста и не се распаднаа веднаш после вадењето на воздух.... ама па доста се кревки (а мислам и дека беа третирани со нешто за да останат цели после вадењето).
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Во Ресен во зградата на Сарајот или Сарајот како сакаш, има 5 вакви моноксили кои излегоа од езерото кога се повлече доста пред 15 години, сочувани се доста и не се распаднаа веднаш после вадењето на воздух.... ама па доста се кревки (а мислам и дека беа третирани со нешто за да останат цели после вадењето).
Мора да постои некаква припрема за експонатот целосно да се зачува, а не делумно. Можеби ако водата постепено се повлекувала, експонатот постепено ја променувал својата состојба и се привикнал на новата?! што ми е малце и чудно... сигурно некако биле третирани, не верувам дека така ги оставиле да се распаднат. Можеби им направиле добра конзервација, а можеби и додека да се исушат прошле само со припрема за конзервација која има само периодичен ефект.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Ако е веста од пред 2 години да не знае некој што се дешава сега со овој пловен објект и дали се направени анализи и е испитано од кога датира објектот ?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.647
Поени од реакции
10.948
Поздрав до Попе и Буле сега се селебритис :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom