Не сум личност за врска?

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Хааааа Стари ергени ;) нема да остане некој стар ерген ако над 26 год размислува да се жени.Да ти казам не е финта само да се ожениш и после децата за леб да ти трпат треба да завршиш факс па едно 2 год раб искуство па да се жениш зошто треба животот да ти биде среден па да размислуваш за брак
Hence, драга, зошто реков имаме стари ергени, само што ми ја потврди мојава теза :). Касно им текнува за сериозни врски, уште покасно за брак, уште покасно дека за брак се потребни плејада услови да се задоволени, и ептен касно дека истите услови не ги обезбедила државата (впрочем, ги лимитира или спречува).
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да ги чују ваши ставови и дали мислите дека само треба да се најде права особа или едноставно ако е некој так'в не може да се смени? :)
Oвија д'ншњи мушки с'с воду правени мислив дека ако кажев Ја не сам за врску, пошто сам јебо и стварно су тој, а после неко време к'д ќе ги видиш с'с женску уствари сфаќаш дека само су се закопале у сопствени го*на.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Сакаше да ви ги виду ставови на овуј тему зашто осеќам дека сам таква едноставно.
Ипак фала ви за добронамерни жеље ја не кажа дека сакам озбиљну врску не дал Господ :pos: моја фриииидом
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:45 ---
Oвија д'ншњи мушки с'с воду правени мислив дека ако кажев Ја не сам за врску, пошто сам јебо и стварно су тој, а после неко време к'д ќе ги видиш с'с женску уствари сфаќаш дека само су се закопале у сопствени го*на.
Иначе да сви сс тј став се ударав у груди страшно еј ја да фату девојку за озбиљноо :O
После наиде некоја па не погледнуе другу класика.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.519
Поени од реакции
33.697
Toa deka ne si nasla nekoj dovolno dobar za tebe, ubava na majka.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Обично кога некој вика “јас не сум за врска“, во суштина сака да каже “јас не сум за врска... со тебе.“

Едноставна логика.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Обично кога некој вика “јас не сум за врска“, во суштина сака да каже “јас не сум за врска... со тебе.“

Едноставна логика.
Ги има некој кој не бараат врска, нити блискост.
Чисто кратка забава и прекинување.

Не сакаат да се приврзуваат со луѓе. Ги(не) има.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.742
Поени од реакции
9.866
Oвија д'ншњи мушки с'с воду правени мислив дека ако кажев Ја не сам за врску, пошто сам јебо и стварно су тој, а после неко време к'д ќе ги видиш с'с женску уствари сфаќаш дека само су се закопале у сопствени го*на.
Од куде знаеш мари ти кумановски ? :cautious:
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Можеш да речеш дека не си личност која сака или не сака врски откако ке пробаш да бидеш во врска. Ако си во врска, ке сфатиш дали така ти е подобро или те гуши.
Ако после неколку пати излегување со некој, ви рече дека не е личност за врски, сака да ви каже, онака нежно, дека не му се свиѓате. Кажете фала и чао. Да не ве чуди примерот од погоре, нејќел женска и после оп, со некоја за рака.
Исто така чудни сте ми со ова, сериозна врска по 25 години претходно не. Еве да речеме си фаќате дечко/девојка на 22. Одите 3 месеци , супер ви е, ама му викате...знаеш шо, супер си ти ама ке ти раскинам оти ми е многу глупо на 22 да бидам у сериозна врска. Сметам дека е најдобро да го трошам времето со идиот/ки оти рано ми е да го трошам со златна личност која ми прави убаво. Или сум глупа или сум плавуша ако го направам ова.
Иначе, и мене ми рекле дека не сакаат врски. Едниот не вредеше толку да се трудам за да му покажам дека можам да го направам среќен, другиот вредеше. Виде дека може да биде у врска во која може да биде задоволен и слободен истовремено.
Затоа, наравоучение, ако ви речат дека не се луѓе за у врска, сакаат да ви кажат само дека не им се допаѓате толку во моментот за да ги откачат останатите. Ако вредат, покажете им колку ви значат и дека сте подобри од другите.
Јас не верувам во тоа дека има лица кои не сакаат врски. Ние по дефиниција сме социјални суштества и сакаме да го делиме животот со други. Само ако веќе имаме парнтер, го бираме оној кој ни носи повеке задоволство во животот и помалку ни смета.
Јас не можам да замислам некој да не сака на некој да му каже навечер дека го сака, ноќе да го гушка, насабајле да пие кафе и да оди на вечера. Не ги сфаќам тие луѓе.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ги има некој кој не бараат врска, нити блискост.
Чисто кратка забава и прекинување.

Не сакаат да се приврзуваат со луѓе. Ги(не) има.
Исклучоците не ги прават правилата.
Зборував чисто од моја гледна точка и искуство.

Кога некој ќе каже “Ти си супер, ама не сум за врска“, најчесто значи, “ти не си правата личност за мене“.
Тоа е тоа.
Така функционира животот.
Секој од нас кога ќе начека некоја супер личност со која ни е убаво, ќе прифатиме истата да биде дел од нашиот живот. А кога не ја осеќаме таа енергија, најчесто правиме изговори...

Има периоди кога не сака човек да е во врска, на секого му се има тоа случено, ама не верувам дека постојат луѓе кои не се за врска. Сите сме створени за врски. Правиме врски во текот на целиот живот. Со пријатели, со луѓе околу нас, фамилија. Љубовната врска не е ништо поразлично од останатите врски кои ги правиме.
Исто е ко на некој да му кажеш “не сум тип за пријателство“. Ретки се тие случаеви, да не кажам изолирани.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ги има некој кој не бараат врска, нити блискост.
Чисто кратка забава и прекинување.

Не сакаат да се приврзуваат со луѓе. Ги(не) има.
Тоа има психолошка позадина :). Луѓето не се такви во суштина.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Исклучоците не ги прават правилата.
Зборував чисто од моја гледна точка и искуство.

Кога некој ќе каже “Ти си супер, ама не сум за врска“, најчесто значи, “ти не си правата личност за мене“.
Тоа е тоа.
Така функционира животот.
Секој од нас кога ќе начека некоја супер личност со која ни е убаво, ќе прифатиме истата да биде дел од нашиот живот. А кога не ја осеќаме таа енергија, најчесто правиме изговори...

Има периоди кога не сака човек да е во врска, на секого му се има тоа случено, ама не верувам дека постојат луѓе кои не се за врска. Сите сме створени за врски. Правиме врски во текот на целиот живот. Со пријатели, со луѓе околу нас, фамилија. Љубовната врска не е ништо поразлично од останатите врски кои ги правиме.
Исто е ко на некој да му кажеш “не сум тип за пријателство“. Ретки се тие случаеви, да не кажам изолирани.

Мислу дека не можеш да кажеш дека пријатељска и љубавна врска су исто.Мислу ја не се слажам сс тој.Ја за другари мои руку ке даду и мноого ке ми е боље ако на пример сс тога човека сам прво другар да се зближимо и да не осету како ке прерасне тој.Не може да биде иста врска.
 
Во глобала, сте во право, меѓутоа не се толку ретки.
Јас имам куп пријатели кои биле во долга врска, и после истата веќе никогаш не бараат врска. Тоа ме вклучува и мене.
Едниот тип на луѓе иде од врска во врска, другиот тип завршува при прв контакт на блискост со една особа и почнува со друга.

Се сложувам со Шкорпион, дека има психолошка позадина, ама е прилично честа последица и затоа не би ја нарекол баш ретка.
Има солидни шанси авторот на темата да има сретнато особа која едноставно, не сака блискост.

Редок случај е, ама има личности вклучувајќи и една моја познаничка, која врската ја сметаат како знак на слабост. Мислат дека ако влезат во врска покажуваат слабост, вака се слободни и независни (!?).

Тоа би се сложил дека е исклучок.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислу дека не можеш да кажеш дека пријатељска и љубавна врска су исто.Мислу ја не се слажам сс тој.Ја за другари мои руку ке даду и мноого ке ми е боље ако на пример сс тога човека сам прво другар да се зближимо и да не осету како ке прерасне тој.Не може да биде иста врска.
Не е исто де пријателство и љубов. Ама и љубовта е врска која ја оформуваш исто како и останатите. И пријателството е врска, фамилијата е врска. Се се тоа врски, само што се различен тип на врски.
Во љубовта секогаш има и пријателство. Личноста која е во центарот на твојата љубов во исто време е и твој пријател, затоа што можеш да му/и кажеш се, да ја добиеш неговата/нејзина поддршка. Во љубовта мора да има пријателство плус.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom