- Член од
- 17 јануари 2014
- Мислења
- 579
- Поени од реакции
- 831
Казните во сообраќајот ќе ги наплаќа упрвата за јавни приходи. Сите граѓани кои во рок од 8 дена нема да ја платат казната или пак нема да внесат негативни поени во сообраќајните книшки, Министерството за внатрешни работи ќе ја активира УЈП која преку трансакциските сметки ќе изврши поефикасна наплата. Овие измени се предвидуваат со новиот закон за Безбедност во сообраќајот. Битолчани не се согласуваат со новата измена.
Управата за јавни приходи ќе се вклучи во наплатата на казните на прекршителите во јавниот сообраќај доколку не ги почитуваат новите одредби од законот кој го изготвува Министерството за внатрешни работи. Станува збор за два типа на исплата на казните односно мандатен платен налог и прекршочен. Според мандатниот платен налог им се остава рок на прекршителите да одлучат дали ќе ја платат казната или ќе им се впишат негативни поени. А во одредени случаи следува и одземање на возачката дозвола од 6 до 12 месеци кога станува збор за посериозни прекршоци. Прекршочниот платен налог не остава простор за пишување на негативни поени, но доколку во рок од 8 дена се плати казната таа ќе биде намалена. Меѓу посериозните прекршоци кои се наплаќаат според мандатниот платен налог се возење под дејство на алкохол, недозволена брзина и лошо паркирање. Битолчани не се согласуваат со новиот предлог закон на МВР.
Според новиот закон кој е содржан на 166 страни се предвидува од 2017 да биде променет и изгледот на возачките дозволи, а ќе следуваат соодветни казни и за автошколите кои нема да работат според пропишаните правила. Казни од 45 до 50 евра се предвидени за возачите кои зборуваат на мобилен телефон и оние кои не носат безбедносен појас. Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра, исто така предвидени се казни за: родителот чие дете под десет години вози велосипед кој треба да плати 250 евра, исто така треба да се платат 250 евра за не превезување на повредено лице, 30 евра за возење ролерки на коловоз, 35 евра превезување животни без заштитини кутии. Највисока казна е онаа за надминување на дозволената брзина, односно оние кои брзо возат ќе добијат казни до 500 евра.