Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.883
Епа затоа ќе си пазиш да не направиш сообраќајка. Но тоа нема никаква врска со носење појас, туку со внимателност при возење.
Што правиме со ситуациите каде сообраќајка се случува без разлика колку е едната страна внимателна?
Само еден незаврзан патник, во сообраќајка може да направи голема беља на другите патници во возилото. Си има зошто постојат регулативи за носење на каиш, исто како што има зошто е забрането зборување на телефон додека се вози.

https://www.youtube.com/watch?v=zWvNeJXE_cY&list=PL7B47B480E34175D3
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.131
Поени од реакции
5.853

Сега си го модифицираш мислењето. Претходно пиша хипотетичка ситуација кога 2те страни се виновни. Сега пишуваш за ситуација кога едната страна е виновна. А јас веќе го изразив својот став за тоа.
Казни за неносење на каиш се еден од најголемите фактори за спречување на природната селекција. А тоа е многу лошо.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.883
Сега си го модифицираш мислењето. Претходно пиша хипотетичка ситуација кога 2те страни се виновни. Сега пишуваш за ситуација кога едната страна е виновна. А јас веќе го изразив својот став за тоа.
Дап, разбравме дека ставот ти е неразумен. ;)
Сеедно. Не е проблемот во тоа што не се согласуваме, туку во тоа што законите не се спроведуваат... без разлика какви се тие закони и дали на некој му се допаѓаат, или не.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Незнам што точно ме прашуваш?
За калта или за пружање помош?
Ако е за калта сам во себе си се смејам. Додуша да видиме што точно пиши. Можи има некој дообјаснувања, дали важи за автопати или селски патчиња или општо за секаде. Вака само кал на гумите е некако недоречено и глупо.
Ако ме прашуваш за пружање помош, тогаш работата е малце подруга. Јас колку што памтам кога полагав имавме и обука за пружање на прва помош, веројатно и ти. Без неа не те оставаја да полагаш. Што значи секој кој има возачка е во најмала рака обучен за пружање прва помош. Значи не се работи за отворена операција на мозок или срце туку најобично пружање на прва помош, вештачко дишење, имобилизирање на рака , нога, запирање на крварење Имаше таму и како да пренесиш човек со повреден рбет и врат и такви работи. Сепак секако зависи од ситуацијата дали директно би се вклучил во спасувањето и пружањето помош или индиректно со тоа што ке застаниш кола, ке повикаш брза помош или ке помогниш на друг начин. Во никој случај земено и од општа култура не смее да се замини и остави повредениот ( повредените) како да не си ги видел. Тука не станува збор само за учесник во сообраќајот, туку генерално за сите на кои им е потребна прва помош, Можеби возиш ти со колата и покрај патот некој лежи , му паднало дрво на главата. Што ке го оставиш така со надеж дека некој друг ке помини после тебе.
Искрено со казнување не е начин да се побуди хуманоста на луѓето, тоа треба на друг начин да се пробуди. Ама сепак казната за напуштање на повредениот како ништо да не било мислам дека сепак е оправдана. Ете мислам дека ти си бил во таква ситуација да сам со такси си одел до болница. Што си помислил тогаш за другите околу тебе кои не се ни потрудиле да ти поможат на било кој начин. Ги оправдуваш?
Полека доаѓаме до она што го тврдев ;)
Прво ќе го искоментирам делот: Искрено со казнување не е начин да се побуди хуманоста на луѓето, тоа треба на друг начин да се пробуди.
Тоа е тоа, хуманоста не се наметнува, хуманоста е нешто кое едноставно го имаме во себе или го немаме. Се' друго е Q се тресе во ладна вода. Поврано со ова, .... црвеното, дали ќе биде казнет пошто не го пренел, него само повикал помош? Пак е глупо тоа со пружањето помош, нели? Трагикомедија е во било која варијанта овој дел од законот, казнување на нешто што нема врска со криминалитет или сл ....................... утре ќе казнат зошто си кењал 3кг дневно наместо 2кг
Плавиот дел, ДА, ги оправдувам. Можеби е чудно, но ГИ оправдувам. Кој сум им јас на нив па џабе да ме носат на лекар или пак да ми пружаат помош кога не се лекари. Јас не би сакал некој да ме чепка во таква ситуација, освен лекар. Кој ми е крив што не сум реагирал како што треба (иако не бев крив ни 0,000001%) но ете, да сум бил повнимателен немало да се учукам.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.131
Поени од реакции
5.853
Дап, разбравме дека ставот ти е неразумен. ;)
Сеедно. Не е проблемот во тоа што не се согласуваме, туку во тоа што законите не се спроведуваат... без разлика какви се тие закони и дали на некој му се допаѓаат, или не.
Не знам дали стварно не ме разбираш или се обидуваш со ниски финти да ме победиш во дискусијава, но еве ќе се изјаснам најјасно што можам:
Ако некој не носи каиш - НЕГОВ ПРОБЛЕМ. Ако направи сообраќајка и умре - ОДЛИЧНО. Natural selection at its finest. Без разлика дали он е виновен или не. Но нема зошто да му пишуваш казна на него. Остај го.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.856
Поени од реакции
21.314
Еве неколку идеи:

- А зашто не воведат екстерно полагање возачки, покрај регуларното. Државата да ги провери тие што положиле, пошто тие што тестираат може да бидат срање, да прогледуваат низ прсти и слично?
- У секоја продавница да мора да има УЈП штанд, кај што граѓаните директно у УЈП ги даваат парите, наместо да идат низ рацете на стопанственикот, банката....
- Жителите од деловите на Македонија, во кои загадувањето на воздухот е помало од некоја граница, да плаќаат данок на чист воздух, а на пример, Скопјани - не, Тетовчани - не, исто и секаде кај што воздухот е позагаден од некоја одредена граница. Така би се изедначила нерамноправната положба во оваа сфера, во која моментално се наоѓаат жителите на, да речеме Скопје, во однос на жителите на, да речеме, Лазарополе.
....

@мкд влада stay tuned, ќе ми текнат уште, одма да пратиш гавран од Битола у централата, за да можат да исполнат.
Не се секирај читаат. Ти само пиши. Ама да не плачиш после ако прифатат некоја твоја идеја. Сигурно и овие некаде ги прочитале од вака загрижени и совесни граѓани па си рекле зошто да не чим народот сака и бара;)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.856
Поени од реакции
21.314
Полека доаѓаме до она што го тврдев ;)
Прво ќе го искоментирам делот: Искрено со казнување не е начин да се побуди хуманоста на луѓето, тоа треба на друг начин да се пробуди.
Тоа е тоа, хуманоста не се наметнува, хуманоста е нешто кое едноставно го имаме во себе или го немаме. Се' друго е Q се тресе во ладна вода. Поврано со ова, .... црвеното, дали ќе биде казнет пошто не го пренел, него само повикал помош? Пак е глупо тоа со пружањето помош, нели? Трагикомедија е во било која варијанта овој дел од законот, казнување на нешто што нема врска со криминалитет или сл ....................... утре ќе казнат зошто си кењал 3кг дневно наместо 2кг
Плавиот дел, ДА, ги оправдувам. Можеби е чудно, но ГИ оправдувам. Кој сум им јас на нив па џабе да ме носат на лекар или пак да ми пружаат помош кога не се лекари. Јас не би сакал некој да ме чепка во таква ситуација, освен лекар. Кој ми е крив што не сум реагирал како што треба (иако не бев крив ни 0,000001%) но ете, да сум бил повнимателен немало да се учукам.
Зависи што подразбираш под криминалитет. Како што реков ти уште кога си полагал си положил и тест за давање на прва помош, што значи си упатен истата да ја пружиш. И ако законот вели дека непружање на прва помош од обучено лице е пример прекршок тогаш е прекршок.
За црвеното незнам точно. Ако сакаш мое тумачење на тоа, според мене казниво е само ако го напуштиш местото како ништо да не си видел. Дали си пружил прва помош или си повикал брза помош и истата ја почекаш според мене доволно си го испочитувал законот. Ама според мене, што немора да значи дека е така.
Ти ги оправдуваш да, си бил при свест , подвижен и си можел сам. Што ако била друга ситуација, да си бил во несвест, обилно крвариш, екстремитет скинат и тн. Дали твоите ке имаат разбирање за оние што седеле до тебе и не направиле ништо, не ни повикале брза помош, не ни пробале да го запрат крварењето. Ти би бил жив само ако некој ти пружил прва помош и ти го спасил животот. Што ако пример хипотетички зборуваме во сообраќајка мајката е повредена и во бесознание ,а нејзиното дете плаче покрај неа, а колата само што не се запалила. Ти едноставно поминиш и си заминиш? Значи има ситуации и ситуации, но битното е дека вака или така секој кој има возачка има и поминато курс по давање на прва помош за да баш во вакви ситуации на живот и смрт и се најде прв на местото на несреќата да можи да поможи. Првата помош не ја учиме за сами на нас да ја примениме, туку за други. Сам насебе тешко дека ке ја примениш освен ако не знаеш начин сам на себе да си дадеш вештачко дишење или кога си во бессознание сам да се преврзиш.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Aj да се обидам да проанализирам малце...
Како што реков, УЈП не е спорна во ситуацијата, бидејќи и онака ги наплаќа казните во присилна наплата веќе неколку години.
Тука ми е спорно единствено што за некои прекршоци НЕМА прекршочна постапка, туку директно правосилност, осум дена за наплата и после оди присилно кај УЈП.
Да се осврнам малце и на казните...
Ќе почнам со појасите. Факт е дека се корисни, факт е дека многу народ не ги користи, факт е и дека освен на безбедноста на оној кој (не) го користи не влијае на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, факт е и дека понекогаш знаат да се заглават, но факт е и дека не ги одржуваме како другите компоненти на возилото... не ги есапиме воопшто.
Затоа, сметам дека казната за неносење појас би требало да биде 10 - 15 евра, пак за сите во возилото.
Другото беше дете на точак. Тука треба да се појасни малце на што се мисли. Јас подразбирам дете помало од 10 години да биде пуштено само, без придружба, да се вози по јавен пат. Имам дете од 10 години, вози точак, ама само да го пуштам сеуште ми е страв :). Можеби сум претерано претпазлив, плашлив или било што... затоа, тука сметам дека казната е ОК.
Брзина... нема што да дискутирам тука. Во град се знае: 50 км/ч. Освен за онаа над 50 од дозволеното, остануваат другите како што беа. Исто и на отворен пат. Тука имам замерка на она од почетокот на постот, т.е. отсуството на прекршочна постапка.
Алкохол... ми се чини дека тука не штима... гледам некаква градација на казните од 200 па до 500. Да е до мене 0 промили и строго 500 евра. Алкохол и волан заедно не одат. Истата примедба за отсуството на прекршочна постапка.
Мобилен телефон... Треба поостро од предлогот. 100 евра бе! Мобилниот одзема внимание, може да настане пиздарија голема, не дај Боже и жртви. И, иако сум пушач, од исти причини, треба да се забрани и да пуши возачот додека вози.
И, за крај, да кажам нешто околу калта :)
Да не се правиме од Марс паднати, кал во градска средина може да има, ама не до толку... Тоа треба да се однесува за на отворен пат... Кога на пр. камиони, трактори и сл. излегуваат од ниви и оставаат кал на патот која може да биде опасна за другите учесници во сообраќајот во смисла предизвикување лига на патот. Зборувам за излегување од нива на дожд... значи тркалата оставаат огромни количества кал... или од некој спореден неасфалтиран пат на главен пат. Тука просечен возач на автомобил не е засегнат. Другите - нека бидат совесни.
И, за крај, неукажувањето помош:
Некој спомна дека со самото подместување на повредениот може да му се влоши состојбата. Поинтелигентно би било законот да предвиде казна за лице кое ја има стручноста да укаже помош, а не укажува, а за сите останати доколку не повикаат помош.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.389
Поени од реакции
29.883
Не знам дали стварно не ме разбираш или се обидуваш со ниски финти да ме победиш во дискусијава, но еве ќе се изјаснам најјасно што можам:
Ако некој не носи каиш - НЕГОВ ПРОБЛЕМ. Ако направи сообраќајка и умре - ОДЛИЧНО. Natural selection at its finest. Без разлика дали он е виновен или не. Но нема зошто да му пишуваш казна на него. Остај го.
Ма какви ниски финти, се обидувам да ја поставам дискусијата на ниво кое ќе биде доволно едноставно за разбирање.

Гледај вака, иако сосема се согласувам со тебе за дарвиновиот момент... сепак мора да разбереш дека ние живееме во еден бирократски свет.
Без разлика на племенитиот чин на правење на услуга на човештвото, и тргање на сопствените гени од колективниот генетски збир... соодветните државните органи сепак ќе го гонат за убиство другиот учесник во сообраќајката.
Тоа ти е донекаде слично како самоубијците кои извршуваат самоубиство со фрлање под нечиј автомобил. Е*аго, нели има милион други начини за тоа, со кои не мора и друг да повлечеш со себе. ;)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.144
Поени од реакции
18.167
Абе министерке, а за пензионери важит?
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
kaj mene u kola kaisot ne e koristen godini godini,pa sega ako go stavam celiot ke se batisam zs e celiot prasina :D
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
i toa drzava po site standardi ...evropski ....more duri svetski .....
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

Овај другаро кој да го казни ?
Или пак идиме на то шо го кажав, закон се па му се можи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom