Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Абе ти можеш да речеш дека е купче железо,ама Ајфеловата Кула пак ќе биде посетена од 10 милиони туристи годишно. ;)
Е де...си биле некои французи и им текнало да прават кула...
Nice...nice...споредба меѓу градба никната по повод светската изложба во Париз, на врвот на моќта на француската глобална империја, кога бојните бродови, пловечки челични тврдини, со тробојницата пловеле до Сајгон, Казабланка, Гваделупе, Нова Каледонија...и полу-пропадната транзициска творба на чии поданици и раководство најголем дострел и е правење резервна армија на невработени и 99% средношколци на факсови за штанцерај на ботови...

Merde...
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47

Кога можеш ти да драпаш за Germania, може и он за Париз, нели?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Кога можеш ти да драпаш за Germania, може и он за Париз, нели?
Може секако. Да се тресат глупости не е само нечија привилегија, ти си жив доказ.
Германија во време на (никогаш остварениот) проект Германиа била една од водечките индустриско-воени сили на планетава, таму се одржале спектакуларни олимписки игри каде Лени Рифенштал снимала антологиски документарци на најмодерна германска техника а и пази сега,спреми се за културно-образовен шок...
И-ма-ло те-ле-ви-зи-ски пре-нос на олимпијадата во 1936.
Во иљаду-девесто-и-тријес-шеста.
Овде тоа време ни радио-милева не била пристигната.
А во 1939 и првиот млазен авион, ракетен авион, подоцна првата ракета која стигнала до вселената...
Така да не се бламирај без (особена) потреба, споредбата е на место.
Да ти нацртам, земји со силна економија и средени основни прашања се една категорија.
А други каде важи она кое го наведов во погорен пост...сосема друга.

Споредбата сепак беше лоша,морам да признам, Адолф иако манијак е премногу питорескна фигура за овдешнава олигархија, можеби требаше Иди Амин или Бокаса...
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
БЛА, БЛА, БЛА... НЕМАЧКА ОВА, НЕМАЧКА ОНА...

Така да не се бламирај без (особена) потреба, споредбата е на место.
Да ти нацртам, земји со силна економија и средени основни прашања се една категорија.
А други каде важи она кое го наведов во погорен пост...сосема друга.

Споредбата сепак беше лоша,морам да признам, Адолф иако манијак е премногу питорескна фигура за овдешнава олигархија, можеби требаше Иди Амин или Бокаса...
Одлучи се човече... На место, или лоша?

И плус, ај вака на мене необразуван ропак нацртај ми (може во paint). :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Одлучи се човече... На место, или лоша?

И плус, ај вака на мене необразуван ропак нацртај ми (може во paint). :)
Се предомислив. U mad?
Од прво ми делуваше ок, но подоцна ми текна дека и не е баш како што треба, премногу кредит им дадов на овдешната олигархија.

Нема потреба од paint, почни со google.com и со среќа.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Сепак друго ми беше поентата ќе видите споменикот (па и цело Скопје 2014) колку туристи ќе привлекува од оние што го посетуваат барем Скопје, и Унгарија има ваков сличен плоштад наречен плоштад на Хероите со којзнае колку фигури и околни згради со убави фасади па и дворци кои не се оригинал туку се покасно изградени како атракција и се донесени од сосема друго место (не постоеле таму) па пак има еден куп туристи. Но проблемот е што Унгарците се гордеат со тоа и тоа скоро сите а не како нашиве плукачи што ништо не им чини, знам дека и од овој проект ќе се исперат доста пари ама ако бе нека градат и нека крадат а не само да крадат како некои други што беа.
Плоштадот на Хероите е изграден во 18 век. Во чест на 1000 години од населувањето на унгарите на тие простори. Во време кога Австро-Унгарија е една од водечките сили во светот.

Целиот плоштад е плански испланиран и изграден според еден концепт затоа не го споредувај со нашиот плоштад.

Кога туристички водич ти зборува со плоштадот на Хероите раскажува целосно поврзана приказна. Како би било ако за 200-300 години туристички водич шета група странци низ плоштадот Македонија?

Ја вака си го замислувам тоа:

Ова е прекрасниот споменик на Александар Македонски изработен на почетокот на 21 век, а ова е од истиот период и е само грда градба која е дозволено да се изгради само затоа што некој кретен имал врски у тогашната влада. Малку подолу имаме триумфална капија поставена на споредна уличка која што не изградена поради некаков триумф туку онака за кејф. Пред нејзината изградба на местото имаше необележан паркинг за таксисти.
Зелениве купчиња метал се споменици на Македонски револуционери од почетокот на 20 век, а белиот споменик е Македонски државотворец од средината на 20 век. Сите споменици претставуваат личности од различни периоди на историјата и сите се расфрлани низ просторот без некој концепт од сето тоа да се направи целина. Не се знае зошто е тоа така. Оној мост се нарекува камен мост бидејќи оригинално бил изграден од камен, потоа во почетоците на 21 век бил покриен со мермер, а во средината на истиот век бил покриен со WC плочки со патриотски мотиви од фирмата Силекс на големиот мецена Ѕинго. Тие го добиле тендерот. Прекраната тврдина, Скопското кале не може да се види убаво од тука затоа што има една руина наречена уставен суд....

Не сум против градење, иако се прави мегаломански, ама барем да не се доупропастува и онака упропастениот простор. Секоја од градбите изгледаат убаво поединечно, ама на скопскиов ни плоштад ми изгледаат одвратно кога се ставени заедно.

Можеби после неколку децении ќе привлекува многу туристи Скопје 2014, а може ќе дојде некој друг на власт и ќе реши да гради од почеток. Се може. Ама што и да се случи Скопје останува град со грда архитектура.
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Стигнавме и во Њујорк Тајмс

Macedonia Plays Up Past Glory

SKOPJE, MACEDONIA — In the view of many here, the neighbors have been bullying this little Balkan country for a long time.
Bulgarians see its people as Bulgarians with accents. Serbia considers the land Southern Serbia. Greece accuses the country of nothing less than stealing its name, history and national symbols.
This week, Macedonia pushed back.
http://www.nytimes.com/2011/06/24/world/europe/24iht-macedonia24.html
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Има некој да знае дали било кога ќе има табла со вистинското име на скулптурата?
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Околу естетската вредност на рељефите на постамените

Пример од постаментот на една од скулптурите лавови

Солун, до споменикот на Александар.

За разлика од рељефот горе, на овој секое едно местенце е пополнето и нема празен безинтересен простор. Овде секаде нешто се случува и секој еден дел го привлекува погледот. Контурите се јасно дефинирани па може да се гледаат и од поголема далечина за разлика од рељефот горе (или оној на споменикот на гемиџиите).

Лондон, Trafalgar square.

Прецизно изработено до најситниот детаљ. Сликата сама говори:

Споменик на генерал Пуласки, Балтимор.

Преубава композиција, а на степенот на деталите може да подзавидат и многу од новопоставените наши споменици.

А зошто и кај нас не можеше да е така? Затоа што целиот проект беше обвиен во тајност, јавноста (и стручната јавност) не само што не ја прашаа туку и ја известија дури откако веќе се' беше испланирано, премногу брзо се направија голем број скулптури, наместо да ги примаат критиките за она малку што се знаеше тие објаснуваа зошто е потребно, наместо опозицијата да даваше кнструктивни критики тие повеќе беа свртени кон прибирање поени...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130

Затоа ова го викам како психолошки експеримент а не градежен.
Се прашувам која е вистинската цена на сегашниве скулптури.
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Стефан Влахов Мицов

За почеток, еве неколку наслови од еден македонски и еден бугарски весник: „Александар дојава висок до небото“, „Коњаникот дојде - евроинтеграциите отидоа?“, „Букефал слета во центарот на Скопје за 9,5 милиони евра“, „Сиромаштија и мегаломанија“, „Статуата ја отвора Пандорината кутија“, „Воинот на коњ нова муниција за Атина“, „Споменикот ги подели граѓаните“. Можете ли да познаете кој наслов од кој весник е? Не познавте? Од бугарскиот весник е само насловот „Букефал слета...“, останатите се од македонски новинари. Оттука и прашањата: Колку весникот што излегува во Скопје е македонски, кога пишува на ист начин како антимакедонските бугарски весници? Колку е македонски кога само во еден број помести четири (!) негативни текста за една скулптура, а во следниот број уште два? Бугарската статија признава дека проектот „Скопје 2014“ целосно го промени ликот на градот. Притоа, бугарските новинари може да кажат дека само ги пренесуваат негативните одѕиви од македонските весници. Тоа е конкретен пример како македонските медиуми работат против македонската историја и државност.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Дали Воинот ќе беше помалку вреден за нас ако беше во некоја големина на пример на споменикот на Делчев во парк?
Коментар нај на место од сите 100 страни на темава...
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Чекајте да дојде Филип Втори на левата страна од Камени мост.Ќе бил поголем дури и од Александар. (n)
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:33 PM ---
Разбирам дека плоштадот е голем,ама тоа не значи дека треба да се натрупа со милијарда споименици.Александар,Гоце и Даме беа сосем доволни(еве и Ченто).Се друго е вишок и кич.
Со споменициве се претера многу.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Е тука гадно си се зезнал брат. Ако се викаме Северна, го наебавме - ја можам да мислам и дека сум Супермен, ама ако рипнам од десети кат, гравитацијата нема да се сложи со мене...
Ако си Северна Македонија тогаш си дефакто и северномакедонски јазик, северномакедонски идентите, кој се испилил од некоја си таму асномска парамакакедонија и кој нема а ма баш никаква врска ни со Гоце Делчев, ни со Кирил и Методиј, а да не правиме муабет за Аце... Е тек тогаш, самите ние ќе парафираме дека сме нова нација и нов народ без историја и традиција, ете затоа не смее менување на име!
За P.S.-от пиши му на Brother Ego.

И да, не ги сфаќам тие што викаат сме им боделе очи на Грците со ова :ROFLMAO: Кое бодење очи бе братчиња и сестри? Спомеников како прво се вика „Воин на коњ“. Каде пишува дека се вика Александар? Личел на него :D Па и мене Ченто ми личи на Ентони Хопкинс ама си пишува под него дека е Методија Андонов - Ченто и нема забуни. Ние сме си знаеле дека е Аце и нема што :D Така и името ќе ни го спопикаат да го проголтаме, што се буните тогаш за Северна не ве сфаќам? Ние ќе си знаеме дека сме си Македонија, ве боли што ќе мислат другите надвор.

Ако мислите дека се повредени Грциве со ова нешто, мува не ги лази верувајте. Ќе си кренат и тие кај и да е од Александар споменик сосе неговото име и па ќе видиме кој ќе остане плукнат.
Кога можеа Грциве мојата репрезентација во 2007ма и тоа да не вратат од граница затоа што сме имале МК обележја на нас на репрезентативната опрема и никој ни А да им каже, не верувам дека некако ги тангираме. Сме ги „победиле“ со ова :D Во една ЕУ (да не ме сфати некој дека сум за влагање, не сум) не можеме да влеземе ради името, тие не блокираат кај ќе стигнат, ние ги „провоцираме“ со безимен споменик.
Good thinking :X3:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom