Нова кампања: Добри домаќини за подобар туризам

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
1,Видеото за газдарицата- Нека ја поскапи државата струјата уште малку исто како на видеото ќе биде.А ова досега ми се нема ни мене случено ни на некој друг мој познаник.

2,Видеото за келнерот-Апсолутно не е вистина на плажа гранит има преку 10 келнери и најмногу за 5 минути ти носат кафе.А кај шо е снимано видеово Потпеш имаш најмалку 5 келнери.

3,Видеото за Таксистот-Качете се странство в такси од центар до аеродром 100 еура ќе ви земат.(со искуство)

4,Видеото за Пазарџиката-Секој се бори за корка леб!

5,Видеото за ноќниот живот-Па балкан е ова бе како сакаат тие .Наш начин на живот.За туристи на прсти шо се бро јас живот да менувам.И најчесто летно време охрид срби идат а тие се навикнати и го сакаат тоа .

Очигледно некој сака да ни пере мозок ама тешко дека ќе успее!!!
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
И не знам што им е финтата со Стив Ирвин моментот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.804
Поени од реакции
3.056
Словенечкиот водител Клемен Слакоња на шеговит начин го претставува македонскиот туризам, пишуваат словенечките медиуми.

Македонците ме поканија за снимање на реклама во нивната туристичка кампања... супер екипа, супер луѓе, супер држава, напиша на својата Фејсбук страна Слакоња.

Тој во рекламите во кои го претставува македонскиот туризам е ангажиран да ја глуми улогата на хиперактивниот, покојниот „ловец на крокодили“ Стив Ирвин.

Имитаторот и водител кој можеше да се види во музичкото шоу Мисија Евровизија се соживеа со улогата за откривање на „стапиците“ низ Македонија. Слакоња, слично како и покојниот Ирвин, во Македонија е во потрага по „уникатните примероци на човековиот род“.

Слакоња на интересен и хумористичен начин покажува како еден ваков начин на туристичка промоција може да предизвика позитивни коментари, пишуваат словенечките медиуми. Тој во рекламите комуницира си македонски келнери и таксисти и пренесува како македонските граѓани не треба да се однесуваат кон странските туристи.
Не дозволувајте вака да ја претставите Македонија, е пораката на крајот од секој рекламен спот кој порачува дека добрите домаќини ќе го подобрат туризмот.
Словенечките медиуми пишуваат дека ваквиот начин на промоција на Македонија преку хумористични спотови треба да биде пример и другите земји од регионот да го практикуваат тоа.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/71428-Video-Slovenecki-voditel-go-promovira-makedonskiot-turizam
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Ако,ако,супер се,треба на простачиштава во нашава држава да им се покаже сликовито како стојат работите,кога сме дупка на Балканот,изгледа тие што ви сметаат клиповиве се пронајдовте во нив,а незнам како заклучивте дека е исмевање на Стив Ирвин,никој не прави шега за него,напротив,изгледа како он да ги измејува нашите глупости,а и така е.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
А зошто одат во Грција странците тогаш, после случувањата минативе две години? Видоа видеа како Грците палат град, кршат, тепаат, прочитаа дека земјата пропаѓа, дека има нереди, па на раб на граѓанска војна беа...
Зошто Грците имаат фул сезона?
таму има нереди, ама никаде нема претставено однос кон турист во нередите, а и е ЕУ (сеуште) па каква таква туристите гледаат сигурност во тоа што ќе појдат ...
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Со таксистите и келнерите е стандард слика. Келнерот секогаш е извор на негативизам и како што вика во рекламата “Природен непријател му се гостите“. Не само во охрид, туку општо низ сите градови низ македонија. Земете го за пример ПРИЛЕП кој бил, знае што начекал од келнерајот, кафето да може ќе ти го плесне в лице оти си му пошол на негова територија. Сепак ги обвинувам тука газдите кои ги ставаат на работа без никаква обука и надлежност а тие истите, ја начекуваат таа луфта па веднаш господарат со локалот.

Таксистот е подвижна временска прогноза, најинформираниот новинар и човекот со идеи како треба да биде. Обично имаат некоја историја за работење по странство или настегано милиони, ама работи како таксист од занимација. Интересни приказни.

Баш ги поштувам рекламиве, али не сите, некаде ептен се брукаат самите себе си. Можеле и малце на друг начин да ги направат. Најкатастрофа е “Тренинг центарот за туристи“. Вика “Светот не може да се прилагоди на нас, туку ние на него. ГРЕШКА ГОЛЕМА.
Дали кога турист ќе појде во ДУБАИ, истовремено му отвораат таен стриптиз бар под пустината сместен, и го нудат со алкохол, или пак туристот се прилагодува на нивните правила и ужива во културата што ја нудат Арапите? Исто, во македонија балканската музика е наша традиција , така да ако мислат оти не треба да се свири балканска туку рапери да им наредиме по кафаните, гадно се зезнале. БАШ туристите се прилагодуваат на нас и идат во македонија заради култура традиција и ред останати работи. Доколку би биле исти како другите земји што мајка би иделе кај нас? Дефинитивно утка во рекламата е тоа видео.
Одлични поенти. Браво!
--- надополнето: 18 мај 2012 во 22:35 ---

АНТИКАмпања!

Владата на Република Македонија стана конкурент на К-15 продукција, евидетирајќи ги состојбите.
Сите сме свесни за состојбите, за нашиот лош наследен менталитет, за ниските етички и морални карактеристики на нашиот човек.
Владата е избрна за да најде суптилни и ефикасни начини овој менталитет да почне да се менува на подобро.
А што се постигнува со сите овие кампањи? Кому му се обраќаат овие кампањи? Очекуваат веќе (погрешно)изградени луѓе да почнат да работат над себе и да го менуваат своето однесување само поради тоа што виделе спот со сентиментално обраќање, каде што нивното однесување се исмева?
Па тие луѓе не се ендемски видови - сите ние сме тие луѓе, повеќето од нас така се однесуваат.
Секој од нас се нашол во ситуација во која сфатил дека тоа однесување не е добро, но нема начини, нема инструменти тоа да се смени.
На пример: некој токмак дозволил во станбена зграда да има локал за забава кој работи ноќе, друг токмак кој работи во полиција не интервенира кога ќе пријавиш.
И како тоа ова било кампања за подобар туризам? Па ова е антиреклама. Ова е невидена креативна глупост. Очекуваните позитивни ефекти нема да се постигнат баш поради карактеристиките на нашиот менталитет.
Негативните ефекти можеме да ги очекуваме во најскоро време.
Навистина АНТИКАмпања на епохата.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Фактот што рекламите за еден ден ги отвориле повеќе од 100 илјади гледачи згора на тоа како никогаш досега на овој подфорум се изпишани 6 страни за еден ден доволно говори за успехот на проектот.
Јас пораката сосема ја разбирам и имам храброст да се погледнам во огледало , затоа не ми пречи овој вид на кампања.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Каков ефект? Ако мислиш на виралност на интернет и смеење со нашите недостатоци. Да, ќе има.
Ама ако за ефект се предвидени сменување на навики, менталитет, не се постигнува тоа само со реклами. Да, широко медиумско покривање е еден од начините, ама не и единствен. Треба и други мерки.
На пример, зошто во 3 на утро има свирки? Зашто на уличните музичари тоа им е единствен извор за егзистенција, тогаш има пијани кои сакаат да платат, зошто музичарите сами од себе би се откажале од парите за да го подигнат реномето на земјата?
Или зошто кафичите пуштаат гласна музика во 3 наутро, затоа што гостите сакаат таква музика. Сами по себе заради морал и етика нема да се откажат од профитот за да се зголеми реномето на земјата.
Ако целта на рекламата била да се зголеми свесноста, моралот и етиката кај овие групи, тогаш пристапот со потсмевање, навредување и иронично давање решенија е погрешен.
Треба да им се понуди позитивен пристап, каде лично, а не преку реклами ќе се понудат обуки, или со било какви конструктивни решенија да се обидеме да се решат проблемите. Или друг, авторитативен пристап, каде со казни за непочитување на правилата ќе се решеваат проблемите.
Имаме казни за некои од погорните проблеми, ама немаме конструктивни решенија за проблемите кои не подлежат на казни.
На пример за проблемот што соопствениците на пансиони не зборувале англиски, рекламата се исмева со нив, а позитивен пристап би било бесплатни курсеви за јазик.
Или за проблемот со келнерите што им требало 20 мин да донесат кафе, кај повеќето тоа е заради презафатеност. Позитивен пристап би било да се намалат даноците за вработување келнери, на пример.
Одлично размислување
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Steve Irwin беше водител на емисии за животни, значи со тоа сакаат да ни порачаат дека во МКД живеат животни и тоа опасни(крокодили).
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
таму има нереди, ама никаде нема претставено однос кон турист во нередите, а и е ЕУ (сеуште) па каква таква туристите гледаат сигурност во тоа што ќе појдат ...
Не ти е на место изговорот. Во Македонија има не така услужливи домаќини (според рекламиве) а во Грција гори.
Не зезај ;)
--- надополнето: 19 мај 2012 во 01:25 ---
Ако мислиш дека некаде твоите пари вредат повеќе,слободно можеш да идиш и никој не ти брани. Ти изгледа од преголемиот нарцисоизам не успевашѓ да прочиташ ниту еден мој пост правилно, и секогаш имаш реплика во стилот “Не се понижувам за тоа“. Твоите 250 денари што ќе ги дадеш има искри од газот да фрлаш кога ќе кењаш во полско ве-це и ќе делиш куња/бања со други туристи меѓу кои и газдите ќе ги начекаш чат пат и има да го почитуваш редот. А ако сакаш да си имаш вода во секое време, своја бања/нужник и останати простории ќе си се нацрташ фино лепо 500 и повеќе денари од ден и сите задоволства ќе ти бидат пружани. Не за џабе некој има повисока цена, некој пониска, зависно од условите што ги нуди. И да, секоја година идам кај иста газдарица, 250 денари за мене има спуштено цена, и никогаш не разговарам околу цената, условите горе долу се исти ,сопствено купатило, куња заедничка, болјер 2 пати дневно имам топла вода гарантирано. И да сакам, не можам повеќе од 2 пати денот да се туширам, го препуштам на земјоделците.
Ало, дали ти воопшто знаеш што зборуваш?!
Плаќав 1200 денари на ден, а не 200, тоа се по 600 денари од човек, и за 600 денари не добив на пристојно легло!!
Охриѓанец, се пронајде ти во клиповите, тоа што не знаете како со туристи ваш проблем. Затоа некогашните рибарски села во Грција ќе ви ја крадат работата, а Охрид е барем сто пати поубав град од една мочана Паралиа.
Ама сами си го правите ова, никој друг.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Секоја чест смрдсомвци, никад не ве имало во олкава бројка способни да ракувате со компјутер...алелуја, long live the branko
 
V

Vollstandig

Гостин
Ало, дали ти воопшто знаеш што зборуваш?!
Плаќав 1200 денари на ден, а не 200, тоа се по 600 денари од човек, и за 600 денари не добив на пристојно легло!!
Охриѓанец, се пронајде ти во клиповите, тоа што не знаете како со туристи ваш проблем. Затоа некогашните рибарски села во Грција ќе ви ја крадат работата, а Охрид е барем сто пати поубав град од една мочана Паралиа.
Ама сами си го правите ова, никој друг.
Не сум охриѓанец, ниту издавам соби во охрид. И јас одам како турист, ама да платиш 1200 денари и да ја добиеш таа услуга што ја спомна погоре, треба да имаш траен дефект во умот и крајна неодговорност кон парите. Ако ти ги цениш твоите пари, ќе знаеш дека не се ценат како бројна вредност туку служат за замена ти даваш пари а добиваш услуга. И пред време таа услуга кога веќе си се нацртала да платиш 1200 денари, зошто не ја побара? Или со тие пари не се смести во хотел? Ќе добиеше пристоен пансион. 1200 денари да платиш од ден за двајца треба да имаш и лична слугинка. И заеби го муабетот “Не знаете со туристи“, што мислиш ако некој се роди во охрид, во гените му се впишува да нема поим со туристи? Грција или кај и да спомна друго место нема да начекаш лоша услуга? Ептен почна да ја претеруваш со некои изговори, кога веќе се нафаќаш да платиш 600 денари за соба, наспроти 300, едноставно ги бараш условите или си заминуваш при првиот незадоволен израз од страна на газдарицата кога си ги бараш условите што ти ги ветила. Незнам што има тука нејасно? КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА,СЕГДЕ ИСТОТО ПРАВИЛО ВАЖИ. Мене ми е подобро да одам некаде за 300 денари со поограничени услови наспроти да пребарувам и од пиле млеко. И онака, повеќе од пола ден го трошам на плажа, по паркови, кафичи додека станот го користам за да има место кај да преспијам и да се истуширам еднаш дневно.
 
Се би било фино, да не уплатев однапред. За нели, да не снема место, во сред Јули. Сликите од огласот, врска немаа со тоа што го добив.
Во Грција и Црна Гора сум била и сама не знам колку пати, посебно Грција, еднаш лоша услуга не сум имала. Моето искуство е такво.
И мене не ми е подобро да одам било каде за во смрдливи услови да седам, се што било наведено, сум го платила зошто сум сметала за потребно, а тоа ти што го правиш, не значи и дека мора за сите да биде добро.
Познавам луѓе кои одат по кампови по 25 дена, па јас нема да одам, затоа што се згрозувам од помислата да делам со некого ВЦ. Ах, да, заборавив да споменам - ВЦто го делевме со уште едни, од др. соба, иако ни беше кажано дека имаме сопствено ВЦ.
Прв пат бев во нечиј стан, односно изнајмив соба, хотелот во кој 3-4 пати предходно бев, не ми си исплати, затоа што не јадам месо, а секоја храна ја приготвуваат со месо. А мора да уплатиш минимум полупансион, не можеш сам да си направиш храна.
 
Реков и пак ќе ти речам. Со парите што ги имаш, можеш да бираш што ќе добиеш, освен на комар.
Незнам по која логика, идиш на пазар3 и други огласи и бараш соби и резервираш. Тоа ти е исто како да фрлиш јадица во езеро и да фаќаш риби со надеж дека златната рипка (богат човек) ќе се фати. Секогаш очи-во-очи пазарењето се исплати најмногу според мои досегашни а и туѓи искуства.И една причина плус зошто го мразам онлајн купувањето:)
Следниот пат ако одиш охрид, искористија твојата арогантност, овој пат во живо, и после слегувањето од автобус, верувај неколку десетици газди на соби ќе ти натрчаат до тебе. Можеш да ги бираш по:
-Убавина
-Изглед
-Хороскопски знак
-акцент
-Цена
-и многу други работи што ќе ти паднат на памет.

Никој од нив не бара уплаќање пари унапред, освен ден за ден и да си кажиш колку дена остануваш.Сите ќе ти нудат смештај “на 10 минути од автобуска“ али тоа важи и за цел град, така да иди на варијантата - што нуди а не колку е оддалечено, и онака плажите се со километри оддалечени од градот.
 
Не го најдов огласот на Пазар3. Не е важно каде го најдов.
Важно е дека повеќе не одам во Охрид кај никого, како што кажав, за парите што ќе ги потрошам таму, можам на др. место подобро да си поминам.
И не се само газдите, туку и самата услуга. Немам намера да се ценкам со таксисти (како да немаат таксиметар мочан), ниту да се објаснувам со келнери.
Повеќе од еднаш сум разочарана од услугата во Охрид (ова искуство е само последното), и веќе 4та година по ред немам намера да одам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom